Коментари

Мартин Треневски: ФАШИСТИ – АДМИНИСТРАТОРИ

Martin Trenevski 1

1martin1

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 213

1. Скопје на 13 ноември го одбележа денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. Токму така – ослободување од фашистичкиот окупатор, како што беше истакнато во бројните соопштенија и обраќања при полагањето на свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на споменикот на ослободителите на Скопје и други меморијални обележја забележливо беше дека се избегнуваше да се спомене од кој фашистички окупатор беше ослободен нашиот главен град!? Па Скопје четири години беше под окупација на бугарските фашисти, а на прсти можат да се избројат деновите кога градот беше и под германска окупација – на почетокот од окупацијата во 1941 и по капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9ти септември 1944 година!

Очигледно притисокот од званична Бугарија врз владеачката номенклатура во Македонија веќе покажува дека нивните (бугарските) ставови веќе се прифаќаат и, наводно, тие не биле окупатори туку “администратори” (!?) Но ако пак заклучиме од соопштенијата по повод 13 ноември и 79 годишнината од ослободувањето на Скопје од неименуваниот фашистички окупатор, поаѓајки од ставовите што ги наметна фамозната историска комисија испаѓа дека бугарите демек да ти биле фашистички администратори!? Вистинско лудило, зарем не!?

2. Уникатниот и неповторлив Димитар Ковачевски – Таче, што го нарекуваат Ќурка, веднаш по објавувањето на застрашувачкиот извештај на Европската комисија летна за Париз каде со мадам Ковачевска беше угостен на вечера од францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата. Во Париз Таче се сретна и со престолонаследникот на фондацијата Сорос, Александар Сорос, кој сега – во името на татко му – злогласниот берзански шпекулант Џорџ Сорос, ровари против владите што не им се по воља на длабоката држава отаде Атлантикот. Случајна средба? Во никој случај! Па вакви средби се редовна појава секогаш кога во Македонија престојат ибори, а длабоката држава преку фондацијата Затворено, односно, Отворено општество (?), пумпа кеш за поткуп на гласачи се со цел, по секоја цена, нивните избраници да добијат на избори и на тој начин длабоката држава да си обезбеди влијание и контрола во земјите на кои ќе се намерачат!

Се сеќавам кога пред едни избори кај нас лицето Зоран Заев имаше средба со Џорџ Сорос во елитниот виенски хотел Риц, на која стигна инкогнито, со спореден страничен лифт од хотелот, а не од главниот влез, а замина од средбата со неколку вреќи полни со пари да им се најдат за изборите на СДС и коалицијата!

Предлагам новата влада на Македонија да го прогласат секој Сорос за непожелна личност (persona non grata) и барем симболично да се отарасиме од ова зло што влијае и ни се крои судбина.

 3. За време на престојот во Виена Таче Ковачевски остварил средба со косовскиот премиер Албин Курти на која, според соопштението од владата, “разговарале за дијалогот Белград – Приштина”. Не знам што има Таче да разговара на таа тема кога никој, ама баш никој не го прашува него во врска со тоа!?

Наместо да глуми дека е некој фактор на меѓународен план, ќе беше корисно ако Таче го прашаше Курти кога ќе ни ги предатат убијците на петте млади македонци кај Смилковското езеро што ладнокрвно ги ликвидираа албанските фанатици, од кои двајцата егзекутори Демири и Алиловиќ, со години спокојно си живеат на Косово.

Иако истрагата и по 11 години не успеа да го открие мотивот зошто беше извршено крволочното убиство, за да помогнам – сугерирам случајот да се стави во историски контекст – беше сторено во април 2012 година, т.е. само еден месец од самитот на НАТО во Чикаго!?

4. Претседателот на бугарското Собрание Росен Димитров Жељазков не почести на 14. ноември со званична посета, при што беше отворена репрезентативната изложба “Tрачко сребро”. Изложбата секако е редок настан достојна за презентација во најелитните музеи во светот како Метрополитен во Њујорк, Британскиот музеј во Лондон, или Лувр во Париз, а перманентно се чува во историскиот музеј во Софија.

Арно ама, речиси целиот простор на првиот спрат од  споменатиот Историски музеј во Софија се изложени непроценливо вредни експонати украдени од црквите и манастирите во Македонија, меѓу кои е и оригиналната круна на Охридските архиепископи отуѓена 1916та година со уште 95 предмети од ризницата во црквата Св. Богородица Перивлепта од Охрид, златните маски од Требеништа, струшко и многу други.

Би било редно овие предмети што поскоро да ни се вратат, како што вети во една прилика и фанатизираниот македономрзец, директор на историскиот музеј во Софија Божидар Димитров!

11Martin1 Круната на охридските архиепископи

Домашните медиуми медитираат на темата: кој е мотивот што по повеќегодишната непријателска кампања кон Македонија од званична Софија, сега новата гарнитура на власт во бугарската престолнина се претставува одненадеж во вакво позитивно културно светло!? Гест и манифестација на знак за јакнење на добрососедски односи? Секако! Но јас сметам дека по среди е нешто друго. Имено, на анкетите објавени неодамна во македонија, на прашањето: кој сметате дека е најголем непријател на Македонија, дури 80% од анкетираните изјавиле – Бугарија!!! Верувам дека овој податок и тоа како влијаел многумина во соседството да се запрашаат каде води нивната непријателска политика кон Македонија. Сметам дека и спонзорите на Бугарија на меѓународен план им имаат порачано да намалат со притисокот и игнорантскиот однос кон шатата земја бидејки таквата политика создава во Македонија несомнено спротивен ефект!!!

5. Една од актуелните теми во моментов во Македонија е предлогот на нов закон за игри на среќа и тоа со европско знаменци, т.е. по итна постапка, иако истиот нема никаква врска со европското законодавство, а од Брисел во извештајот на ЕК јасно ни укажуваат дека тој институт (европско знаменце) многу често се злоупотребува од власта во Македонија! Нема да го коментирам тој предлог-закон – тоа е работа на пратениците, но ме запрепасти сознанието дека Државната лотарија на Македонија бележи загуби (?) години наназад (замислете – лотарија во загуби, неверојатно), а за кирија плаќала дури 2,5 милиони евра годишно за просторот во село Визбегово, Скопско, во сопственост на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, магнат со бизнисот на горива и еден од позначајните финансиери на ДУИ. Патем, директор на Државната лотарија на Македонија во моментов е Албанец, кадар на ДУИ.

Колку само младински организации, спортски и културно-уметнички друштваа, клубови и други организации ќе можеше да се финансираат со тие пари од коишто сега, од Лотарија, најголем дел завршуваат во приватни џебови, на пример кај борците на терористичката ОНА!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top