
Грбот на Македонија, изработен 1340, Фојница, пред битките на Марица и Косово Поле
Никаде по светот не сум сам, ти си ми и пат и стан, се’ си ми ти, најверно другарување, мудра осаменост среде битни битки, кралице крунисана со сонце и месечина, убавино,
Царско мое постоење, вечност реална, прастара лоза на младоста, висино неразбрана.
Пролетни сокови лееш, со радост грееш, ружо насмеана, од Бога опеана – и од мене. Моја
Восхит, вино, опојна моја светлино, од секој извор течеш лек – од небо, од фаќел, од свеќа,
Моја среќа, моја зрела сласт портокалова, калинка алова, лимон кисел, меден ноќен зрак.
Саднице моја, сласт, пластеник од богатства, светот не те има, а се отима за тебе. Вистино моја, од земја до небо, покров твој ме штити, владетелке, пелин буен, лековит, а труен.
Земјо моја, бела, црна, румена, песок чист, карпа водена, најран морски бран, ти си лик и
Ум и знак на Егеј, Иран, Индија, Мис’р, Азија централна, хималајска, ледена, мајска, моја.
Долга ти е косата, од Волга до Вардар, од Охрид до снегови на Хунзите, космос ти се
Вегите, правдата им должи на мегите твои, а моето срце – на тебе, единствена, заштитена
Само од мене. Не ти се додворувам, од љубов распорувам срце, во него печат огнен, рана, а солзи, непресушена. Само ти љубов верна доиш, и по сите предавства и загуби, постоиш
Величествена, Македонијо сакана.
Кукубајска