Коментари

Марија Емилија Кукубајска: Чувај своја хроника, Сара, Вера, Македон

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Умна, силна си како од искона, Сара, царице, мајко стара, мајко млада, Македонка светска.  Хибридни комарци бодат, се ројат против родот твој. Автономни оружја автономија цепат и на туѓ имотен лист ја лепат. Внатрешни и надворешни органи ти вадат и вештачки садат, парчат, ломат, арчат. А и тело и јазик одредуваат интегритет, идентитет – личен, народен. Ова не си ти. Не сме ние. Народ соголен, изабен, изеден, беспомошно да гледа. Брзаа, во се’ да не’ сменат, и пред светот и меѓу себе да изгледаме виновници.

 sara Сара, скулптура од Бруно Каталан

А целта која им е на новите терористи?

Здрава, невина жртва грабаат, со нездрави слободи и криви права!? Заштита од погрешните ли чекаме!? Исправи се, народе! Доста не’ одродуваа од се’ наше. Нов светски пат требало да не’ затрупа се’ до нивниот таен траен Трон? А Троновци знаат – ние златна стопа сме, лорандит струна во Европа. И зошто да не летаме на ист човечен погон, а не во прогон на наши умови од татковински богатства!? Вештачки к-умови, и земја и народ ни’ запишуваат за свои, ген им менат на децата, мајко, сестро, жено, девојко наша, Македонка.

Зависници од дрогирана лага да ги прават, тие феудалци вулгарни, анални, комунални, со централни агресори, скриени зад расипан закон. Си играат со народот наш. Лажно важни одлуки потпишаа, препакуваа комунизам, фашизам и феудализам против нашите човекови права. Учената Македонка слугинка да им биде, а беше учителка на народи, посветена на светска правда и мир, љубов и ред. Прогресираат анти-соседите сега, и низ затвори свират:

„Не смееш да си веќе она што си, туку само она што нашата био-етика ти одредува во дел од пеколот. Ред е Македонската трагедија да ја симнеме од с-цена. Наши Божествени комедии ќе ја сменат со дигитални, фатални богови, дизајнирани, ревидирани за патниците да заборават свои само-чувства. Суши, палежи, преселби – ви вадиме душа, тела се рушат.  Нова  Химна на радоста, ќе свири, а не Хор на затворениците. Вистина ви усмртуваме. Наше време диктираме сега, услови за ваше ништење. Решавање конфликти упростивме со наша наука: синтетика од смотана генетика и машини без етика, без совест. Дипломатите наши не признаваат морал, само златна кал. Империја ви изедовме, та не вас, нејзините остео-остатоци. Со наши обистинети лаги ве кремираме, ве сервираме во камена кора, од наши зделки издлабена мора.“ … Така диктира диктатурата на демократијата пост-човечна.

Иако се крши закон, и правото се криви, никој да не не’ штити од светска жетва на нашите органи, ни институции да не’ бранат од рации, од корнење на нашите плодни генерациски  култури… иако во терор, хорор, помор е Судбината на човекот, не иде вака! Доста е. И ние  сме трајни светски тестаменти. И ти Сарa, и ти Македон, природни интелигенции. Во кој  потпис, отпис, натпис ве нема – откажете го! Чувајте си хроника, станете, вистина бранете!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top