Коментари

Марија Емилија Кукубајска : РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ Е СИЛУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Дискриминација на здравиот разум, неприродна тортура врз јазикот и свеста. Агресијата на перверзии против норми и закони на животот. Подготовка за безполовата Вештачката интелигенција. Превласт на дегенеративни дефиниции. Тој е таа, тоа е тој-таа. Што е што?!

И атеистите знаат, но ја толкуваат на свој начин, возвишена љубовна химна за љубовта меѓу маж и жена од „Песна над песните“ (автор Соломон, Стар Завет). А таа воспева љубов над љубовта, не луда дионисиска страст. Создавачот на вселената и на човекот, Бог, има траен и непобитен став и против контра-културата денес: љубовта е свето доживување на идентитетот на величественост, во човекот и во неговата поврзаност со Создавачот на совршеноста. Божествената љубов е исполнување на ветувањето за вечен живот – преку мудри и доблесни дела на човекот и создавање нови генерации од различните машки и женски тела. Жената и мажот Бог не ги сведува на прокреација, ниту на либерална филозофија за утилитарна љубов без љубов и первертирани, анти-вредности на јазикот.  

Хомосексуалноста се покажала сериозен деструктивен проблем за стабилноста на човековото бити. Кога ист пол и род спие со ист пол и род, се буди обеспаметен од тие неприродни акти, или воопшто не се освестува од заблудата на таа адикција. Но, здравата човекова природата се побунува против изопачените физички и ментални активност, ја согледува развратната грешка: „насилство над нормалното“. Природата казнува за таа грешка, го прекинува човековиот род, го отфрла трајното постоење во вселената, со Бог.  

Во слободата на перверзијата кога таа сама себе се разјадува, суштинската љубов се  заменува со површна страст кон телесна убавина, со физичко дегустирање на рецепти за изопачени сексуални забегувања. Хомосексуалноста не е вродена, но е неконтролирана адикција, избор. Таа злоупотребува објективни норми и психо-физички закони за човекова достоинствена и доблесна душевна љубов. Спрема Библиските норми за анти-вредности (Св. Павле, Коринтијаните, 6:9-10) хомосексуалците се изедначуваат со неморал (во се’), со идолопоклонство (кон материјалното), со сексуално заведување (трговци со тела), со кражба (на нормалната свест за морален идентитет), со грабливост (како предатори на жртви на сексуален злостор, денешни холивудски Епстини, Вајнстини, Гали на Дали), пијаници (за заборав на грешките, срамот, отуството на емпатија), презрени (кои напаѓаат со гнев и омраза), измамници (мајстори за кобна привлечност и сексуална експлоатација).   

Верските, библиските аналитичари, апостоли, духовни учители, биле и храбри критичари на грчките и римските сексуални девијации и содомизации. Беззаконието и отсуството на само-дисциплина кај профаните исмевачи на здрави доктрини на живеење, и денес не водат кон демократизација на правата на сексуални слободи. Напротив, тие се гарантирано непријателство на човековото суштество против сопствениот морален интегритет и полов идентитет. Сексуалните трансгресии се дегенеративни, и за извршителите на сексуалната изопаченост и за средината во која диктираат малцински над мнозински права, со цел да постанат мнозинство на платеници и проституирани носители на „разврат“ од старо-новиот хедонизам во Елада, Рим, Баалови територии. За нивна морална деконтаминација, за екологија на душата, се борат и светите книги на сите религии – да ги освестат заблудените за казната која следува од космичкото законодавство на исправен живот (Содома и Гомора), за силување на природата и законот за здрав напредок. За штетите докажува и објективната наука, но и таа се контаминира од болести на духот и власта.

Божјите закони за постоење создале животодавна, величествена сексуалност на духовната љубов, не секс заради телесни игри, не задоволство заради рекреација и самодокажување низ телесна без морална убавина, романтика без срце, еротски задоволства без духовна фасцинација. Секс заради физичка атракција и ниска анималистичка страст, без совесни обврски, е еден од методите на современата агенда за дегенеративни деформации во стилот на живеење, кај возрасни и деца, за раздор и распад на фамилиите и општествата, за исмевање на човечното од пост-човечното. Во современите западни општества, меѓу децата и тинејџерите, сексуалните слободи постануваат крајно опасни, незрели игри против стабилните фундаменти на човековото битие. Индоктринирани веќе од градинки, и манипулирани од агендите на глобалните војни на страстите (Аурелии и Буендијаси), тие сексуалната дрзаба веќе ја доживуваат како и дрогата. И Фројдовци го имаат промовирано сексот и дрогата како средство за контрола и промена на менталниот склоп, и развратните окултисти како Краули, и дрогираните, распеани, разголени и распаметени, искористени  хипи промотори на сексуални слободи. Тоа го знаат нормалните американци и европјани.

Љубовта не е еротска забава, не е секс парада, не е робување на полово, родовo, образовно, граматичко осакатување. Љубовта е најчиста енергија, возвишена свест за највисоката морална категорија – да се биде човечно совршен спрема Божјата содржина и форма. Да се остане природно различен. Апостолот Павле не е анахрон; тој, поубедливо од современ психолог, им толкува на Коринтијаните дека „Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива, не е непристојна, не е себична, не се срди, не памти зло, не се радува на неправда, но се ра­дува на вистината… верува, се на­дева, поднесува се.“ Љубовта кон вистината ќе ја надмине и оваа војна.

Истиот просветител Павле ги едуцира сексуално перверзните Грци и Римјани, преку реалистични карактеристики на LGBTQIА2С+ активистите денес (лезбејки, геј, бисексуалци, транс-родови експанзивци, квир/сомнителни, интер-сексуални, асексуални, и дво-духовни). Ваквите дијагнози на Св. Павле за сексуално и културолошки перверзните не ги порекнува ни радикален ревизионист во оваа доба на био-етичка корупција и криминал: Безумните не се обидоа да го имаат моралот во нивната свест, затоа Бог ги предаде на срамни страсти; нивните жени го заменија природното општење со неприродно; мажите го оставија природното општење со жена и се распалија заблудено со сладостраст еден кон друг (таа е тој, тој-таа). Бог ги препушти на нивниот изопачен ум, да прават што не прилега, што е нечисто за човековото битие, исполнети со секаква неправда, расипаност, алчност, зло; полни со завист, убиства, расправии, лукавства, подмолност; озборување, клевета, омраза кон Бог, насилство, гордост, самопофалби, ковање злодела, непочитување кон родителите, неразумност, неповерливост, без љубов, без милосрдие…

Борбата за родова еднаквост е гео-политичка диктатура, психофизичка тортура на здравата свест за себе, силување на милениумската јазична структура. Тоа е демократска слобода??

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top