Коментари

Ламбе Арнаудов: ОРДЕНИТЕ ЗА ПРЕДАВСТВО ВЛЕЧАТ НАДОЛУ!

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Ордените кои се доделуваат за предавство секогаш имаат три интересни карактеристики заради кои битно се разликуваат од ордените за храброст, за чест и татковината.

Прво: Ордените за предавство се безусловно и секогаш ги добиваат луѓе кои во целости ги заслужиле и никако и од никој не можат да бидат оспорувани затоа што нивните злодела остануваат запаметени за вечни векови, лесно препознатливо и затоа “сјајот“ на нивните заслужени ордени никогаш не потемнуваат, за разлика од ордените за Храброст. Чудно, неразбирливо, неправедно но вистинито.

Второ: Ордените за предавство секогаш без исклучок, во име на народот, ги доделува непријателот заради што помогнале да си го уништат токму сопствениот народ.

Трето: Ордените за предавство влечат надолу, нормално кога тие еднаш ќе ви ги закачат нема симнување, за разлика од скромните вистински ордено-носители  кои неволно многу, многу ретко по желба на овие другиве кои слават победи, јубилеи и отвораат споменици, а во нив ниту учествувале, или не дај Боже било кога го ставиле својот живот на располагање на татковината. Едноставно ги повикуваат да им го покријат срамот и бедата, зошто предавството не може да се објасни.

Но, еве сега ретка прилика, историска шанса, секој во себе да го пронајде најдоброто, да го извлече од себе највредното, да го понуди и стави на располагање целото свое битие на татковината на која ѝ е потребна сенародна поддршка, кога ако не сега, и од кого ако не од сите нас.

Дојдете сите, постојаните, верните, но и колебливите, навредените и наградените, обесправените и неправедните, вие со ордените  за предавство на градите што ве влечат надолу за да се исправите, вистинските родољуби и патриоти, но и вие чекачите, сидрашите, борци засолнати во сигурни заседи, дојдете сите да бидеме заедно, и првите и тие кои дошле подоцна, но и последните, сите еднакви и исто заслужни да и се заветиме на нашата татковина МАКЕДОНИЈА: Еве тука сме, сите заедно синови и ќерки, чеда твои, покорно да побараме прошка за нашите гревови кон ТЕБЕ ТАТКОВИНО, како грешни деца према своите грижни родители.

МАКЕДОНИЈА е мајка на сите мајки, тешко поднесува од сопствено чедо кое го откорнала од своето тело и не може да се помири грозни хиени и мршојадци да го кинат и распарчуваат, и да ја глодаат нејзината вита става гордо исправена и со бистар поглед во иднината, од убавина да направат делови и остатоци од некој многу дамнешен совршен мозаик закопан под земја.

За кога ќе се отвори некогаш во иднина, други народи да го разграбуваат и посвојуваат.

Дојдете! Кога ве вика татковината да не дојдеш е исто како кога  мајка ти бара чаша вода, а тебе те нема.

Како што реков голема МАЈКА е МАКЕДОНИЈА, има безброј ќерки и синови, нема да остане ни гола ни боса, ни гладна ни жедна, ниту нападната ниту неодбранета. Ама мајка е таа подеднакво ги сака сите свои деца и подеднакво се радува на секој дар што го заслужува од нив.

Мајчинското чувство е неверојатно. Знае да претскаже кој ќе и се придружи во нејзините недра, но уште подобро ги препознава своите малубројни грешни чеда. Токму ними ги повикува да не останат осамени. Осаменоста е најтежок занает, мајката тоа најдобро го знае.

Особено последниве години иако нашата мајка на сите мајки многу често и од многумина беше оставена сама осамена НЕ нé  прекори, не се пожали но и не се предаде. Со личен пример во вековниот опстој свој, молчешкум громко ни порача: Биолошката мајка е незаменлива, ама таа љубов, ама таа љубов непреболена за нејзините деца. Македонија мајка е непребол за сите деца нејни и затоа никогаш не умира оти ќе остави многу сирачиња.

Денес, некој ми рече: Македонецот од внатре се подјадува и секој е непријател на секого и затоа е лесен плен.

Погрешно, апсолутно погрешно.

Тешко на оној противник кој спроти себе го има МАКЕДОНЕЦОТ за непријател.

На крај една благородна опомена.

Не се будалеете вие неколкумина кои сте се навикнале со блатење, клеветења, навреди, инсинуации и непристојности да бидете повикани ама, како платеници за да се смирите и со одредена привилегија да замолчете. Тоа кај ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ова ВМРО-ДПМНЕ не поминува. Нашиот лидер не поднесува да ја навредуваш, да го кодошиш и да го обесчестуваш ВМРО-ДПМНЕ .

Имате и вие најгрешните прилика да се придружите – безусловно, христијански со покајание и проштевање, никако поинаку.

Та сте дошле, да за навек таму сте останале, исто ни е.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top