Коментари

„Македонија за Македонците“

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Секојдневните афери кои произлегуваат од преставниците на ДУИ и СДС укажуваат дека земјата е во рацете на разбојници кои немилосрдно го пљачкосуваат народот. Тие толку се осилени што не престануваат дури и кога реагира меѓународната заедница во земјава. А за да ја замолкнат јавноста тие го заплашуваат народот со помош на соседите и политички прогонства. Се ништи патриотизмот кај Македонците, а земјата ја направија пекол во која македонскиот народ најмногу страда. Поради ваквата состојба младите масовно се иселуваат.

Сето ова на некој начин не потсетува и води на почетокот на минатиот век кога во Македонија делуваа вооружените пропаганди, кога Македонија беше поделена меѓу соседите Бугарија, Србија и Грција.

Иако Бугарите никогаш со прст не мрднале за автономија на Македонија, денес со помош на актуелната власт бараат да влезат во Уставот како државотворен народ. Софија која отворено покажува територијални аспирации кон Македонија, очекува „келепур“ од актуелната власт во земјата, предводена од СДС и ДУИ, која е способна да даде се за да ги прикрие аферите и да ги задржи своите позиции ден повеќе.

Меѓутоа, колку Бугарите треба да бидат дел од Уставот се гледа и од текстот „Македонија за Македонците“, од 27 декември 1932 година, Гара Новоселци, во кој  Комитски пишува:

„ …Многу стари народи, иако слезени од светската сцена, со текот на времето пак се издигнаа. Зошто истото да не биде со Македонија? Зарем другите се патентирани, последнава не може? … Еден народ којшто си има свои обичаи, вера, јазик, традиции итн. и тврдо опстојувал сред толку ропски искушенија – значи дека е способен за слободно постоење!

Додека беше под „турско иго“, сите славјански народи ронеа „крокодилски солзи“ за да ја „ослободат“! А зошто? – За доброто на Македонија !… Не и не!… Зошто додека Бугарија да ја „ослободи“ во 1912 год. од Турците, следната година ортачки и крвнички ја поделија: Срби, Грци и Бугари – „сојузници-разбојници“!

На ум ми иде приказната за милосрдниот самаријанин… Македонија е како немоќен патник – лежи гол, изгонет, гладен и жеден дури и до сега!… Поминува „фарисејот“ (Европа), но никогаш ништо не помага; доаѓа „Леверинот“ (?) (Русија), но со задоволство си поминува, барем ѕирнала, потоа се појавува „самарјанинот“ „Бугарија“… и дури да го намести страдалникот во потребната суредба (гостилница), ете ги другите „келнерски“ „разбојници“!…

Се разбира, за милосрдието на Бугарија и нејзе и дадоа ќелепур!… Па сега викајте си на ветер: „Држте го крадецот“. Јас мислам дека ако политиката на Бугарија беше само „самаријанска“, немаше да ги предизвика волчешките апетити и на другите. Зошто таа даде лош пример на корист и грабливост, така постапија и другите… Така што тоа не е дело ниту „самарјанско“ ниту пак „христијанско“, ами чисто и просто старославјанско (аспаруховско)!

Ако нејзината политика не беше „фалш“, немаше да ја дотера до тоа дереџе Македонија – наместо под едно ропство (турско), сега токму 3 – 4  робии! Не е во прашање тоа кое е полесно или потешко, но нели Македонија не е единствена, ниту слободна, ниту на Македонците!? А тоа ужасната положба што се трпи како од ДН (Друштвото на народите) – б.р.), така и од Европа и Америка, па и од славјанството. А тоа не чини да е така! Бидејќи како што сосема мали народи имаат право на постоење како што се: Монако, Албанија, Андора, Данците итн. исто така стопати има право и Македонија.

Но, ако некоја држава не и го дава „правото“, зошто уште чека и Бугарија? До кога таа ќе „злоупотребува“ со народот што е сличен со нејзиниот?! Нека тоа право го даде за пример!… Нека на мирен начин им го даде на Македонците тоа што е македонско! Зошто уште го држи туѓото претендирајќи дека е „нејзино“? Зарем Македонците се „Бугари“… Колку што Бугарите се Македонци, толку и Македонците се Бугари! – Голема разлика!… Едните биле пред Хри(ста), а другите во VII в. по Хри(ста) на Балканскиот Полуостров.  

Но штом и Бугарија го нема тоа „џентлменство“, не е чудно тоа и за другите народи што немаат никаква прилика. Нека не е чудно и страшно, зошто македонските „патриоти“ гинат низ бугарската земја повеќе отколку на друго место. Затоа што со прифаќањето на бегалците стана тесно и за Бугарите и Македонците.

Си ја спомнувам приказната за „квачката и патчињата“. Во бугарската матилница (седало) се ставија и македонските јајца од патки; но кога се излегоа и пораснаа патчињата, сосема природно, ја побараа водата (слободата). А глупавата „кокошка“ – крека та крека!… Така и Бугарија преку својот „печат“ – „крека“ (но попусто); македонско убиство, ново македонско убиство, денес друго македонско убиство, пак македонско убиство итн. како да нема крај! До кога? Доста! А на спротивните брегови (земји) лисиците, свињите волците и другите творови (држави) ги доуништуваат Македонците што вечно странствуваат. Нешто полошо и од „Евреинот скитник“. Зошто на Евреите им ја дадоа татковската земја, а на Македонците уште не им ја даваат Македонија. Но, нека знаат тие народи дека оние што поробуваат – рано или доцна ќе бидат поробени! Барем ти, Бугаријо, не миј ги пилатовски рацете, туку навреме дај го нејзиниот дел! Инаку, какви што се другите поробувачки држави, таква си и ти! „Од еден дол дренка“, „какво куко такво пипи“, „се погледнал Алија и тој е од тие“! До кога ќе ја мамите Македонија со сништа и фантазии: „мижи, ќе те лажам“! Време е да се викне во парламентот та да екне дури до Македонија, не со „воено положение“ и бугарско „расположение“, туку на дело: Македонија за Македонците; т.е. ослободена „бугарска“ Македонија да им се даде на слободните „бугарски“ Македонци! Додека е време, дајте и автономија на Македонија! Зошто којшто потиска, ќе биде потиснат; којшто граба ќе биде ограбен; којшто погубува, ќе биде погубен! О Македонијо, белким севишниот ќе ти помогне та да се засрамат тие што не сакаат да ти помогнат – со правда, мир и слобода!“

(Документи  II, Скопје, 1981 год., стр. 271-273;)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top