Коментари

Сите ние, каде и да сме, треба да се обединиме за нашата Македонија

1DOOM

1DOOM Македонска нација

Секој човек сам за себе, со своја мисла и со свое убедување. Но, вообичаено, многумина стануваат едно, кога ги обединува една моќна идеја, една моќна реалност.

Секој од нас за нашата Македонија прави или направил онолку колку што можел да сработи. Некој не направил ништо иако можел, но овој последниов се задолжил себеси да го знае и да го почитува она што го прават другите. За жал има и такви кои само оговараат и плукаат по сите и ништо не прават, бидејќи ниту со мислите тие не и помагаат на нашата заедничка реалност, туку попрво и одмагаат. За жал има и многу демагози.

Вакви демагози, Господ ни дал и во Македонија, но и надвор од неа, во дијаспората. Најпрво, таквите како нив плукаат по сè и по сите кои нешто позитивно правеле или сеуште прават за Македонија.

Имајќи веројатно такви мисли во нивните глави, почнуваат да плукаат и се чудат како некој кој постоел и работел за Македонија, бил и сè уште е со истата мисла и идеал. Заради овие нешта, не можеле да сфатат и разберат зошто и како некој бил и останал на истата линија цело време, зошто не се сменил, на пример, како тие што се менуваат во зависност од нивните лични потреби?.

Сепак најважно од се е доколку не се поднесуваме меѓу себе или имаме различни политички, леви или десни погледи, заради различни идеали или идеологии, едно треба и мора да не обединува, а не да разединува: не смееме да плукаме еден во друг, затоа што тоа не е од интерес за Македонија, за која сите постоиме и работиме, нели?

Секој од нас за нашата Македонија направил онолку колку што можел да сработи. Ако немаме доблест да ги почитуваме заслугите на поединци или групи, мизерно е да ги оцрнуваме, тоа не е од корист за Македонија, за државава за која се удираме во гради.

Вечна да е Македонија!

АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top