Коментари

Рубинчо-Видое-Јованоски : Кој сака да го наруши имиџот на државната Кардиохирургија

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Од осомостувањето на нашата мила и низ векови напатена Република Македонија од едно умие во демократски начин на живот, ресор каде се кршат копја – кој да раководи во истиот е министерството за здраство. Иронијата да биде уште поголема ова министерство го добиваат претежно личности со недоволно познавање на проблематиката во  здраството од една и добивање на дипломи со слаб успех и завршување на високо образование во земји каде се на последното место на шангајската листа. Тоа се личности од коалициониот партнер од албанскиот политички кампус. 

Во истото најмногу се врта финансиски средства каде колачот од нечесното работење оди на грбот и на сметките на мал дел на личности од една страна и пациентите кој од несовесното и коруптивно владеење го осетуваат на својот грб од друга страна. 

Прв и најлесен начин е набавката на лекови. Потоа на секоја УК директор на истата и организационен директор кој треба да бидат поставени по партиски клуч а својствено и на тоа од партиска основа. Формирање УО на секоја УК каде членовите на истите тие УО земаат баснословни суми на финансиски средства. 

Распишување на тендери за изградба на нов клинички центар каде при секоја промена на власт истите се раскинуваат и се распишуваат нови тендери. Епилогот од овој начин на работа е исплата на казнени пенали на фирми кој го добиле тендерот за градба во милионски суми на евра. До тука работата е многу кристално чиста и јасна.

Но жално е овие горе наведени личности што се дрзнуваат да направат кадроски промени во УК каде има голем напредок. Еклатантен пример за тоа е смената на директорското место на професор Д.Р Сашко Јовев кој е еден од основноположниците за формирање на државна кардиохирургија во нашата држава. Тој е голем стручњак на трансплатација  на срце, личност приемчива и со мирна душа да дадеш совет на болниот пациент и неговото потесно семејство е токму професорот Јовев.

Стручњакот Јовев имаше целосна доверба кај некогашните министри и тоа: Филипче, Сали и до 5 јуни кај актуелниот министер Фатмир Меџити. Јовев е осново положник на државната кардиохирургија ценет, почитуван кај нас и во странство со многу научни трудови и 3 специјализации (абдоминална, торакална хирургија, кардиохирургија).

Потврда за тоа се и голем број на признанија лакети и дипломи од земјава и странство. На самиот почеток на месец јуни, токму Јовев ја отвори хибридната сала се разбира во присуство на малото пионче Таке, кој моментално седи во скут кај момчето од мала Речица. Ресорот министерство за здраство со цел да го оправда разрешувањето на Јовев нагласуваше глупости и лаги дека при самата контрола на државниот санитарен инспекторат, истиот личниот кај него рапортирал дека има амоналии во работењето на оваа институција.

Министере Меџити, Јовев работи сложени операции по неколку часа на ден, каде во неговите раце е срцето на донорот. Нагласувате дека менувате директори кој не работат ништо и истите тие биле на функција 5 и повеќе години. Исто така министерот нагласи дека имало нерагуларности во поглед на дежурствата.

Во оваа прилика ќе ја парафразирам изјавата на Јовев дадена за електронските медиуми. Тоа се специфични дежурства, каде согласност дава исклучиво со свој потпис.

Имено дежураат двајца кардиохирурзи и ако е потребна итна интеревенција, не можат истата да ја направат го повикуваат вториот тим на кардиохирурзи, а ако и тие неможат стапува во акција Јовев како стручњак со повеќе искуство. Јовев работел 24/7 и со тоа самиот си ја оптеретувал во интерес на пациентите, но со тоа си го запуставувал личниот живот и следствено тоа не обрнувал доволно внимание на семејсните обврски. 

Министре – вие сте невролог, и партиски поставен на ресорот министерство за здраство. Најдобро е за вас да го земете чеканчето во рака и како невролог да ги испитувате рефлексите на вашите пациенти, а на професор Јовев и неговиот тим да ги оставите на мира да продолжат со својата благородна мисија. На крајот грешките во чекори се кобни за конечниот резултат. Немој професор од калибарот на Јовев да го испуштиме од раце, мислам да замине од државното здраство.

Вие и вашиот партиски лидер со уцени извршивте притисок во извршната власт. За разлика од вас, Јовев со срце и душа спасува човечки животи од една и го заштедува здраствениот буџет од друга страна. Личности од калибарот на Јовев се потребни во државниот здраствен систем на нашата држава.

П.С: Директорското место беше резервирано за ДУИ, со последните случувања на струшкиот градоначалник Рамис Мерко, кој беше ставен на црната листа на САД, актуелниот министер на кого не сакам во овој момент да му го спомнувам ни името, во минута до 12 постави кадар од СДС. За способноста на новиот директор незнам ништо, но сигурно е ученик на Јовев кој од самиот почеток на професионалниот ангажман му има носено бурек, јогурт лично на Јовев. 

Дипломиран. ЕКК Рубинчо-Видое-Јованоски, Новинар и поранешен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top