Коментари

Ламбе Арнаудов: СДС-сериски убиец на македонскиот идентитет и државата Македонија

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Непосреден повод за оваа колумна е крајно идиотско демонстрирано непријателско и предавничко искажано лицемерие од страна на СДС со предложената декларација по повод 120 години ИЛИНДЕН!

Како не ви е срам? Како не ви е грев кон својот народ и како си земате за право со вакво нешто од ваша страна, апсолутно недостоинствено.

Па, вие ги погазивте, ги убивте сите придобивки од ИЛИНДЕН и АСНОМ.

Вие сте најголемиот и најсвиреп сериски убиец на идентитетот на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и нашата татковина МАКЕДОНИЈА, кој за сега сé уште не е изведен пред лицето на правдата. Но, скоро ќе дојде и на вас редот. Куртул за предавства и тоа намножени НЕМА.

А, сега нешто и за споредбата со злосторствата на сериските убијци.

Прво, вашето злодело е плод на дејствување, и тоа крајно незаконски и спротивно на Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, собрани во злосторничко здружение со крајна цел уништување на идентитетот, постоењето и иднината на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и сведување на ранг орда или модерна раја која ништо не знае за себе, нема поим каде се наоѓа и од кого е ставена под јарем и кога ќе ни дојде времето за упатување идентитетската кланица.

Втората споредба, ништо помалку важна е таа што при ваква сериозна опасност од сериски убиец сите безбедносни и одбранбени сили се мобилизираат до највисок степен на приправност додека таквата опасност од граѓаните не се неутрализира или елиминира.

Во вашето злосторство што произлегува организирано, синхронизирано, раководено и спроведено од злосторничкото здружение СДС, која преку својата партиска држава и нејзините институции одродени од сопствениот народ и одметнати од Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, наместо да го спречи, гони, неутрализира, токму партиската држава упорно го спроведува.

Како? Еве како.

Да почнеме од најмладите, децата во градинките се подложени на превоспитување, од мали нозе да не знаат ништо за себе, за своето семејство, народ и татковина, потоа во училиштата со систематска промена на програмите, бришење датуми и личности значајни за нашиот опстој, до енергични забрани да се спомне името МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЕЦ и настани што обележуваат бунтови, востанија, декларации за независност, референдуми и прогласување на суверена, самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.

Скусување на средства за одбележување на нашиот национален идентитет, осакатување на институтите  за историја и македонски јазик, избегнување на чествување на заслужни личности, настани и епопеи.

Раскинување на папочните врски со дијаспората, негрижа за нашинците и потсмевање со нив.

Донесовте на сила, спротивно на изразената јасна волја на народот преку референдумски изјаснувања и парламентарни декларации, закони со кои сé се брише, што сега вие во вашата квази декларација, чиста фатаморгана и резил на денешницава, сакате да се промовирате како “душегрижници“ за идентитетските белези на македонскиот народ и македонската држава, смешни и јадни сте лажговци од прва категорија и приврзаници на политика “купи ден помини“ без јасна визија и стратегија за обезбедување на долгорочни и трајни придобивки за народот. Не ви поминува!

Без око да ви трепне, сето ова го спроведувате токму преку Владата на Р.МАКЕДОНИЈА и нејзините министерства меѓу кои најмногу се “истакнуваат“ оние кои треба да бидат најголеми заштитници а не предавнички институции кои живеат на грбот на народот кој што системски го сотираат и “убиваат“.

За жалење сте, Министерството за образование, за култура, институции, агенции, институти, Министерството за правда преку својот извршител Министерството за внатрешни работи со своето неморално, неетичко и незаконско однесување кон најпатриотскиот и најдемократскиот дел од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Сакам да ве прашам вас од Министерството за образование. Постојано се правдате дека треба да образованието го ускладите со она во земјите на ЕУ. Како тоа до сега овие десетици години ништо не усогласивте од математика, физика, хемија, филозофија, географија и другите туку само по ИСТОРИЈА?

Одговорот го знаеме сите. Вие од министерството сте серискиот убиец на македонскиот идентитет и такви ќе бидете запаметени засекогаш во колективната меморија на честитиот МАКЕДОНСКИ НАРОД.

ВМРО-ДПМНЕ со својот лидер професор доктор ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ  и неговите соработници ви порачуваат: СЕ НАСАНКАВТЕ! НА ТЕНОК МРАЗ СТЕ!

Сиот родољубив народ собран околу највисокото исправената партија и организација ВМРО-ДПМНЕ ќе ве победи и збрише затоа што нашата борба е праведна и нашата цел е света.

Заедно гордо исправени во ВМРО-ДПМНЕ за и самите поединечно да сме гордо исправени секогаш.

НАВИКА Е ТОА!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top