Коментари

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ е ден кога го славиме почетокот на антифашистичкото востание и Народноослободителната борба против силите на Оската и нивните слуги.  На тој ден во 1941 година, продолжувајќи ги слободарските традиции на македонскиот народ за создавање на слободна и независна македонска држава, ја започна борбата против фашистичкиот окупатор, застанувајќи на вистинската страна. Македонскиот народ застана на страната на антифашистичката коалиција, на прогресивната страна.

Македонските диверзантски групи многу порано пред 11 октомври имаа повеќе вооружени акции против окупаторскатафашистичка војска и полиција.

Познати акции се:уништувањето на германски авион на аеродромот во Скопје (јуни 1941), диверзијата на рудникот Радуша за земање експлозив (август 1941), судир кај тунелот Богомила (септември 1941) и др.

Сепак за почеток на организирано востание против окупаторите се смета 11 октомври 1941 кога 16 паризани на Првиот прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ја нападнал бугарската полициска станица-Участок, затворот и  телофонската и електричната мрежа во Прилеп,

Дејствија имало и во Кумановско, каде на 12 октомври 1941 година бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска, Карадачкиот одред бил разбиен на 14, а Козјачкиот на 17 октомври. Скопскиот партизански одред кој не бил информиран не учествувал во акциите на 11 и 12 октомври, но со своите активности од формирањето на крајот на август до распуштањето на крајот на октомври, допринел за продолжување на борбата.

Во текот на четиригодишната борба, овие партизански одреди ќе прераснат во доброрганизирана Народноослободителната војска на Македонија, која на крајот на војната 9 мај 1945 година ќе има околу 110.000 борци. Круна на оваа борба се одлуките на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година кога се исполенти аманетите и повеќевековните идеали на Македонците за основање на македонска држава.

Македонија сама се ослободи од фашистичката окупација, при што загинале околу 25.000 лица. Од нив најголем дел на фронтот, а остатокот се цивилни жртви и колаборационисти. Меѓу загинатите се и 7.144 Евреи кои беа депртирани од бугарскиот окупатор во 1943 година..

Денес, после 82 години од почетокот на антифашистичката борба, македонскиот народ е ставен пред нови искушенија. Соседите го негираат името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ и бараат ревизија на историјата. И додека се соочуваме со барања за ревизија на антифашистичката борба од каде Македонија го црпи својот државен и државотворен легитимитет, како и со низа други проблеми (економски, здравствени, безбедносни итн.), македонското општество е поделено.

Во време кога во срцето на Европа се води Руско-украинска војна, во време кога се релативизира антифашистичката борба во повеќе европски земји, во Македонија едноставно нема консензус по виталните национални интереси.

11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ треба да биде симбол кој ќе не опоменува дека Македонија не смее да потклекне.

Време е како во минатото, за време на Втората светска војна, да се сплотиме и да ги поразиме корумпираните, криминалните и антидржавни елементи во земјата кои ја разјадуваат државата.

Време е да ја отстраниме актуелнава власт која ги распродава националните интереси на Македонскиот народ.

Нека е честит и вековит празникот!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top