Коментари

Власта не само да ветува туку и да воведе систем за минимална пензија

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

На вториот ден од „Текстилијада“ во Штип, одржана на почетокот на октомври мината година, министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на новинарско прашање за барањата на пензионерите минималната пензија да изнесува 20.000 денари рече дека следната 2023 година ќе се одлучува колкава да биде минималната пензија. Отогаш изминаа десет месеци, но нема ниту збор за минималната пензија. Наместо тоа, министерката најави септемвриско зголемување на пензиите за повеќе од 6%, кое ги крена пензионерите на нозе.

Откако државните функционери си ги покачија платите за 78%, власта се пофали дека и на пензионерите им следува зголемување на пензиите за 6,8%,. Според власта, чии плати на функционерите со последното зголемување достигнаа и повеќе од  2.000 евра, повеќе од десет пати поголема од најниската пензија, ова покачување од 6,8% на пензионерите кои земаат до 200-250 евра било доволно за да можат тие да си ги задоволат своите животни потреби. 

Сит на гладен не верува.

Власта како и многупати досега заборави на своето ветувања дека оваа година ќе се одлучува за минималната пензија. Во својот стил, како што лажеше дека нема да го смени името, уставот, така изгледа лажеше и кога говореа дека оваа година ќе одлучи за минимална достоинствена пензија за речиси над една четвртина пензионери.

Ваквиот однос ги револтира пензионерите чии пензии се движат од 200 до 250 евра.

Од 333.000 пензионери, 94 000 земаат пензија во првата група која ги опфаќа пензионерите до 13 илјади денари. За нив, но и за 150.000 пензионери од втората и трета група кои едвај го поминуваат месецот со 20.000 денари пензија, покачувањето од 700-1.000 денари не значи многу во услови кога цените на основните продукти се високи.

Незадоволни од покачувањето, пензионерите од Берово, Делчево, Штип, Кочани, Куманово, Велес, Кавадарци, Неготино, како и други места во Македонија излегоа на протести, барајќи линерно зголемување од 3500 денари или пак минималната пензија да изнесува 80% од минималната плата, нешто повеќе од 16.000 денари.

Меѓутоа, ако власта несака да преземе како што вели популистички методи и на сите линеарно да им ја зголеми пензијата за две, три или пет илјади денари, тогаш време е како што најави во октомври 2022 година, не само да размислува туку и да воведе систем за минимална пензија.

Едноставно, власта треба да знае дека ни со две минимални пензии од околу 200 евра двајца пензионери неможат да излезат на крај во месецот, а не доколку се со една пензија или пак некој е сам. Така да не стои тврдењата на власта дека за 30 % ја зголемиле куповната моќ на граѓаните, ниту дека зад протестите на пензионери стои  политичка партија.

Едноставно, ситите властодржци предводени од СДС и ДУИ забораваат дека пензионерите со минимални пензии неможат да ги покриат основните трошоци за живот (режиски трошоци, храна и лекови, а пак не да размислуваат за некаков достоинствен живот (одмори, бањи, лекувања, сместување во дом), како што заслужуваат постарите лица кои ја граделе оваа земја.

Пензионерите не се неинформирани и тие имаат доволно животно искуство за да знаат кога власта ги манипулира.

Зарем пензионерите треба да молчат кога гледаат како се толерира неплаќање на сметки за струја во некои средини, а нив ги исклучуваат за две неплатени сметки?.

Зарем треба да молчат кога гледаат како власта себе си ги зголеми платите за 78 %, на УЈП и други за 10% и 30%, а за пензионерите само 6,8%?. 

Заради тоа пензионерите станаа да протестираат.

Тие не бараат милостиња, туку средства за достоинствен живот, таков каков што им следува, таков каков што им доликува.

На крај тоа се наши родители и власта мора да ја усогласи пензијата со минималната плата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top