Коментари

Окружно за изучување на македонскиот јазик во Пиринска Македонија

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Македонско-бугарските односи се постојано актуелни. Како две соседни земји, двата народи имале тесни врски во минатото. Тоа не значи заедничка историја, туку постоела соработка на прогресивните сили на двата народи,  кои имале заеднички интереси и воделе здружена борба против заедничките непријатели, Овие односи биле и се дел од општобалканските односи и се важен фактор за мирот не само на Балканот, туку и пошироко.

Македонско-бугарските односи минувале низ разни фази – од негирање па до признавање на македонскиот народ, јазик и култура. Во поновата историја на овие односи се во криза, особено во периодот кога Македонија се обидува да стане членка на ЕУ. Ретроградните сили во Бугарија повторно ги вратија сенките на минатото, кога тие го негираа македонскиот идентитет, историја, јазик и култура и кога поради Македонија доживееја три национални катастрофи, за време на  Балканските, Првата и Втората светска војна.

Во период кога во светот се водат две големи војни, руско-украинската и израелско-палестинската војна, ваквиот однос има силно влијание врз политиката на безбедност во регионот и пошироко. Затоа официјалната бугарска политика треба да го смени курсот кој започна по резулуцијата на Инфорбирото во 1948 година, поточно од 1958 година,  кога Софија започна со негирање на постоење на македонскиот народ, јазик, историја, култура и одрекување на правата на Пиринските Македонци.

За да се смират тензиите меѓу двата соседни народи, Софија треба да се врати на времето по Втората светска војна кога го признаваше постоење на македонски народ, македонски јазик, култура и историја.

Подготвувајќи го населението во Пиринска Македонија за Културна афтономија и припојување кон матичната земја, областниот училишен инспектор, секретар на Обласната училишна инспекција при владата на НР Бугарија испратил „до сите околиски училишни инспектори, средишни директори, директори и управници во Горноџумајската област“ „Окружно за изучување на македонскиот јазик во Пиринска Македонија“ (документ, бр. 365 од 7: II.1948 г., гр. Горна Џумаја), во кое стои:

„ ..За да можат учениците полесно да го изучуваат македонскиот литературен јазик, како и за да се создаде што потесна врска со НРМ, за да се запознаат тие со животот во неа, потребно е да се спроведат следните мерки преку учителите што Ви се доверени:

1. Да се развие широка мрежа на дописници со НРМ на следниот начин: основните училишта со основни; одделение со одделение; организацијата „Септемвријче“ со пионерската организација; инивидуално допишување со учениците.

Содржината на писмата да се котролира од самите учители, а писмата да се упатуваат преку пошта. Покрај другото во писмата може да се бара од учениците во НРМ и следното: слики на народни херои, изгледи на градови, села, слики од изградбата на НРМ, слики на раководители и др. Од тие слики може да се направи училишен албум. Во писмата може да се бара и испраќање на разни билки што ги има во соодветното место за училишен хербариум. Билки да се испраќаат и одовдека.

2. Да се популаризира меѓу учениците „Пионерскиот весник“ и „Млад борец“ низ „разни акции меѓу учениците за претпата на горенаведените весници ( до 25 II. о.г. ѕреба да се спроведе оваа акција. Одговорете колку во секое училиште посебно добиваат „Пионер“ и „Млад борец“ и уште колку е потребно да ви испраќаме. Претплатата да се спроведе врз база на натпревар меѓу одделенија). Цената на весниците е 5 лева за примерок. Во одговорот да се соопшти што имате преземено за добивање на повеќе примероци од весниците.

3. Покрај сликите на Сталин и Димитров, во училиштата треба да се закачат и сликите  на Тито и Лазар Колишевски, југословенскиот и македонскиот грб, слики на народни херои и пароли низ кои ќе се издигнува творечкиот и националниот дух и низ кои ќе се создава поттик за учење кај децата.

4. Да се практикува правење на ѕидни весници на секои 15 дена во секое идделение. Издавањето на ѕидните весници ќе биде практична форма низ која може да се ползува активноста на учениците за совладување на литературниот македонски јазик, затоа е потребно сите ѕидни весници да излегуваат на македонски јазик. Ѕидните весници може да се издаваат и по повод на разни празници (11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ, 9 Септември – Денот на востанието на бугарскиот народ, 29 Ноември – Денот на прогласувањето на ФНРЈ) за народните херои и др. Во ѕидните весници може да се пишува и за училиштата и животот на учениците во НРМ, да се објаснуваат разни прашања како на пр. кој е народниот херој Карпош и др. Може да се организира и изложба на ѕидни весници помеѓу одделенија (со содржината и во поглед на техничката страна) и најдобрите ѕидни весници да се постават на видно место во градот или во селото. Ѕидните весници треба да бидат поставени на видно место по учениците, за да можат да ги читаат сите ученици.

5. Тетарските групи треба да се подготвуваат со помошта на македонските учители и да даваат престави на македонски јазик. За таа цел училишната библиотека треба да биде снабдена со театарски пиеси од најблиското читалиште. Таму каде што досега нема театарска група, треба да се формира според локалните услови.

6. Хоровите да подготвуваат песни на македонски јазик. Ако училиштето не располага со такви песни, учителите по пеење таквите песни треба да ги научат од македонските учители. Тие треба да побараат од нив да им испеат некои песни и мелодии, а после да се подготвуваат во хоровите. Кога хорот излегува да пее пред народот, најдобриот ученик треба да биде одбран за диригент.

7. Внатре во хоровите да се организираат и фолклорни групи, до колку не се формирани, во кој ќе се играат македонски национални ора. За таа цел треба да се ангажираат учителите по фискултура. Тие треба да се поврзат со учителите од НРМ, кои ќе им покажат такви ора.

8. Фолклорните групи. хорот и театарските групи треба да одат заедно и заеднички да организираат приредби, а исто така заеднички да ги обиколуваат селата.

9. Таму каде што во училиштето постои микрофон, редовно треба да се ползуваат учителите од НРМ кои ќе предаваат задолжително на македонски јазик.

10. Во програмите на литературните и музичките приредби што ќе се приредуваат пред народот и учениците треба да се уфрлат покрај бугарските и македонски и југословенски точки.

11. Во секое училиште каде што има радио апарат треба да се организира редовно слушање на Радио-Скопје (средни бранови 241,9), а особено на пионерските часови.

12. Да се организираат литературни кружоци за изучување на македонскиот јазик и историја.

13. Училишните библиотеки да се снабдат со литература на македонски јазик.

14. Во секое одделение каде што постојат библиотеки, тие треба да се снабдат со литература на македонски јазик (таму каде што не се формирани треба да се формираат, а за нивното снабдување да се ползуваат прилозите од забави).

15. Да се формираат курсеви за изучување на македонскиот јазик од страна на учителите.

За исполнување на горното, средишните директори треба секој 5-ти во месецот да поднесуваат извештај преку околиските до обласната училишна инспекција. “

(извор: „Од признавање до негирање“,1970, Скопје)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top