Коментари

ЗА ДВОЈНОТО ЅВЕРСКО УБИСТВО, ЗА ИЗБОРИТЕ И НАШИНКИТЕ ВО ГАЗА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен м инистер и амбасадор

Македонија одамна не била во ваков емотивен шок каков што беше неделава што помина, а шокот и понатаму не врзува пред ТВ екраните сите, без исклучок, за да чуеме што ново ќе дознаеме од истрагата за двојното ѕверско убиство на велешанецот Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска, обајцата киднапирани од петмина манијаци и обајцата убиени на најсуров начин.

  Скопското јавно обвинителство и МВР конечно излегоа пред јавноста за на прес-конференција да соопштат до какви сознанија дошла истрагата, но она што ни го соопштија (а многу работи сеуште не се познати и има премногу нејасностии во целата ова афера), е повеќе од шокантно!

  На пример, како човек да свати дека е воопшто можно таткото да им јави на киднаперите кога неговата сопствена ќерка го напушта станот, за тие да ја начекаат во влезот од зградата, да и ги врзат рацете и нозете и во вреќа за спиење да ја пикнат во гепек од кола, за по само два и пол часа потоа да биде сурово ликвидирана со истрел од пиштол. Дури имаше информации дека девојчето било мачено во стилот на инквизицијата и имала повреди на рацете и лицето!? Како? Па зарем кутрата Вања не спиштела кога ја нападнале во ходникот киднаперите и и ги врзувале рацете и нозете? Па зарем никој во зградата со полно дуќани на приземјето не слушнал што се случува таму?

  Друг пример: на телезиите покажаа снимки од остатоците на возилото со кое е довезена Вања во близина на скопското село Бразда, каде што е убиена и закопана. Не сум експерт за вакви работи, но се чудам како е можно од запалено возило да остане само пепел, стакла и изгорена пластика, но не и шасијата и моторот што се направени од метал и не може да изгорат? Можеби прашањето звучи наивно, но сепак прашувам (или можеби некој намерно предвреме ги тргнал од местото на злосторот?).

  Но пред убиството на младата Вања истите убијци го ликвидирале и велешанецот Панче Жежовски и тоа, според званичната верзија, за долг од само 500 евра (пет стотини евра)!? Да се чудиш и да не веруваш!!! Некои медиуми сепак тврдат дека убиениот се знаел со убијците и заедно трагале по злато во тунелите кај Демир Капија и можеби тука лежи мотивот за неговата ликвидација (Пред триесетина години се прочу афера дека многу висок полициски службеник пронашол богатство во споменатите тунели скриено од нацистите при повлекувањето на фелдмаршалот Ромел од Северна Африка, а дел од тоа богатство истиот полициски големец со хелипоптери го пренесувал до Црна Гора и од таму до јужна Италија. Полицискиот функционер е пензиониран по кратка постапка, но сега спокојно си живее во хациенда под манастирот Нерези).

  Читателите можат да дознаат многу детали од сите Мак. медиуми во кои двојното убиство е тема на денот. Последна вест е дека четворица од киднаперите се веќе во истражен затвор, а по двојниот убиец, монструмот Љупчо Палчевски – Палчо кој го извршил двојното убиство, (тој е поранешен претседател на градскиот комитет на СДСМ за Скопје и продукт на македонските подземни служби од времето на валканата транзиција), кој е во бегство, е распишана меѓународна потерница! Криминалистичките стручњаци тврдат дека на убиец ниту една земја не би му дала азил и кога и да е тој ќе се соочи со заслужената казна. Една рабта им е заедничка на петмината киднапери и убијци: сите биле соработници на полицијата и припадници на една иста партија!

Палевски уапсен во Баликесир-Турција. Палевски од Баликесир сакал да замине во Истанбул. Најмил такси за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул. Палевски е уапсен од турската полиција додека одел пеш низ градот Баликесир.

Народот вели: било – да не се повтори!!!

2. Случувањата во Газа повторно се топ тема на светските медиуми. Но овие случувања имаат и емотивна врпца со нас во Македонија. И не само заради невините цивилни жртви кои секојдневно страдаат, туку и заради некулкуте стотини македонки кој живеат таму!

    Еден ден во Министерството за иселеништво секретарката ме контактираше и вели:”Ве бара една жена од Газа и сака да се чуете”! Бев прилично изненаден бидејки не познавав нити една дама од Газа и се прашував која би можело да биде таа што ме бара и зошто се јавува? Кренав слушалка и љубезно и се обратив. Се претстави (и го заборавив името) и рече дека е по потекло од Велес и дека е мажена за Палестинец кој студирал во Македонија. Замоли ако е можно, Министерството за иселеништво да подготвува и да им испраќа информации за случувањата во Македонија. “А колку ве има”, запрашав. “Не има преку 200 македонки кои сме мажени за палестинци кои студираа кај нас, имаме и свое друштво”, додаде таа. И ветив дека ќе се обидиме да им излезиме во пресрет, но, за жал ветувањето не го исполнив бидејки од Министерството за иселеништво ме префрлија во дипломатија и така заврши таа епизода.

3. Веќе е договорен датумот за изборите идната година. Лидерите на политичкиte партии на средба во Собранието во понеделникот (4ти декември) се договорија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг од двојните претседателски и парламентарни избори да бидат на 8 мај. Изборите би биле распишани најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да биде формирана до 28 јануари.

   Вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори ќе биде на 8 мај, согласно уставните и законските рокови, а инаугурацијата на претседателот на државата може да се одржи на 12 мај. Конститутивната седница на Собранието е предвидена за 28 мај, а новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година.

   Овие избори се во буквална – Шекспировска смисла на зборот “да се биде, или да не се биде”! Со други зборови, дали актуелната, антимакедонска коалиција СДСМ-ДУИ што распродаде се што значи македонско достоинство, идентитет и наследство, (име, знаме, девастирана економија, корупција на сите нивоа, иселување на младите…), ќе остане на власт за да распродаде се што е преостанато, или како алтернатива ќе добиеме влада за спас предеводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои нудат владеење на правото, стабилна и просперитетна економија и создавање на услови за задржување на младите и  за враќање на веќе иселените.

   Според извори од Државната изборна комисија, дијаспората и според постоечкото законодавство има право да избира свој пратеник во парламентот (по еден од Австралија, еден за Европа и еден за Северна Америка), но услов е да се обезбедат неопходни квоти на гласачи со македонско државјанство и со право на глас.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top