Коментари

Стојаноска: Никој не е против изградба на коридорите 8 и 10д, ние сме против криминалот на Артан Груби кој е очигледен

1Dafina

1Dafina Дафина Стојаноска

Изјавата на Артан Груби дека оној кој ќе направи криминал за проекти како за коридорите ќе лежи во затвор доживотно, значи дека или глуми чесен или е изигрување со македонскиот народ, а тој е само синоним за лага и криминал, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во програмата на Македоснко радио, Радио Скопје.

Според Стојаноска тоа што го прави Груби кога станува збор за коридорите 8 и 10д е само персонализирање како само тој да е заслужен.

„И ние сме за коридорите, но сме против криминалот кој го прават лицата од власта. Не може Груби да си го персонализира проектот за изградба на коридорите. Па тој со неусвојување на измените на Законот за работни односи работната недела да се продолжи до 6о часа веќе има злоупотребено 53 милиони евра“, рече Стојаноска.

Пратеничката изрази чудење и за тоа како тоа Договорот е таен и зошто го немаат добиено пратениците кои имаат сертификат за доверливост.

„Се уште никому не му е јасно за каква тајна се работи кога станува збор за Договорот деловна, државна. Ние не ја напаѓаме фирмата, ги напаѓаме пропустите кои ги дозволила Владата како тоа во случај на спор да не важи македонското законодавство, туку англосаксонското право, зошто се продолжува работното време на 60 работни часа, можни се проблеми со експропријацијата, не се вклучени доволно наши фирми и тие самите реагираат и низа на други спорни моменти“, рече Стојаноска.  

Според Стојаноска никој не е против изградба на патишта.

„Ние сме против криминалот кој е очигледно дека се протнува и тоа по сите основи. Уште непочната реализацијата државата плаќа пенали. Бенефит од работата на коридорите има само Артан Груби и ДУИ. Или наши работници нема, наши фирми нема, оштетени се сите граѓани, ама Груби тера со криминалот и тој профитира на сметка на граѓаните“, вели Стојаноска.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top