Коментари

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

1. ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА!!! Колку и да звучи бомбастично, токму така лично ги доживувам случувањата на Собранието на Република Македонија на 18ти декември кога се одржа седница за отворање на Уставот на РМ за – како што се беше намерачила сегашната владеачка коалиција, вметнување на некакви си амандмани што ги беше подготвила, се разбира  – по порачка на власта и нејзините надворешни спонзори, неквалификуваната и нелегитимна Комисија за подготовка на тие амандмани.

Иако текот на седницата покажа дека власта нема доволно гласови за да констатира потреба за отворање на уставот, а за да избегне неминовен тотален политички пораз, спикерот на македонското Собрание, поранешниот мајор на ЈНА Талат Џафери ја прекина седницата и продолжетокот го најави за некогаш, во неопределено време, кога за тоа ке се создаделе услови. Со други зборови, во стилот на она народната: гладна кокошка просо сонува: кога ќе се обезбеделе 80 пратеници за да гласаат за усвојување на уставните амандмани за промена на преамбулата на македонскиот устав со вметнување на делови од други народи кои живеат во Македонија.

Немам ама никавки сомнежи дека подземните лаборатории на длабоката држава кои со сета моќ се ангажирани на разнебитување на Македонија, веќе интензивно работат како да се надмине ваквата ситуација и да се обезбедат дополнителни уште десет пратеници (колку што, наводно им недостасуваат на власта до Парламентот за да гласаат за уставни измени, но знам дека нешто ќе смислат и ќе се обидат), тоа е повеќе од сигурно! Дали ќе пробаат да “купат” пратеници од опозицијата, тоа е можно, но не исклучувам и други методи (овој пат не ќе можат да го повторат сценариото со вадење притворени пратеници за да гласаат, како што беше за гласањето на промена на уставот со промена на државното име со додавката “северна”).

Како и да е, случувањата во македонското Собрание на 18ти август се огромен морален и политички поттик и за граѓаните да се отарасат од владеачкава ненародна коалициција на предвремени (посакувам) или редовни избори, бидејќи станува збор за власт која ја тормози земјата и народот цели седум години, а и нанесе толку многу зло, како никоја власт до сега!!!

И како што во повеќе наврати предупредив:  очигледна е навијачката и многу конкретна заложба на “меѓународната” за уставни измени кои, според мене не се ништо друго туку подметнување на кукавичко јајце (бугарите во Уставот на РМ) што на долги патеки ќе работи легитимно (!?), во рамките на уставот, на асимилација и бугаризација на македонската нација. Со тоа би се задоволиле и грчките шовинистицки кругови да нема нација која ќе се нарекува македонци, и истовремено би се елиминирало – според сценариото на длабоката држава од двете страни на Атлантикот, македонското прашање!

Честитки за пратениците од опозицијитата за нивниот цврст став и подршка да опстанат и да издржат со нивните непопустливи ставови.

Дами и господо пратеници од опозицијата, и не само вас, историјата ќе ве памети за вашето витештво!.

2. Славниот Илинден по традиција го чекам во манастирскиот комплекс Св. Наум, во духовниот мир што ме опкружува и зрачи од 11 векови древното почивалиште на светецот, од звукуот на манстирската камбана и писокот на пауните со искубани опашки од туристите, кои од година во година ги има во се поголем број. Како и шлаг на колачот тука се изворите на Црниот Дрим чиј спокој навистина раѓаат мир во душата.

На пат за манастирот задолжителна е паузата на Стража и освежување со познатите мекици, чаша јогулт и парче брсјачко сирење. Локалитетот Стража се посигурно станува задолжителна попатна станица на намерниците кои патуваат кон главниот град, или кон западот од Македонија. Но за оние што си ја сакаат оваа земја и се грижат за неа, неодминлив е шокот од купиштата ѓубре што се расфрлани на сите страни. Од конзерви, пластични кеси, хартии и речиси не е можно ни да пријдеш на ресторанот со мекиците или другите ресторани и продавници во комплексот, а канти за ѓубре се мислена именка.

Не знан во чија надлежност е комплексот Стража? На општина Маврово-Ростуше, Гостивар, Кичево или некоја друга? Не знам и дали за чистотата во комплексот е надлежна можеби “Македонија пат” или некоја друга служба, но некој  м о р а  да се грижи за хигиената во овој па до некаде и туристички комплекс! Па зарем господата од власта не поминуваат со своите или службените луксузни автомобили во двата правци и не прават паузи, а при тоа да се соочат со оваа грда слика? Имаат ли барем малку чувство на одговорност за имиџот на сопствената земја со која владеат и дебело се офајдија од нејзиниот буџет со лажирани и местени тендери?

Патот кон членството во Европската Унија не е само хартиологија и правни процедури, туку еден од врвните услови и приоритети е заштитата на природата и воопшто на човековата околина дами и господо од Илинденска б.б. Тоа е пред се ваша обврска, но секако и обврска за нас граѓаните да си ја чуваме и негуваме сопствената земја и нејзина преубава природа.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top