Коментари

ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е промакедонско, било и ќе биде

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Власта предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја разградува државата на македонскиот народ.

Нема сегмент од општеството кој не е уништен, нема ниту една здрава институција за да го спречи овој процес на разградување. Судството е под капата на актуелната власт и сето тоа допринесува цветање на криминалот и корупцијата, канцер кој уште повеќе ја уништува државата.

Согледувајќи дека во земјата светлата полека се гасат, околните мршојадци со аспирација кон нашата територија ја разграбуваат нашата историја, индентитет и култура.

Единствената сила која можеше да се справи со ваква ситуација се некорумпираните млади, но тие во потрага по подобар живот заминуваат од земјата. Остануваат само оние кои имаат редовни и добри плати и пензионерите. Тоа се оние пензионери кои ја граделе оваа земја и на кои во текот на транзицијата црвената боржуазија им го одзеде општествениот капитал, им ги одзеде акциите. Тоа се оние пензионери кои денес имаат дупки во работениот стаж поради нередовна исплата на придонеси во пензискиит фонд. Тие денес имаат минимални пензии со кои едвај да можат да преживеат.

Денес децата на црвената боржуазија, кои сметаат дека се предодредени да владеат, дека земјата е нивна имовина, продолжуваат со разграбувањето и разградувањето на земјата. Тие им го продадоа името, а сега им го распродаваат на мршојадците од соседството идентитетот, историјата, културата. Секој кој им се спротиставува е изложен на прогон и малтретирање, а пак пензионерите како сила која може да им застане на патот ги уценуваат со пензискиот фонд и ниските пензии. Додека власта си ги зголеми платите за 78 %, за пензионерите има само цркавица од 5.3 посто.

Меѓутоа, можеби токму пензинерите, заедно со останатите Македонци кои останаа во земјата гледаат како полека се гасат светлата на македонската држава, и час поскоро, заедно со опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе им пресудат на предавниците и криминалците. Тие не сакаат и нема да дозволат македонскиот народ да ја има судбината на Ерменците од Нагорно Карабах.

Свесни дека на следните избори ќе им се случи народ и дека ќе одговараат за сето извршено злосторство, СДС подготвува разни игри да остане ден повеќе на власт. Се подготвуваат да донесат Закон на амнестија со кој од затвор ќе излезат криминалци кои ќе бидат искористени од страна на власта во предизборната кампања или пак евентуално за воведување на вонредна состојба.

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ сето тоа будно го следи и се подготвува да спречи секој чекор во таа насока. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Втората годишна конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ оддржана во Струмица ќе изјави дека „доколку законот за амнестија се носи по скратена постапка и со злоупотреба на европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот.“

Време е опозицијата да ја спречи оваа разуздана власт, која се претставува како проевропска, а всушност со своите постапки работи против членството во ЕУ. Време е опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „повторно да го обедини македонскиот народ“ за да стави крај на владеењето на СДС и ДУИ. 

За разлика од нив, како што ќе истакне на Конференцијата лидерот на партијата Христијан Мицкоски: „ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане прозападна политичка партија.“ Меѓутоа, “ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија за македонско национално единство и е промакедонско, било и ќе биде. А мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот…“

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top