Коментари

Бујар да си дадеш оставка одма, македонофобу еден

1Tasevski
1Tasevski
Бујар да си дадеш оставка одма, македонофобу еден
Ти најде да збориш за албанофобија кај Македонците. Не сме ние албанофоби, само ни е преку глава да го гледаме вашето шовинистичко и националистичко изживување пропратено со постојани закани кон Македонците. Ако не ни дадете ова и ова, ќе ги облечеме пак чизмите од 2001.
А вашето ортачење со Бугарите во нашето негирање како народ, особено не разбеснува. Мислите глупи сме, не го гледаме тоа?
И добро де. Знаеме дека пак ќе ги облечете чизмите набрзо. Оти нема да може вечно да добивате се.
Брзо се менува светот денес. И не се менува во ваша корист. Ќе биде поинаку. И вашиот политички татенце ќе ви го сврти грбот кога тогаш. Тој е прагматичен татко. Се има свој крај. Нели?
Со тоа што го кажа, покажа каков шовинист си и негатор на македонството.
Море, првото етничко чистење на Балканот во 20 век е на Македонците во Егејот. Преку триста илјади се избркани по светов. И таму уште има илјадници Македонци кои зборуваат македонски јазик. Оди во Козани, Воден, леринско, да видиш колку добро зборуваат македонски. Како што има стотици илјади во Бугарија кои зборуваат македонски, како што има во Пустец и други места во Албанија.
ЌЕЛАВ побарај му оставка одма. Иако знам малку си замајан од тоа што не знаеш веќе во кој скут си седнат. Те клацка кој како стигне.
Таман е тука газдата на Али Експрес, да ве спакува и со фри шипинг да ве шитне негде за три, четири долари ко кинески кондури. И како евтини кинески кондури нема да сака никој да ве купи.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top