Коментари

КАКО ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СО ОВИЕ НЕКАДАРНИЦИ???

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Речиси нема повод, а особено кога е некој државен празник, актуелниве што се на власт во нашата Македонија да не повикаат на единство, обединување и други апели што – како што покажува праксата, се само празни флоскули без суштина и вистински смисол бидејки постојано го работат спротивното и се дистанцираат од сите оние (не само припадници од опозицијата) што не мислат како нив.

Да го земеме како пример лицето Стево Пендаровски кој како шеф на државата буквално никогаш не најде за потреба да се консултира, а камо ли да прифати став на опозицијата. Тоа е не само недостаток на политичка култура, туку и непочитување на самата функција “шеф на државата”, што популарно ја нарекуваат и небаре “татко на нацијата”.

И самиот доживеав неколку такви непријатни ситуации последниве месеци. Во август, пред годишнината од Референдумот од 8ми септември 1991, се јавив на директорката на Музејот на револуционерната борба за да подарам моја лична донација – предмет непосредно врзан со тој настан што го реализиврав јас лично со колегите од Министерството за информации! Го дадов мојот приватен теленфон, но таа никогаш не ме удостои да ме побара, иако вети дека ќе ми се јави!

Но следново искуство мислам дека вреди да го споделам со пошироката јавност за да ја информирам што се случува во нашето секојдневие. Имено, повеќе пати протестирав до претседателот на Собранието на РМ г. Талат Џафери зошто на манифестациите по повод Денот на независноста 8ми септември не се канат пратениците од првиот пратенички состав на Собранието кои донесоа одлука за организирање референдум за независност и членовите од Експертската влада на акад. д-р Никола Кљусев кои го  р е а л и з и р а а  референдумот! Ниту едните ниту другите никогаш не беа уважени и почестени на било каков начин изминативе 32 години, а сметам дека без сомнеж тоа го заслужуваат, бидејки токму тие ги поставија темелите на современата македонска суверена и независна држава!!! Наместо пратениците и министрите од експертската влада (голем број и од едните и од другите веќе се починати), на приемите во Собранието по тој повод беше канет освем лицето Стојан Андов кој дезертираше на денот на референдумот и не гласаше за осамостојување на Република Македонија. Но годинава ниту тој изгледа не беше на споменатиот прием во Собранието.

На моите протести уследи постапка од надлежните во Собранието што е најблаго речено зачудувачкa! Имено, дали по налог на претседателот на Собранието, поранешен мајор на ЈНА а подоцна командант во терористичката УЧК, кој и тој самиот не учествуваше на Референдумот за независност, како и мнозинството негови сонародници – албанци, или е гаф на администрацијатаво Собранието, во што не верувам, и минатата година, но и оваа, добив покана во смисол: “Те канам, за да не ми дојдиш”.

На 24. октомври, на мое големо изненадување, во поштенското сандаче најдов препорачано писмо од претседателот на Собранието со печат од 4ти септември и внатре покана за прием на 7ми септември по повод 8ми септември Денот на независноста и државноста. Поканата со архивски печат е заведена под бр. 09-4233 од 31.08.2023, но ја добив речиси еден месец и половина подоцна!? Случајност? Не верувам дека е случајност бидејки се случува по втор пат. Истото ми го направија и минатата година!

Па добро бе луѓе и нелуѓе од актуелната власт, па како замислувате единство и сплотување кога се однесувате вака негаторски и потценувачки кон оние што не мислат како вас? Зарем не сваќате дека ваквиот ваш однос не води никаде, особено НЕ за доброто на нашава заедничка татковина – Република Македонија што ја доведовте на просјачки стап и ја ништите по сите основи? Има ли нормални луѓе меѓу вас кои размислуваат космополитски и со меѓусебна толеранција за да речат “Доста е! Ајде да работиме заедно за наше заедничко добро и за доброто на идните генерации”.

Засега не гледам такви лица во оваа номенклатура што ја тормози и разнебитува државата која треба што поскоро да си замине!!!

Патем, сеуште чекам термин за средба, на мое барање, со претседателот на Сојузот на борците од НОБ др Никола Стпојановски.

Изборите ни се неповторлива шанса да се ослободиме од оваа неман!!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top