Коментари

Ламбе Арнаудов: Премиерот во посета на Специјалната болница „Бардовци“

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Едно рано утро, премиерот на државава и земјава, која ја наследил од татка си, и затоа ниту знае како ѝ е името ниту пак го спомнува, А зошто да го знае? Доволно е тоа што тој знае дека државата е негова, наследена со тапија и ќе ја вика како сака, поточно никако, видно задоволен и максимално грижлив, се преиспитува себе си колку и што добри работи направил и дали нешто или некого заборавил.

Од кога самиот се уверил дела направил многу односно сé, почнал да се присетува на сите негови успеси и лични заслуги.

Со неговата заразна насмевка, полн со себе се “радувал“ на благосостојбата во која живее народот, големата куповна моќ на населението, бесплатната храна на учениците и полните торби со бесплатни учебници, нахранети студенти со изобилна и квалитетна храна секако разновидна, преку задоволните и благодарни пензионери кои секој ден шетаат по улиците.

Од друга страна видно налутен од “неискреноста“ на девојчето од Кривопаланечко кое во името на десетици илјади нејзини врснички се “осмелило“ да обелодени дека е гладно, измрзнато и со разрушен кров над главата, едвај преживува.

Продолжил да прелистува во својата глава, колку го подобрил правосудството, да биде високо правно и праведно, згора над сé еднакво за сите. Безбедноста на граѓаните ја подигнал на највисоко ниво, така што нападите на личниот интегритет и непосредните опасности по животот на граѓаните и го намалил само на околу стотина на ден.

Изразил големо самозадоволство што криминалните мега скандали се во најнепосредна близина до него, така да не се грижиме тој ги знае сите, дури и тие од дома, а како врвна заслуга за успешното справување со криминалот, што себе си ја препишува, е тоа што најтешките криминални дела се случуваат во присуство на многу народ во кафеани, на улица сред бел ден, молови, гаражи, домови заеднички и со тоа допринесувал полесно да се откриваат сторителите на овие тешки кривични дела, убиства.

Пресреќен е што животниот стандард го подигнал на високо ниво и сега само 500.000 луѓе (речиси половина од населението) во неговата држава живеат со 100 денари дневно, а околу 50.000 деца се гладни, необлечени и необуени.

Инф  лацијата е секојдневна ама не расти многу со по пет проценти дневно.

Најавените реформи некој друг му ги попречува, иако државата е лично негова, наследена, од што и произлегува неговата апсолутна привилегија сам да ги решава работите, ама тој кој му ја оставил во наследство и самиот не знаеше, така овој немаше од кого да научи ама според и многумина воопшто немал дарба уште од детство до денес.

Меѓународната позиција на својата држава е закована на дното на лагите, измислени вредности, глупави решенија, па би рекол и велепредавнички тенденции со што ја шокира меѓународната заедница, па тие не знаат дали грешно им кажува или тие криво го разбираат.

На крај секако најмногу се радувал на своите успеси во грижата за здравјето на луѓето.

Тука постигнал според своето лично само признавање такви успеси што треба да е горд на себе.

Починати бебиња, сепси, неодговорни доктори, тепачки на клиники, секс скандали, пациенти без инсулин, оние со ретки болести оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат, болнички услови нула и на крај случајот ОНКОЛОГИЈА, но со шпанско сериско продолжение на набавки на лекови со ист добавувач каде што доминираат, апсолутна снабденост со лекови ама кои не требаат и не се за граѓаните туку за подрумите, а парите за скапи автомобили, јахти, дуплекси, шетања по светот и оргии полни со перверзија.

И тогаш таман да се израдува на сопствениот успех, дека сé направил како што “знае и умее“ за својот аргатски тим во сопствената држава, умен човек кој не остава ништо на случајност, му текнало што заборавил.

Да, Специјалната болница БАРДОВЦИ.

За сам себе да ја оправда својата совест, решил веднаш да ја посети болницата и тоа сам. Нели со такви резултати од своето работење како и секаде и таму ќе е прифатен како нивен најблизок.

Седнал во личниот автомобил, отишол меѓу “своите“, лично се уверил во нивните страдања и измачување, неадекватната терапија, без санитарни мрежи, со неисправна вода за пиење, разурнати ѕидови и кровови и тешки прангии железни со кои биле врзувани потешките пациенти.

Од кога се уверил и ги посочил самите пациенти за главни виновници за сета состојба, како одговорен прв функционер кој се грижи за своите, сепак ветил дека нема да ги остави сами со својата несреќна судбина.

После подолга дружба со несреќните пациенти конечно излегол во дворот, и се стаписал кога видел дека едното тркало од автомобилот негов го нема, и тоа со се бандаж и со се четирите завртки. Ете, и покрај сé имало и незадоволен.

Видно возбуден и разочаран, се држел за глава и не знаел што да прави.

Тогаш му пришол некој пациент и го прашал што е така несреќен.

Ајде бе бегај, гледаш дека ми го украле едното тркало и сега не можам да си одам.

Пациентот бил упорен и го прашал: “Имаш ли резервно? “Имам“.

“Па стави го резервното тркало“ – одговорил пациентот.

“Како да го ставам кога немам завртки“ – рекол луто премиерот.

“Од овие три преостанати тркала ќе извадиш по една завртка, ќе ги ставиш на резервното и така сигурно ќе стигнеш до првиот сервис“

Премиерот восхитен од пациентот радосно го прашал: “Како ти текна бе ова?“

“Ако сум будала не сум глуп“ – гласел одговорот на пациентот.

На крај одговорот што ви го ветив драги читатели од загатката.

МИСЛИТЕЛОТ капата (целта) ја ставил на врвот на цевката каде излегува куршумот.

НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА – ИМА ГОЛЕМА.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top