Коментари

Ламбе Арнаудов: Политичкото слепило и заблуди на антимакедонците

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Количеството на позитивна енергија што се ослободува од ЗАБРАНИТЕ е еднаква на изведената ГЛУПОСТ од трујачите на слободата и правото на самоопределување на народите!

Тоа подразбира, дека колку е поголема апсурдноста на забраните што произлегуваат од глупоста на мал број одродени и дегенеративни елементи во општеството, толку е поголема слободата со која онеправдениот народ се спротивставува на несериозните, глупави и многу често во Македонија налудничави наметнати забрани што ги гушат демократските придобивки за кои самиот народ се изборил и ги прифатил како нешто сосема нормално што му припаѓа на ЧОВЕКОТ.

Триесет и три години сум сведок во центарот на збиднувањата но и премрежија што мојот народ ги изоде но никаде не стигна.

Поточно, заслужено како и сите други народи и МАКЕДОНСКИОТ ги зграпчи цврсто демократско-државничките вредности во свои раце и направи држава со сите атрибути, нишани но и меѓународно воспоставени принципи, критериуми и начела за меѓународно признавање и целосно заокружена државност.

Но, радоста кусо траеше.

Шок и неверување, чемер и јад, гнев и бес, во првиот момент од времето на непријателското дејствување на антимакедонците, полека но сигурно се претвори во вистинска државотворна одбранбена стратегија која здраво ќе се спротивстави на овие антимакедонски монструмни обиди за разорување до темел на државата и потиснување до заборав на вековниот сон на македонскиот народ за сопствена самостојна независна демократска држава.

Најпрогресивниот интелектуален капацитет и патриотски дух спакуван цврсто во редовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот најдобар другар и вечно верен пријател НАРОДОТ рече НЕ на непринципиелните предавнички ЗАБРАНИ што им ги наметнаа на својот народ.

Најсигурниот и истовремено најразорен производ на ЗАБРАНИТЕ е отпорот со кој се брани слободата.

Колку повеќе глупави ЗАБРАНИ толку повеќе извојувани победи, слобода, стекнати и новосоздадени човечки права.

Двапати СДСМ го смени името, насилно, спротивно на волјата на народот, и што, Едно големо НИШТО.

Освен владините политички куртизани и малкумина новинари папагали од најнедресираната сорта која само еден збор може да научи, никој не го прифаќа и не се вдоми, ниту се запомни, северниот студен ветар со кој сакаат да го замрзнат нашето вековно постоење.

НАРОДОТ заедно со ВМРО-ДПМНЕ никогаш не прифаќаат да ги крштеваш и прекрстуваш од неразбрани кумови и распопови.

МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА… и така сé до недоглед, сé до век и веков и сé погласно од најгласно на радост на сите освен на неколку прерано паднати осушени листови од големото МАКЕДОНСКО стебло благодарение на кои се регенерира и вечно гордо високо стои, дава плодови и ги наранува гладните, ги пои жедните, ги лекува болните и ги заштитува онеправданите.

Го забранивте знамето со 16 краци што народот го одбра придржувајќи се кон традиционалните вредности и почитувајќи го значењето на истите како фактор, обележје и припадност.

Судите, затворате, гребете шахти, а не сте свесни дека во нив ќе пропаднете, бришете мурали, ама сами ќе се избришете, разорувате украси, балкони, ѕидови…ништо, ќе се срушите без да некој ве руши.

Познавам неколку илјади млади и постари момчиња кои имаат тетоважи со националното знаме на МАКЕДОНИЈА. Што ќе правете со нив, ќе им ја дерете кожата?

Или можеби заедно со нив и сите полуматуранти, матуранти, апсолвенти, многубројните навивачи, сватовите од свадбите и други приватни забави и на крај протестантите во огромен број пред вашите очи ги веат знамињата илјадници, ќе ги соберете, ќе ги затворате и од МАКЕДОНИЈА ќе направите концентрационен логор…!?

Соберете се, разбудете се, освестете се.

НАРОД Е ОВА. НАРОД МАКЕДОНСКИ.

ВМРО-ДПМНЕ Е ОВА.

ОВА Е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

ТРИТЕ СТОЛБА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ВЕЧЕН НЕПОКОР.

Гледате дека на маслат не ве стават. НУЛА. Така се справува НАРОД.

Водете однапред изгубена битка.

Тешко ви е ама ПОМИРЕТЕ СЕ!

Ако тоа не го направите, сите кои досега мислеа дека сте глупави, останувајќи слепо против својот МАКЕДОНСКИ НАРОД, само ќе им потврдите дека навистина сте глупави.

П.С.

Сакам да ги потсетам традиционалните пријатели на ВМРО-ДПМНЕ и стратешките партнери на мојата татковина РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ да погледнат во Архивот на Република Македонија или во паралелните архивски материјали од Комунистичката Партија на Македонија денес персонифицирана во ликот на СДСМ. Таму ќе најдете доказни материјали за преку шеесет (60) илјади Вмровци осудени на повеќегодишни тешки робии а некои за жал и на смрт, оквалификувани под обвинение дека биле слуги и работеле во интерес на империјалистичката и експанзионистичка политика на Соединетите Американски Држави. Тие кои ги обвинуваа и осудуваа немилосрдно синовите на Македонија кои беа цвет на демократијата, е сега, денес нивните синови и внуци истото го прават на најпрогресивниот, најслободарскиот и најдемократскиот елемент во РМ кој пак е собран околу партијата ВМРО-ДПМНЕ, која пак од друга страна е персонификација на историското ВМРО вашиот некогашен, сегашен и во иднина вистински пријател.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top