Коментари

Александар Џеповски:СИ ЗНААТ АНТИМАКЕДОНЦИТЕ КОИ СЕ, АМА И ГОСПОД ГИ ЗНАЕ И ЗНАЕ КАКО ДА ГИ КАЗНИ

1Dzepovski1

1Dzepovski1

Драган Богдановски и ВМРО ДПМНЕ се закон и Господ за сите мали и големи партии

Пред Централен Штаб на ВМРО-ДПМНЕ се постави биста со ликот на Драган Богдановски, неуморен борец за самостојна Македонија, кој остави неизбришиви траги во историја на Македонија. Неговото Македонско срце беше големо колку сите планини на цела планета и чукаше само за Македонија.

Драган во 1977г. е киднапиран во Париз и доведен во тогашна Југославија, беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор само затоа што си ја сакаше и целиот живот се бореше за Македонија.

Драги мои Македонци, до сега молчев, гледав, анализирав и ги пуштав сите да пливаат и да си ги покажат роговите. Се создадоа толку мали и воедно “големи патриотски” партии, те леви те десни те бесни, со единствена цел да плукаат по ВМРО- ДПМНЕ и Мицкоски и овој безобразлук нема крај. 

Шетаат разно разни платеници, се претставуваат како патриоти кажуваат дека и тие се бореле за Македонија. Тие се платени да глумат патриоти со цел да го поделат македонското гласачко ткиво и да одработат за ДУИ и СДС.

Толку пропаднати килави партиички и поединци кои заедно не се повеќе од 250 души ама со по 250 лажни профили, па секој ден прават голема антиреклама за самите себе  ама намерна или ненамерна услуга на СДС и ДУИ за некое евро или надеж дека ќе бидат наградени од Муртинецот. 

При вакви околности, големо чудо е како ВМРО ДПМНЕ се уште се одржува во живот. Но најголем проблем на Македонија е сега што некои анонимци кои беа членови во ВМРО ДПМНЕ станаа бунтовници со мисли за профит и сега тие се патриотите и ја сакаат многу Македонија, а Драган и неговата партија ги плукаат и омаловажуваат.

Оваа кримнинална и антимакедонска влада која за пари ги мотивира овие изроди да плукаат против Христијан Мицкоски и  ВМРО-ДПМНЕ е главниот клуч за корупција и неспособност и распродажба на националнитре интереси, само и само уште некој месец да останат на власт и да доукрадат уште некој денар од народот кој со тешки маки врзува крај со крај за да преживее.

За кратко време ќе биде крај на оваа антимакедонска власт. Ќе престане власта, ќе престане корупцијата и антимакедонизмот, но мора да има одговорност и повеќегодишни казни.

Ќе дојдат новите 5 минути на ВМРО ДПМНЕ, ќе дојде и визијата на економски силна Македонија. Тогаш сите овие мали партии и поединци заедно со левици и десници нека јавно се обесат за се што трескаа а најмногу што доливаа бензин во огинот.

Ве повикувам браќа и сестри во дијаспората и во Македонија да не им веруваме на овие волци облечени во јагнешка кожа, тие не и мислат добро на нашата Македонија.

Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, само така можеме да ги заштитиме националните интереси, само така можеме да си ја заштитиме нашата татковина Македонија. Само без ДУИ и СДС може да се спаси она што остана од државата на македонскиот народ.

СИ ЗНААТ АНТИМАКЕДОНЦИТЕ КОИ СЕ, АМА И ГОСПОД ГИ ЗНАЕ И СИ ЗНАЕ КАКО ДА ГИ КАЗНИ.

МНОГУ СКОРО ЌЕ ГО ДОЧЕКАМЕ ДЕНОТ КОГА ВМРО ДПМНЕ ПАК ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ НА ЧЕЛО СО ПРЕТСЕДАТЕПОТ ПРОФ.ДР. ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top