Коментари

ПОВОД – МИНИСТЕРСКИОТ САМИТ ВО СКОПЈЕ: ГРАДОТ ТРЕБА ДА СЕ САКА ГРАДОНАЧЕЛНИЧКЕ АРСОВСКА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасаодор

Скопје неделава ќе биде политички центар на цела Европа, па и пошироко. Во градот ќе се одржи завршниот состнок на високо – министерско ниво на Организацијата за безбедност и соработка во Европа /ОБСЕ/, на која ќе учествуваат седумдесетина делегации на министри за надворешни работи од сите европски земји, САД и Канада и дваесетина меѓународни организации.

Ова секако е најголем меѓународен настан што воопшто се одржал до сега во нашиот главен град, а веќе е потврдено и доаѓањето на Државниот секретар на САД Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Состанкот на ОБСЕ ќе биде запаметен по многу нешта, пред се бидејќи се одржува во време кога на стариот континент се случува крвавата војна помеѓу Русија и Украина; има бројни проблеми во регионот на Западниот Балкан (ситуацијата во Босна и Херцеговина и северно Косово), но во тек е и војната во Газа која не остава рамнодушан ниту еден меѓународен фактор.

Освен на пленарните седници, сосема сигурно е дека во салата “Борис Трајковски” ќе се случуваат многубројни билатерални средби бидејки ретка можност е скоро сите министри за надворешни работи од Европа, САД и Канада да се најдат во исто време на едно место! Иако доаѓањето на Сергеј Лавров беше под прашање до пред некој ден заради забраната руски авиони да прелетуваат во вознушниот простор на ЕУ, но и над земјата-домаќин на состанокот, Македонија. Македонското МНР му упати покана и на Лавров за учество на министерскиот состанок во Скопје, што тој ја прифати и со пиетет го нагласи тоа пред некој ден на прес-конференцијата во Москва пред неколку стотини присутни! Во меѓувреме од ЕУ стигна потврдата дека се согласни неговиот авион да прелета и над нејзината членка, Бугарија.

И самиот сум љубопитен каде ќе се паркираат пет-шеесет, а можеби и повеќе авиони на скопскиот аеродром, и каде ке се сместат над илјада членови на делегациите со обезбедување и пратечки персонал кои се најавени дека доаѓаат на овој важен меѓународен настан. Од македонското МВР соопштија дека цела година работеле на подготовки за безбедноста на делегациите за да се избегнат гужви на не баш широките скопски улици, а за скопјани четвртокот и петокот неделава се прогласени за неработни денови токму за да се избегнат непотребните гужви и нервози.

Останува да следиме преку дирекни преноси и посебни извештаи што се ќе се случува на конференцијата, а засега е сигурно само дека следен претседавач на ОБСЕ во 2024 година ќе биде Малта.

Република Македонија како земја домаќин и Скопје како град секако треба да сме горди и задоволни за одржувањето на завршниот состанок на членките на ОБСЕ бидејки тоа е и неповторлива прилика за наша дополнителна промоција и афирмација на меѓународен план, но тоа сепак во голема мерка ќе зависи од самата организација на конференцијата, како и од впечатоците што ќе ги понесат гостите, посебно каков имиџ ќе стекнат и ќе претстават во нивните извештаи за нас како земја и град домаќини неколкуте стотини акредитирани новинари од целиот свет.

Но не можам а да не упатам неколку отровни стрелички за нас како земја и особено како главен град на држава што има аспирации да стане членка на Европската Унија!

Во прв план за местото каде ќе се одржува самиот настан, салата “Борис Трајковски”. Таа сала е  с п о р т с к и  објект пренаменет и адапритан за оваа прилика како некаков конгресен центар во којшто со голема сигурност ќе биде претесно за стотиците непосредни учесници и делегации на конференцијата, а можам само да претпоставам какви ќе бидат условите во просториите пренаменети за билатерални средби – што се неизбежни за ваков вид на конференции, како и за ве-це-ата, рестораните, кафеата, а да не го заборавиме и ограничениот паркинг пред и околу салата. Колку за потсетување: Скопје имаше комплетен саемски центар со раскошна огромна хала Бр. 1, која можеше да ги собере сите илјада акредитирани гости во исто време. За жал, Скопскиот саем беше задолжен кај Комерцијална банка, а таа го продаде целиот комплекс на ивеститор од Албанија кој ги сруши халите и на нивно место изгради трговски центар “Ист гејт” и неколку грозоморни многукатници. 

Некој би требало да биде земен на одговорност заради овој злостор!!!

Но нешто што особено ме тревожи е /не/хигиерната во Скопје. Незнам дали градоначелничката Данела Арсовска е свесна за димензите на овој настан и неговата важност што ќе се случува токму во “нејзиниот” град. Освем неколку машини што шпартаат и собираат есенски лисја по ул. “Илинденска” што ќе биде главна артерија кон местото на настанот и неколку блиски улици до салата “Борис Tрајковски”, не видовме нешто друго да се случува!? Искршени канти и контејнери за отпад, како и дрвени клупи за одмор, пластични флаши и кутии за цигари расфрлани насекаде се грдата реалност што бројните угледни посетители ќе понесат како дополнителни (лоши) импресии од посетата на нашиот главен град. Ако воопшто Данела (не знам само кој ли ни ја подметна за градоначаалничка???) мисли дека овие проблеми ќе ги санира за ден-два, или живее во облаци, или е преголема оптимистка.

Не знам што е замислата во главата на градоначелнилката Данела Арсовска, но барем тие неколку дена нека пушти срце заради градот и граѓаните на Скопје (Скопје треба да се сака госпоѓо Арсовска,, токму така:пред се и над се да се сака!) и заради сите нас во Република Македонија!!! Ако и недостасуваат идеи – да и помогнеме: нека го осветли градот, скопското Кале, зградата на Владата и Собранието, па нека постави и некои лампиони над трасата по која ќе се движат делегациите, барам малку од малку да го разубави градот!

Па затоа ја плаќаме сите ние, граѓаните, зарем не!? Впрочем, таа важи за успешна менаџерка, па ајде да видиме дали ќе се снајде да ја изменаџира оваа единствена и многу важна операција за сите нас!!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top