Коментари

Македонија од секогаш била јаболко на раздорот

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Со ваква Влада тешко е да се направат прогнози, особено кога се однесува на иднината на Македонија.

Политичката елита е во секојдневна комуникација со т.н. стратешките партнери и постојано се додворува за да зачува својата коруптивна позиција во општеството. Власта со својата сервилност и послушност без да внимава што се подготвува во кујните на големите сили, го прекршува Уставот и законите заради повисоките геостратешки интереси, неводејќи сметка дека со ваквата политика земјата еден ден ќе исчезне, ќе биде проголтана од соседите.

Македонија од секогаш била јаболко на раздорот и монета за поткусурување.

Со Санстефанскиот договор склучен помеѓу Руското царство и Отоманската империја, на крајот од Руско-турската војна на 3 март 1878 година, додека другите држави на Балканот, како Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија се прошируваат, најголем дел од територијата на Македонија влегол во состав на Санстефанска Бугарија.

Европските големи сили Авструнгарија, Британија и Франција, незадоволни од Санстефанскиот договор, со цел да се спречи руското влијание на Балканот, под закана на војна го иницирале Берлинскиот конгрес. На Конгресот одржан во Барлин од 13 јуни до 13 јули 1878 година, а на кој не учествувала Бугарија, била узвршена ревизија на Санстефанскиот договор. Било одлучено териториите на Македонија и Одринска Тракија да и бидат вратени на Отоманското Царство, Источна Румелија со статус на автономна област да остане под турска власт, а Бугарија трипати намалена да има статус на вазално кнежество.

Големите европски сили никогаш немаа слух за желбите на македонскиот народ и неговото мото „Македонија на Македонците“, кое за првпат се сретнува во протоколарното решение на Привремената влада на Македонија – Единство од 21 мај 1880 година, две години по Санстефанскиот договор и Берлинскиот конгрес.

Желбата на Македонците не се почитувало ни за време на Балканските војни 1912 и 1913 година, ниту на Букурешкиот мировен договор склучен на 10 август 1913 година помеѓу Румунија, Србија, Црна Гора и Грција, од една страна, и Бугарија, од друга. Со овој договор територијата на Македонија била поделена.

Србија ја добила Вардарска Македонија, Грција Егескиот дел на Македонија, а Бугарија го добила Пиринскиот дел од Македонија.

Европските сили немаат милост за Македонците ни за време на Првата светска војна (1914 – 1918), иако низ неговата територија се протегал Солунскиот фронт, попознат како Македонски фронт.

Во оваа војна, со цел да го оствари Санстефанскиот сон, Бугарија се приклучи на Германија и Австроунгарија. Како поразена страна, со Нејскиот мировен договор од 27.11.1919 година, на Бугарија и беа одземени териториите кои ги окупира за време на Првата светска војна и некои од тероториите кои ги имаше добиено со Букурешкиот мировен договор.  

Во Втората светска војна (1939 – 1945), Бугарија повторно застана на погрешната страна и влезе во сојуз со силите на Оската.

Во април 1941 година, бугарските воени сили окупирале со германска согласност делови од кралствата на Грција и Југославија, односно делови од територијата на Македонија, врз основа на Санстефанскиот договор од 1878 година. Меѓутоа одбиле да се вклучат во војната против Советскиот Сојуз, која започнала на 22 јуни 1941 година и на 13 декември 1941 година им објавиле војна на Обединетото Кралство и САД.

Во текот на војната, како сојузник на нацистичка Германија, Бугарија учествувала во холокаустот, придонесувајќи за смртта на 11.343 Евреи (7,144 само од територијата на денешна Македонија). Иако 48.000 Евреи од Бугарија ја преживеаја војната тие беа подложени на насилна внатрешна депортација, конфискација на имот и дискриминација.

Од пепелот на Втората светска војна како феникс се издигна македонската држава. единствена која самостојно се ослободи. На 2 август 1944 година беше одржано Првото заседание на АСНОМ на кое, врз коските на повеќе од 25.000 загинати борци и жртви, и врз мотото „Македонија на Македонците“ беа поставени темелите на македонската држава.

Денес, по повеќе од седум децении темелите на таа држава се поткопани.

Воочувајќи внатрешна слабост, корумпираност на политичката елите и несоодветен капацитет за одбрана на националните интереси, големите сили повторно размислуваат заради своите геостратешки интереси Македонија да ја  употребат како монета за поткусурување. Односно да ги задоволат апетитите на оние кои веќе еднаш учествуваа во поделбата на Македонија.

Промената на името, заради ветување дека ќе започнеме преговори за членство во ЕУ, покажа дека Брисел лаже и нема намера да го исполни ветеното. Всушност со помош на Бугарија и разни условувања не‘ држи настрана се додека не исчезне македонското име, а со тоа и македонската држава.

Од дфруга страна, во разградувањето на земјата наголемо учествуваат домашните марионети, петтоколонашите, кои за да ги задоволат своите спонзори, секојдневно ги поткупаваат темелите од внатре. Така по името, сега се распродаваат историјата, јазикот и културата.

Ни малку не е случајно барањето за промена на Уставот и покрај Бугарите да влезат Егејците и Торбешите. Иако за Егејците беше речено дека е лапсус, тоа е уште еден пробен балон, со кој се сака да се рабие македонското етничко ткиво.  Откако Македоците ќе станат малцинство во државата или откако ќе исчезнат, тогаш ќе биде лесно и со територијата.

За да се спречи распадот на државата, Македонците  мора да се обединат и да да ги отстранат сите предавници.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top