Коментари

Дали фашизмот навистина е победен?

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Секоја година на 9 мај во Европа се слави Денот на победата на фашизмот. Меѓутоа, иако поминаа речиси осум децении од потпишувањето на безусловна капитулацијат на нацистичка Германија и завршувањето на Втората светска војна на тлото на Европа, духот на фашизмот сеуште е жив, а Брисел сето тоа го толерира.

Во последните години зачестена е глорификацијата на Хитлер и неговите соработници во повеќе земји на Европа. Книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ се продава во огромни тиражи, а следбениците користат фашистички симболи, тетовираат свастики и употребуваат нацистички поздрав.

На почетокот на минатата година во Европскиот парламент Ангел Џамбазки по неговото обраќање за време на седницата ја крена десната рака во знак на нацистички поздрав, што предизвика бес на дебатата за владеењето на правото во Полска и Унгарија. Меѓутоа, иако нацистичкото салутирање преставува сериозно дело, тој беше казнет само со одземање на шест дневници. Истата година, Европската комисија наместо остро да реагира, го премолча и присуството на бугарскиот државен врв во Битола на отварањето на бугарски културен клуб „Ванчо Михајлов“, докажан соработник на фашистичка Германија.

Толератниот однос на Брисел кон своите земји членки каде се величат соработници на Хитлер го отвара прашањето дали фашизмот навистина е победен или повторно јава во Европа.

Седумдесет години по смртта на Адолф Хитлер, неговото дело „Мајн Кампф“ стана јавна сопственост и дополнето со коментари, критики и анализи, во милионски тираж слободно се печати и продава ширум светот. Истовремено во јавноста се пуштаат говори на Хитлер. Така на пример, негов говор бил пуштен во меѓуградски воз во Австрија, а од звучниците се слушал и звукот на толпата која извикувала „Хајл Хитлер“ и „Зиг Хајл“.

Во последно време постојат повеќе инциденти кои покажуваат дека фашизмот не е победен.

Едноставно, неонацистите не се кријат. Тие стануваат се погласни, а иконографијата на Третиот рајх може да се купи речиси легално ширум светот. Во мај 2018 година, тетоважи со свастика и фашистички симболи на усташите можеа да се видат на комеморацијата во Блајбург каде во организација на Хрватска бискупска конференција и присуство на над 10.000 луѓе им се одаваше почит на стреланите припадници на усташката војска.  Според многумина критичари ова бил „најголем фашистички собир во Европа“, но ниту Австрија, ниту ЕУ не реагираше.

Денес, најголем отпор на Руската специјална воена операција во Украина им даваат припадниците на армијата на Украина, кои се следбеници на Степан Бандера, соработник на нацистите. Меѓутоа, за многу Украинци тој е национален херој, борец за независна Украина, идеолог и теоретичар на украинското национално движење во првата половина на 20 век.

Во светот постојат и дејствуваат различни движења, групи и партии со неонацистичка идеологија. Тие се агресивни и моќни, а борбата против нивното влијание не е многу успешна.

За разлика од Грција, каде челниците на партијата Златна Зора, кои го негираа холокаустот, завршија во затвор, многу други во Европа слободно делуваат.

Обидите на поедини држави како на пример Бугарија за ревизија на историјата и рехабилитација на нацистичките соработници не водат кон единство и обединување на Европа. Напротив обидот да се наметне доминација на еден или два избрани народи во ЕУ, а другите како Славјаните дека „не се способни да управуваат со себе“  ќе доведе до распад на веќе изграденото единство.

Брисел мора да разбере дека ЕУ може да оди напред само ако се обедини на антифашистички основи.   

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top