Коментари

СПИЈТЕ МИРНО – ДОАЃА И ЛАВРОВ

Martin Trenevski 1
1martin1
Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
Скопје последнава недела од ноември ќе биде вистинска кошница преполна со ептен високи гости. Деновиве во дводневна посета ни доаѓа Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а на крајов на месецов е завршната конференција на македонското претседавање со ОБСЕ на која е најавено присуство на над 70 делегации, предводени од педесетина министри за надворешни работи од Европа и Северна Америка, како и шефови на бројни меѓународни организации.
   Не се соопштени темите на разговорите на Ген-секот Столтенберг со неговите македонски соговорници, но со сигурност може да се поретпостави дека во прв план е војната во Украина, безбедносните состојнби и предизвици во Западниот Балкан, како и руското и кинеското влијание во регионот. Закажана е и средба со шефовите на држави или влади на земјите членки на Алијансата – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија и тоа во Скопје.
    Кога сме кај НАТО, интересен е патот на Македонија до полноправно членство во Алијансата. По Референдумот за независност од 8ми септември 1991 година, во Македонија преовладуваше едногласие за иднината на земјата како полноправна членка на Европската Унија и НАТО! Бевме свесни дека членството во ЕУ е подалечна перспектива заради формалностите во преговорите, но во прв план и заради пречките што беа во најава од некои наши соседи. Македонија вредно пријде на реформите дома, во системот на одбраната, но и со меѓународните активности. Бевме меѓу 10те водечките земји-кандидати за члество со паролата “Со јато, во НАТО”, но големото проширување помина, а ние извисивме (на соседите им пречело името на нашата земја!?). Со цел да се амортизира гневот заради ускратената покана за членство и тоа не само нам, туку и на Албанија и на Хрватска, САД ја иницираа таканаречената Јадранска група, т.е.Македонија, Хрватска, Албанија и САД кои не подготвуваа за членство, но се случи фамозниот самит на НАТО во Букурешт 2008, каде Грција стави вето (Ах тоа проклето вето! Кој ли го измисли?) и повторно извисивме! А претседателот Буш дури три пати изјави во Букурешт дека е среќен што Алијансата ќе биде проширена (на самитот во Букурешт) со три нови членки: Маседониа (Македонија секогаш ја спомнуваше како  п р в а  од кандидатите), Кроејша (Хрватска) и Албанија! Се поставува прашањето дали е можно претседателот на САД да не знаел за грчкото вето!? Можжеби, доколку Стејт департментот и ЦИА не го известиле!? Американската дипломатија, во прв план Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи) свати дека нивната концепција за прием и на Македонија – со што би се комплетирала проектираната вертикала на членки на НАТО од крајниот север на Европа до крајниот југ на континентот (им фали само уште Србија)
не поминува заради грчкото инаетење заради името на нашата земја Заради тоа, тие ја применија нивната позната тактика  “со милост или со сила” – ја турнаа патриотската влада на ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски, го донесоа лицето Зоран Заев на власт, направија хаос во земјата со бојосување на згради и Шарена револуција што резултираше со договорот од Нивице и промена на Уставот и утавното име на нашата земја и повеќе немаше проблем – Грција ја симна блокадата за прием на РМ во НАТО и Македонија на 24 март 2014 година постана полноправна членка на Алијансата.
   Различни се чувствата денес меѓу нашите граѓани за членството во НАТО, но лично сметам дека тое е   д о б р а   работа што сме внатре, пред се заради членот пет од Вашингтонската декларација од 1949 според кој имаме гаранција од сите членки за безбедноста и целовитоста на нашата земја која е опкружена со агресивни соседи (а и одвнатре) што не ни мислат добро ни како нација, ни како држава.
   НАТО нуди на членките и бројни економски можности за снабдување со опрема и други материјали, но дали ќе ги искористиме сега кога веќе сме рамноправна членка тие можности зависи пред се од самите нас, а се разбира и од нашето снаоѓање и лобирање во Алијнсата поради многу силната конкуренција од останатите членки.
   Колку за потсетување, идејата за поспешување на македонскиот од кон полноправно членство во НАТО, пред се  преку афирмација на придобивките од тоа членство и тоа со формирање на Атлантскиот совет ја донесе во раните 90ти години од минатиот век министерот во Експертската влада др Александар Лепавцов. Но таа идеја не заживеа (очигледно на некои структури во земјата не им беше по воља дека ВМРО-ДПМНЕ се иницијаторите за формирање Атлански совет на РМ!?), за денес истата да биде узурпирана од индивидуи во Атланскиот совет на РМ кои немаат никаква врска со атлантизмот.
   Нашето членство во Алијансата ќе биде забележено и по еден невиден скандал што се случи за владењето на лицето Зоран Заев. Имено, иако во седиштето на Алијансата како земја-кандидат имавме комплетна мисија, владата предводена од споменатото лице, по сугестија на ДУИ, именуваше “Специјален пратеник” за НАТО во Брисел, во лицето Лазар Еленовски, што несомнено предизвика големо чудење меѓу надлежните во Алијансата во смисол “Што по ѓаволите се случува???” А истата таа влада на ДУИ и СДС не се потруди со години да именува амбасадор на РМ во НАТО и церемонијата на кревање на националното знаме на РМ – што симболично се манифестира приемот на земјата во полноправно членство – помина за прв пат во историјата на Алијансата, без присуство на амбасадор на новата членка!
   Ете, тоа се некои дребулии за историјатот на приемот на нашата земја во Алијанстаа, но и на грдото лице и наличје за нас самите.
   А што се однесува до скорешниот самит на ОБСЕ, засега само слушаме најави дека ќе бил “историски” и дека се очекувале “крупни” одлуки!
  Но едно е извесно: Конечно е расчистена дилемата и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека доаѓа во Скопје, значи можеме мирно да спиеме.
П.С. Се надевам дека градоначелничката на Скопје Данела Арсовска, конечно ќе го исчисти Скопје, ќе ги осветли скопските улици и позначајни објекти како Владата, Калето, Собраието и други, бидејки ова е ретка прилика да се покажеме пред светот во што поубаво светло!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top