Коментари

Мартин Треневски: ПРОМОЦИЈА НА КАПИТАЛНОТО ДЕЛО “ОД АРХИВАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”

Martin Trenevski 1

1martin1 Мартин Треневски

Овој број на мојата редовна рубрика “ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ” всушност го посветувам на еден значаен настан што ќе се случи на 28ми јули (петок) во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите /МАНУ/ со очеток во 11.оо часот и воедно е покана за заинтересираните да повелат и со своето присуство да дадат почит на настанот.

   1promo martin

Станува збор за претставување/промоција на книгата “ОД АРХИВАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” од Сиднеј, австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс, чиј автор е нашиот познат и плоден литературен деец Иван ТРПОВСКИ, по потекло од Охридско!

   Книгата на над шестстотини страници многу непосредно не запознава со активностите на друштвото во изминатите 45 години и е одличен приказ за творечкиот потенцијал што нашите луѓе го понеле со себе во далечна Австралија.

   Книгата пред се е наменета за запознавање на македонските научни институции, но и пошироката јавност во земјата како Македонците на тие огромни далечини (Австралија е далеку од Македонија дваесетина илјади километри) го негуваат феноменот на враќање кон корените, и тоа преку творештво на мајчиниот македонски јазик.

   И како што рекол големиот Блаже Конески “Јазикот е нашата татковина”, членовите на друштвото преку своите збирки на песни, раскази, драми и други литературни сочиненија си ја негуваат својата љубов, но и носталгија кон прататковината Македонија таму, далеку зад Екваторот!

   Ние сите овде на браникот на дедовината над која се надвиснале многу темни облаци што го загрозуваат дури и опстанокот на Македонската нација, од дното на душата им се заблагодаруваме на нашите сонародници кои таму, далеку, во Австралија го негуваат својот мајчин јазик, традиции и култура и ги афирмираат во тамошната мултикултурна средина.

   Голема благодарност на МАНУ и нејзиниот претседател академик Љупчо Коцарев што ни овозможи нашата почит кон делото на Иван Трповски најискрено да ја искажеме во храмот на македонската наука и култура – МАНУ!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top