Коментари

Каја кајачеш се Каја, рудници

1viktor
Mass Image Compressor Compressed this image. https://sourceforge.net/projects/icompress/

1viktor-grozdanov

Ја следам нашана министерка за екологија што зборува за рудниците. И, можам да заклучам, заедно со нејзиното другарче што се претставува ѓоа премиер, дека нанесоа енормна финансиска штета на Македонија, со што Груевски, Мијалков и Камчев едноставно се пи**ин дим за нив. Уште овие тројцава на црна листа. Па, овие двајцава, Таче и Каја, не можат ни епитаф (краток текст во чест на починато лице) да бидат. Овие се јавачите на апокалипсата.

Случајот со рудникот Иловица –Штука.

Ги местат Спасовски и Славјанка (намерно, по име, така се вика и жена ми) кои немаат елементарни податоци. Едноставно двајцава немаат никаква кривица. Реагираат по инерција.

И, тука се нормално БРАЧАТА Бектеши и Османи кои се на ниво на шмокљани. Викаат сега комбинации. Е сега да идете на газдата (Али Ахмети) да му објасните како нема да Ве обвинат за висока корупција односно РЕКЕТ.

Едноставно, морам да Ви објаснам каква штета направија.

Вакво чудо на природата, како Каја Шукова, немам видено досега. Да завршиш на Технолошко–металуршки факултет (целата индустрија се изучува тука) и да велиш дека земјоделието е главна економска гранка во Македонија. Посебно во струмичко поле и тиквешијата.

Оф мори мајко, кој се не води во државичакава.

Македонците имаат среќа што се населени на целата жица на скапоцени метали: бакар, злато и сребро. Нема Албанци тука. Линијата е од тромеѓето кај Подржикоњ до долу кај Ново Село и од Пробиштип до Кавадарци. И металот генерално е во планините, а не во полињата.

Сега читајте внимателно. Македонија мора да донесе соодветни одлуки:

  • Ниту еден грам скапоцен метал (злато, бакар и сребро) ископан од рудниците нема да ги премине границите на нашата држава
  • На Технолошко-металуршкиот факултет Скопје постои уред кој се вика „Атомец“ и со него се изнаоѓаат сите други ретки скапоцени метали (платина, паладиум итн) која е ископана во Македонија
  • Најстого се забранува кај рудникот Иловица –Штука да се изгради брана за хидро јаловина и да се започне со соодветна Нова Достапна Технологија-НДТ за комплетна дехидрација на јаловината.
  • Сите Еко активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, политички романтичари од СДСМ и некои други партии и други држави непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани
  • Да се врати веднаш концесијата на рудникот Казандол и да се провери целата поврзаност на Перо Костадинов за нанесување финансиска штета на другиот дел од населението на Македонија кое не е поврзано со Валандово. Исто да се види земјоделскиот финансиски развој на Валандово од 1978-2023. Доколку се утврди дека Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ- Перо Костадинов ја довел во заблуда министерската тројка Спасовски, Славјанка и Шукова дека земјоделието во Валандово е во нагорна линија и дека тука се вработуваат огромен број млади луѓе кои не го напуштаат Валандово и дека не купуваат станови за живеење во Скопје или други држави, веднаш да се преземат мерки за неутрализирање на соодветниот Градоначалник.

Со овие одлуки Македонија ќе заработи 80 (осумдесет) милијарди евра. Да, да мои драги. Еве уште еднаш 80 (осумдесет) милијарди евра.

Е, ама нашава јудејско предавничка Влада не разбира дека крајната цел на Бугарите е да ја опљачкаат Македонија со металите. Албанците ова го знаат. И само чекаат. Ова е вистината. Жално.

Ама за Каја Шукова ќе биде жално, ако не ги прочита моите три приказни и го послуша мојот совет.

Приказна 1. Рудникот Алшар се споменува во годишниот приход на турскиот султан кој изнесувал 13.380 акчиња, од кои 1.500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. Акчиња се сребрени пари кои се ковани во времето на Султанот Орхан (1326-59). Во 1877 година овој рудник имал 500 вработени. Лорандитот е пронајден 1894 година од страна на Лоранд Етвеш.

Приказна 2. ТЕЦ Неготино е направена за да има струја во ФЕНИ како фабрика и топилницата за бакар и злато која не е изградена. Затоа во Неготино е направена фабриката за кабли. Се употребува бакар.

Приказна 3. Како вљубеник на земјоделието ѝ препорачувам да оди и да види од која фирма (можеби е БиМ) во полето кај Свети Николе како преку одводен канал се испушта течност со млечно бела боја, се влева во светиниколска река и подоцна во реката Брегалница. Плус  фотоволтаици  се поставуваат во истиот дел на четврта класа земјиште, ама до она што е прва класа, каде расте многу ниска трева како мувла и каде овцата се рани и дава многу повеќе млеко од она ако ја раниш во ридовите во високата трева. Плус, таму ја лижат земјата полна со минерали и затоа светиниколско јагне е најдобро. Само обичен ПР е јагне од Шар Планина.

Заклучок: Почитувана Шукова дај си одма оставка ако елементарно си ги сакаш своите најблиски. Не си свесна што глупости изнатреска кај Васко Ефтов.

Ме прашува еден пријател сега стана дедо и ми вели добро на кого му веруваш за ова што го зборуваш. Му одговорив: „Само на Хари Костов од Комерцијална банка. Зошто знае како се заработуваат пари и зошто тој е државата“.

Инаку, ќе му предложам во брзо време на Бранко Азески од Стопанска комора на Македонија да вклучи специјален телефон каде што ќе стои: Пријави изнуда од новинар.

Да живее Македонија!

Некорумпиран колумнист Виктор Грозданов.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top