Коментари

Регионот стравува од „копикет“ ефектот!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства. Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград беа убиени осум деца и чувар, додека во близина на градот Младеновац беа убиени исто така осум, а ранети 13 лица. Масовните убиства кои се случија во краток период презвикаа шок и неверување не само во Србија, туку и во регионот. Стравот од „копикет“ ефект – копирање на злосторството се зголеми и се поставуваат прашања што можеме да направиме лично, како семејство, како општество.  

Со прифаќањето на западните вредности, покрај добрите почнаа да се копираат и лошите. Особено од тинејџерите кои не се ни деца ни возрасни, и на кои сешто може да им падне на памет. Вина за нивното насилно однесување е во домашното воспитување, образовниот систем, медиумите и општеството во целина, во кое поради трката за егзистенција децата се запоставени, оставени без љубов, воспитување и надзор.

Во човековата природа е способноста да учи од оние кои го опкружуваат, повторувајќи го нивното однесување. Со оглед дека родителите во борба за егистенција имаат се помалку време, врз нивните деца големо влијание имаат медиумите и социјалните мрежи. Едноставно разни антихерои присутни на медиумите стануваат образец на однесување, а сите деца немаат подеднакво разбирање дека е лошо да се изврши злочин.

Обично оние особи кои се чуствуваат инфериорно ги имитираат оние кои ги сметаат за супериорни. Ним им се восхитуваат и во нив гледаат пример за извршување на нови злочини. Инфериорните сакаат да станат славни како и нивните антихерои. Постојат и други прични, меѓу кои и освета кон општеството за болката која им ја нанело.   

Според експертите, меиумското известување може да инспирира други да извршат злочин, а оние кои не размислувале пак да ги потикнат да размислуваат. Врз основа на научните студии психолошкиот феномен „копикет“ ефектот во просек трае 13 дена. Забележано е дека секој трагичен настан, кога се работи за пукање во училиште и други образовни институции, потикнува најмалку 0.22 ниви инциденти.          

Регионот стравува од „копикет“ ефектот. И додека во Србија се преземаат мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, кај нас Министерството за образование и наука информира дека отвори eлектронска адреса 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
  преку која учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања.

Меѓутоа, за да бидат училиштата безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес, мора да се изврши не само итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, туку и да се преземат мерки со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

По повод 7 мај – Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на централната свеченост која се оддржа во Охрид, истакна дека полицијата „бележи најдобри резултати во последните 30 години, благодарение на кои Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот“.

Меѓутоа, коко може земјата да биде безбедна ако таа не така одамна им издаде повеќе од двеста пасоши на белосветски криминалци, како може да биде безбедна ако според проценките на експертите во земјата има 120-150 илјади парчиња огнено оружје, кое во најголем дел е останато по конфликтот во поранешните кризни региони.

Во 2003 година, две години по конфликтот во 2001 година, во земјата беше извршена жетва на нелегалното оружје. Тогаш беше доброволно предадено околу 7500 парчиња нелегално оружје. Со низа други акции собрано е дополнително нелегално оружје. Меѓутоа, и покрај сите напори на институциите нејголем дел од оружјето остана во рацете на населението, особено во поранешните кризни региони. Од сто Македонци секој петти има оружје.

Ова оружје преставува закана по населението. Многу несовесни луѓе го употребуваат на  разни прослави (роденденски прослави, свадби, победа на избори и т.н.), па имаме чести повреди од залутани куршуми.  Меѓутоа, најстрашно е што има луѓе кои за ситна провокација мафтаат со него и можат многу лесно да го употребат.

Поминаа повеќе од десет години, но сеуште се свежи сеќавањата од убиството на четирите млади лица на возраст од 18 до 21 година кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Иако тогаш имаше повеќе од еден извршител, денес стравот од „копикет“ ефект е реален.

Имено, големиот број нелегално огнено оружје кај населението во земјата, зачестените физички пресметки помеѓу учениците, потоа зачестеното малтрериње на поедини повлечени деца, заканите упатени преку социјалните мрежи, опоменуват од можноста за повторување на настаните од соседството. Со оглед на краткиот рок во кој се извршуваат повторувањата, потребни се итни мерки за намалување на ризиците и опасностите, особено по безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top