Коментари

Писмо од командантот на дванаесеттата германска армија до бугарскиот генералштаб за влегување на бугарските трупи во Македонија

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Власта предводена од СДС и ДУИ, во обид да и се додвори на Софија, континуирано ја искривуваaт историската вистина. Намерно или случајно се забораваат или изоставуваат историски факти речиси на секое чествување на настан од историјата на македонскиот народ. Меѓутоа,  обидите за преиначување на историјата ги побиваат историските документи од кои повремено се трга прашината на заборавот.

Писмо од командантот на дванаесеттата германска армија до бугарскиот генералштаб за влегување на бугарските трупи во Македонија од 18 април 1941 година, испратено по априлската војна во Кралството Југославија (6 – 18 април 1941 г.), ги демантира сите оние кои во последно време се обидуваат да ги престават Бугарите како администратори, а не како окупатори за време на Втората светска војна.

Имено, според тогашниот германски воен план за напад на Кралството Југославија, било предвидено дополнително влегување на бугарските трупи во Македонија и Србија. Со таа цел армиската германска команда во согласност со германскиот генералштаб упатува до царскиот бугарски генералштаб разработена програма за учество на бугарските војски во окупацијата на Југославија и Грција.  

Во писмото за Армиската врховна команда потпишно од Началникот на генералштабот (Ганс) Фон Грајфенберг упатено до царскиот бугарски генералштаб стои:

„До Кралскиот бугарски генералштаб

На предлог од Армиската врховна команда, Фирерот одобри бугарските трупи да влезат во Тракија и тоа на подрачјето меѓу Струма и линијата Деде Агач – Мустафа-паша.

Бугарските полициски сили и воени единици можат да влезат исто така и на територијата на Југославија, но за сега да не ја поминуваат општата линија: Пирот – Врање – Скопје – токот на Вардар до грчка граница.

До колку заради бугарската окупација ќе бифат тангирани нашите операции, бугарските единици ќе и бидат потчинети на 12. армија.

Армиската врховна команда моли да повелите да наредите да влезат бугарските единици на споменатите подрачја.

Со оглед делка борбите уште се во тек, се молите окупацијата да се изврши под следните услови:

1. Патиштата: Ќустендил-Скопје, Горна Џумаја-Велес и Скопје и’ стојат и за понатаму првенствено на расположение на германската војска. 

Бугарските трупи можат нив да ги употребуваат по спогодба со командата на 50. Армиски корпус.

2.   Бугарските трупи има да се снабдуваат самите (со храна, погонско гориво итн.). Тие не можат да се потпрат врз германските установи за снабдување.

3. Пленот од војната којшто има воено значење (на пр. заробеници, оружје, коњи, опрема итн.)

И стопанско значење (на пр. резерви, сообраќајни средства, погонско гориво итн.) и припаѓа без исклучок на германската војска. Бугарските трупи се обврзуваат дека по наредба на германската команда ќе дадат помош при собирањето и чувањето на овој плен.

4. Врска со бугарската команда во Македонија ќе одржува генералната команда на 50. армиски корпус. За Тракија е определена генералната команда на 30. армиски корпус. Се молите да стапите веднаш во врска со овие генерални команди, коишто од името на Армиската врховна команда ќе ги регулираат подробностите за окупацијата.

5. Се моли Кралскиот бугарски генералштаб да ја извести Армиската врховна команда:

а) Кои единици се определени за окупација на споменатите подрачја во Македонија, односно Тракија.

б) Маршевските патишта и привремените сместувачки простории за овие бугарски трупи.

в) Почетокот на влегувањето и достигнатите дневни цели.“

 (Долументи, II, Скопје, 1981 год., стр. 289-290;)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top