Коментари

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ БИДЕЈЌИ ЌЕ ЗАВРШИМЕ КАКО ЕТРУРЦИТЕ

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 204

Американската амбасадорка во Македонија, Нејзината Екселенција Ангела Агелер невообичаено остро го нападна минатиов викенд лидерот на опозицијата во Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски затоа што не прифаќа промена на Уставот на РМ со прифаќање на преговарачката рамка за почеток на преговори на нашата земја за членство во ЕУ. Зачудува нетактичноста на нејзината Екселенција Агелер и непочитувањето на елементарните узанси од Виенската конвененција со која се регулирани правилата на однесување на дипломатите акредитирани во   д р у г и   /туѓи/ земји!?

Сигурен сум дека Г-ѓа Агелер е свесна што прави бидејки таа е искусна дипломатка која ја претставува својата земја (САД) во земја на акредитација (РМ) со која имаме и договор за стратегиско партнерство (!) и сме с о ј у з н и ц и  во воената НАТО Алијанса!!!  Самата оценка на политиките на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски е  в н а т р е ш н а  работа на тој политички субјект и нејзиниот лидер и амбасадорката Г-ѓа Агелер ниту е овластена, а ниту е политички повикана да носи суд и јавно да го искажува својот критички став доколку нешто не и се допаѓа, овој пат преку државната агенциоја МИА! Политките на водечката политичка партија од македонската опозиција се нејзина работа и таа легитимно ги брани интересите на македонскиот народ, наспроти бруталното и силеџиско однесување на ЕУ која наметна како услов за почеток на преговори рамка со инсистирање за промена на Уставоит на РМ!  Патем, таа преговарачка рамка е по  теркот и во функција на бугарските интереси! Но, никогаш не смееме да испуштиме од предвид дека зад таквите намери се крие и грчката политика на антимакедонизам и настојување по секоја цена да се избрише дури и како поим и самиот поим македонска нација.

Не смеам во оваа прилика да пропуштам а да не кажам збор-два за однесувањето на Франција која се занесува дека сеуште го живее својот колонијален сон на голема сила од 19от век, и демек сега жари и пали во ЕУ! Сега, со својот ЕлЏиБиТи претседател Макрон Франција им намена на останатите членки на ЕУ да прифатаа антимакедонски и пробугарски ставови во форма на преговарачка рамка кон Mакедонија, а нам ни ја нудат во стилот  “земи, или остави”   /таке it, or leave it/. Преговарачката рамка е уникатна (во негативна смисла) бидејки во неа се поместени услови (како за ниту една членка на ЕУ) што Македонија не може и НА СМЕЕ да ги прифати.

Познат ни е францускиот  а н т и м а к е д о н с к и, или подобро речено пробугарски и над се прогрчки став, но иритира фактот што кај нас дома речиси секојдневно ни маршираат разноразни, небаре добронамерни (?) емисари – те понекој американски сенатор, те некој претседател на држава,те. те те.. за да не убедуваат колку добро за нас би било да се усвои контроверзната преговарачка рамка!? А би ги запрашал тие емисари:  Зошто кога се дискутираше во Брисел за компонирање на таа преговарачка рамка не реагираа на невозможните услови што ни се наметнуваат и наместо награда и валоризација на нашето конструктивно однесување како држава изминативе 33 години од прогласувањето на независноста, се обидуваат по секоја цена да не понижат и малтретираат до исчезнување. Некој ќе рече: тоа е реал политика! Јасно ми е, но тоа  н е м а   д а  помине!!! Колку и да сме, сепак ќе одолееме на сите притисоци од каде и да доаѓаат!

Но да се вратам на Г-ѓа Агелер. Мадам амбасадор, познато ми е сценариото на Стејт Департментот за бришење на македонската нација, во фази се разбира и тоа на долга патека. Сегашнава фаза со фамозната преговарачката рамка на ЕУ е многу битна во тој процес бидејки со нејзиното усвојување (далеку било) практично се создава правна рамка за институционална бугаризација на етничките Македонци и постигнување на зацртаната цел – исчезнување на Македонците како нација и создавање на некаков амалгам којшто во некое идно време можеби ќе треба да биде припоен на Бугарија!? Со тоа, воедно и би се оствариле нивните Санстефански соништа, а Грција би била единствен сопственик на се што има бренд Македонија и македонско!

Со други зборови, длабоката држава од преку барата ни ја зацртала пред деценија и повеќе на нас Македонците судбината на Етрурците, народ со висока култура што живееле северно од Рим, но со ширењето на Римското царство биле освоени и едноставно се претопиле со Римјаните и исчезнале. Ете, тоа ни го имаат смислено нашите стратегиски партнери (!), а бидејки реализацијата на тоа сценарио ја кочи ВМРО-ДПМНЕ, амбасадорката Г-ѓа Агелер јавно манифестира недиплоамтска нервоза.

Ја користам приликава јавно да го охрабрам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата Христијан Мицкоски да издржи во својот став – многу јасно искажан на одбележувањето на 33-годишнината од основањето на Партијата, дека “нема да има прифаќање на преговарачка рамка под бугарски диктат”, а лично би посоветувал: сите кои сме со таа определба да внимаваме на подлостите и подметнувањата што длабоката држава може да ни ги смисли и подмести, бидејки тие ненаат никакви скрупули и не се либат од ништо само да ја постигнат својата цел. Еднаш веќе го искусивме тоа со шарената револуција, туркањето на легитимната влада на Груевски и се друго што ни приредија – затвори, купување поратеници, уцени… за промена на името на државата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top