Коментари

Власта на сила ќе ги турка уставните измени!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Уставните измени се услов за почеток на отварање на преговарачките кластери за влез на Македонија во ЕУ, односно се зависи од тоа дали Бугароте ќе бидат влезени во Уставот.

Меѓутоа, во Собранието на Македонија во моментот не постои двотретинско мнозинство за отворањето на Уставот. Имено дел од политичките партии кои се во собранието соопштија дека се против уставните измени. Сепак Владата предводена од СДС и ДУИ се обидува  на сила да ги протурка уставните измени.

За таа цел Владата комплетира помошно стручно тело на Министерството за правда кое од овој месец ќе работи на уставните измени. А во него ќе има преставници од коалицијата на власт: СДС, ДУИ, Алијанса на Албанците и другите помали партии во владеачката коалиција, како и по еден претставник од кабинетот на претседателот на државата, од Секретаријатот за европски прашања и од Министерството за надворешни работи.

Во ова стручно тело нема да има преставници од опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Тие како и експертската јавност и мнозинството на македонскиот народ се против влез на Бугарите во Уставот. Анализите покажуваат дека дури 80 проценти од етничките Македонци се против уставните измени. Меѓу нив се и голем дел од членството на СДС.

За раководството на СДС ваквите бројки се резултат на изманипулирана јавност, со лажни тврдења на опозицијата дека ќе се изгуби македонскиот идентитет. Меѓутоа, за разлика од челниците на СДС, експертите пак излегуваат со аргументирани факти со кои ја демантираат власта дека влегувањето на Бугарите во Уставот е само обична формалност.

Имено, со евентуалното вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, Македонија ќе стане држава и на бугарскиот народ од што ќе произлезат многу побарувања, без разлика на бројот на попишаните Бугари. Меѓудругото, тоа се барања за: право на образование на мајчин јазик, право на телевизиска програма на мајчин јазик, право за формирање на културна институција, вработување по квоти.

Со добивањето на ваквите права би се овозможило со средства на Македонците навлегување на бугарскиот јазик и култура, која го негира македонскиот народ. Односно, преку квотите за вработување на припадници на зедниците, многу т.н. Бугари би се вработиле  во македонските институции, од каде би го негирале постоењето на македонскиот народ. Еден ден, Бугарите преку Собранието на РМ, би го негирале македонскиот народ, неговиот јазик и култура. 

Со тек на време, ваквата политика би довела до самодеструкција, потиснување на македонскиот јазик и култура, односно до асимилација на македонскиот народ.

Оттука, се додека официјална Софија не го признае македонскиот народ, неговиот јазик и култура, не треба да се извршат уставни промени за да влезат Бугарите во Уставот на Македонија.  Не треба да не загрижува ЕУ, зошто во моментот не и сме приоритет. Ако и требаме на ЕУ, таа сама ќе не побара да станеме нејзина членка.

Доста македонскиот народ под притисок и лажни ветувања попушташе. Време е да се свртиме друг лист, да се свртиме кон самите себе, кон темелите поставени на Првото заседание на АСНОМ, и да ја средиме државата по вољата на мнозинскиот македонски народ. Не смееме повеќе да дозволиме малцинството да ја злоупотребува добрата воља на мнозинскиот македонски народ, не смееме повеќе да дозволиме заради соседите да ги исечеме корените на кои постоиме, не смееме да дозволиме да бидеме монета за поткусурување на соседите.

Власта ќе се обиде на сила да изврши уставни измени, како што досега тоа го правеше. Меѓутоа, за да се спречи исчезнувањето на македонскиот народ, Уставот треба да се одбрана. Тој не смее да да биде порта за влез на аспирациите на соседите.

Опозицијата предводена на ВМРО ДПМНЕ, заедно со народот мора со сите сретства да го спречат уставните измени, за да се спречат и сите посегања по македонската држава.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top