Коментари

КИРИЛ ИВАНОВ: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНСКИ ПРАВДИНИ ВО ПОРОБЕНИОТ ПИРИНСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

1dons

1dons Александар ДОНСКИ

Македонците никогаш не биле Бугари. Првиот бугарски хан Кубрат и неговиот син хан Аспарух (кои денес ги слават како „крвни предци“ на денешните Бугари) припаѓале на жолтата раса. Хан Аспарух никогаш немал ни стапнато во Македонија, неговите Бугари никогаш не се населиле во Македонија, а хан Кубрат немал стапнато ни во Европа. Па како можеме ние Македонците да бидеме нивни „потомци“ кога ние припаѓаме на белата раса (со почит кон сите раси на светот) и кога се знае дека Бугарите од Азија никогаш масовно не се населиле во Македонија? Исто е и со денешните жители на Бугарија. Наместо да се гордеат со своето славно тракиско и словенско потекло, тие се гордеат со името „Бугари“ со кои немаат речиси никаква етно-културна врска. Но, тоа е нивни проблем.

Вистината дека Македонците никогаш не биле Бугари нашите сонародници во Пиринска Македонија скапо ја плаќале и се уште ја плаќаат – со закани, затвори, уцени и други малтретирања, но сепак не попуштаат пред сите овие притисоци и на разни начини го манифестираат својот отпор кон присилната бугаризација.

Еден од овие современи македонски херои е и Кирил Иванов – брат на Јордан Костадинов – познатиот борец за човекови права на Македонците и страдалник по бугарските комунистички затвори.

И Кирил и Јордан и голем број други наши сонародници дејствувале во најтешкиот период за Македонците во Пиринска Македонија, а тоа е времето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков, чиј режим им нанесе многу зла не само на Македонците, туку и на Бугарите. Во овој црн период отпорот на Кирил и на неговите соборци се состоел од активности во зачувувањето на македонската национална свест среде нашиот народ во Пиринска Македонија, во прибирање малку познати и криени (од бугарската јавност) историски податоци за историската самобитност на Македонците, зачувување (во форма на записи) на македонското фолклорно богатство од постари луѓе и сл.

Во 1961 година Кирил бил еден од основачите на илегална македонска организација наречена ВМРО, а подоцна соработувал со брат му Јордан, кој  е уапсен и затворен.

Колку бизарен бил комунистичкиот (во голема степен и нацистички) режим, според кој, освен Бугари, наводно „немало“ други народи во Бугарија, најдобро се гледа по судбината на Кирил Иванов, кога неговата сопруга Трендафила (закоравена бугарска шовинистка – типичен производ на пропагандата на Живков), по честите кавги со Кирил околу националноста на Македонците, била таа која го пријавила во милиција како „македонски националист“. Врз основа на нејзината пријава, за Кирил било отворено досие во Службата на државна безбедност, кое редовно било  надополнувано со извештаи од шпионите кои биле уфрлувани во неговиот живот.

За време на апсењето и затворањето на неговиот брат Јордан и неговиот соборец Кирил Панчев, и во домот на Кирил Иванов милицијата извршила претрес и му одзела вредни собрани материјали. Подоцна и неговата втора сопруга го шпионирала во милицијата. Сепак и покрај тоа тој не само што и натаму јавно зборувал дека никој не може да го разубеди дена не е Македонец, туку и завршил факултет за ветерина и на работното место покажал завидни резултати.

По падот на комунизмот во Бугарија, Кирил активно се вклучува во активностите на македонските организации, што подетално го опишува ви својата автобиографија, која исто како и неговите статии, е пишувана на пиринскиот дијалект.

Ги повикуваме сите Македонци и Македонки и пријатели на Македонија да ја набават и прочитаат оваа возбудлива и интересна книга која сведочи за борбата на нашиот народ во Пиринска Македонија овој пат олицетворена преку македонскиот херој Кирил Иванов. За информации околу набавка на книгата (која има 120 страници А5 формат) пишете на е-маил на Александар Донски:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
од каде можете да воспоставите контакт и со самиот автор.

1kirui1

 1kirui12

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top