Коментари

ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО/МАКЕДОНИЈА (КОРУПТИВНО) СЕ ВООРУЖУВА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Македонија  сеуште е во шок од двојното свирепо убиство во стил на егзекуција на 14-годишната Вања Ѓорческа и велешанецот Панче Жежовски. Гневот и осудата на овој злостор не стивнуваат, а сите ние останавме без бројни одговори што македонската полиција и обвинителството ги должат не само на домашната, туку и на јавноста во регионот и пошироко.

   Засега се знаат следните нешта:

1. Првоосомничениот Љупчо Палевски е во затвор во Турција и за него е побарана екстрадиција, т.е. да биде предаден на македонските власти;

2. Пет лица се во затвор заради соучество во злосторот:

3. Се поизвесно е дека и родениот татко на несреќната Вања е директен соучесник во киднапирањето на сопствената ќерка;

4. Убиството на малата Вања е извршено во близина на скопското село Бразда, каде првоосомничениот Палевски имал куќа и добро го познавал теренот!

   Но сеуште остануваат многу прашања на коишто јавноста очекува одговор.

Власта, конкретно полицијата и обвинителството, се должни да појаснат:

1. Од каде произлезе првичната информација дека несреќната Вања последен пат е видена наспроти Универзалната сала во Скопје, на ул. Партизанска каko слободно влегува во бело ауто? Дали полицијата свесно сакаше да ја замајува јавноста со вакво тврдење бидејки последователно соопшти дека, наводно, биле прегледани дури педесетина камери, сите подруми (Колку подруми и каде? Јас живеам нецели стотина метри од зградата каде е киднапирана кутрата Вања, но преглед на подруми или други активности  н е м а ш е!!!), и не приметиле ништо сомнително, а во деновите по исчезнувањето видовме снимка од камера од една селска фирма на која се гледа како се движи восилото со киднапираната Вања и друго возило како претходница!!! 

2. Првоосомничениот за убиството (Палевски) имаше три дена за да може да ја напушти Македонија и да побегне од правдата. Зошто??? Дали објаснувањето може да се бара и да се најде во фактот што е јавна тајна, дека првоосомничениот бил долгогодишен соработник на македонските тајни служби и уживал нивна заштита? Како доказ за тоа е фактот што против него има осум кривични пријави за тешки прекршоци, а ниту една не е процесуирана!?

3. Девојчето е киднапирано од влезот во зградата каде живеел и првоосомничениот, а некои извори тврдат дека дури живееле на ист спрат и нивните станови ги делел еден ѕид што укажува дека многу добро се познавале;

4. Вања беше висока 175 сантиметри и тешка скоро шеесетина кила, што значи дека со нејзиниот одбранмбен инстинкт морала да реагира кога сватила што и се случува (киднапирањето), но како тоа никој да не примети бидејки настанот се случува во  влезот на семумкатна зграда со многу станови и жители, како и  бројни дуќани на првиот спрат и приземјето?

5. Македонските медиуми тврдат дека сите шест учесници во киднапирањата и двојното убиство биле соработници на тајните служби и членови на некаква паравоена групација на чие чело бил првоосомничениот Палевски, 

6. Украдениот автомобил на убиениот велешанец Панче Жежовски, со кого осомничените добро се познавале, а во кој била кинпапираната Вања, неколку дена се движел низ Скопје, а полицијата наводно не го приметила иако во градот се инсталирани камери на секое ќоше во рамките на системот “безбеден град” (safe city)!? Oсвем тоа, во тие денови Скопје беше под права опсада заради министерскиот состанок на ОБСЕ;

7. Дали се потврдува тезата  дека и таткото на Вања е директен соучесник во планирањето и извршувањето на киднапирањето со тоа што им јавил на киднаперите кога девојчето излегува од дома за да оди на училиште? 

   Има уште многу, многу прашања на кои очекуваме одговори, пред се: кога турските власти ќе ни го предадат првоосомничениот за двојносо убиуство Палески за да се соочи со правдата? Експертите тврдат дека постапката за екстрадиција во Турција може да трае многу долго!

  Сите ние граѓаните во Македонија го доживеавме двојното убиство како лична загуба (особено егзекуцијата на малата Вања, златно девојче полна со живот и со љубов), но изминативе ден-два приметни се настојувањата на актуелнава номенклатура на власт да се дефокусира вниманието на јавноста со тоа што се измислуваат и се лансираат други афери. Но не ќе можат да успеат! Првоосомничениот беше во минатото претседател на Градската конференцуја на СДСМ на Скопје, а сега е актуелен претседател на некаква ексремна партија “Десна” и несомнено соработник на македонските тајни служби. Од овие факти нема бегање!!!

Иако за министерот за внатрешни работи двојното убиство е најнов во низата случаи и афери, тој нема ни најава (а камо ли помисла) да си поднесе оставка!? А ни премиерот Ковачевски нема намера да го смени од од таа позиција заради бројните пропусти во истрагата!

1. Македонија за прв пат од стекнувањето на независноста ќе добие премиер Албанец. Од 28. јануари сегашниот спикер на Пармламентот Талат Џафери ќе ја превземе должноста премиер на македонската влада!

 Ние во Македонија градиме (барем според Уставот) граѓанско општество и во принцип не би требало да има проблем кој граѓанин (без разлика на која етничка заедница припаѓа) ќе биде избран на било која функција. Но во случајот со кандидатот за премиер Талат Џафери постојат многу сериозни забелешки заради неговото СиВи, но и заради однесувањето на позицијата спикер на парламентот.

 Талат Џафери има завршено средно воено училиште и воена академија во Белград. Кога се раздружувавме од остатокот на федерацијата, тој во чин мајор на ЈНА дезертираше и се стави на располагање на Армијата на РМ, но и од тамо дезертираше и се приклучи на терористичката ОНА што направи хаос во делови на Македонија во 2001, а во тој конфликт животите ги загубија стотина македонски бранители. Според српски извори, неговата сопруга била благајничка во касарната во Врање каде Талат бил на служба и при бегството таа, наводно, ја испразнила благајната со сите пари пребегала со Талат во Македонија!?

  Сегашниот кандидат за нов премиер Џафери беше избран за спикер во македонскиот Парламент со само 57 гласа, а не со според закон предвидените 61 глас (што се гледа од снимките од камерите во салата), што значи дека и целиот негов мандат и носење закони во тој период се нелегитимни. Но сајсериозна забелешка на негова сметка е дека во воениот конфликт во 2001 бил командант на балистичка група која од заседа уби десетина македонски бранители!!! А да не заборавиме и на неговото невоспитано, па донекаде и силеџиско однесување во македонското собрание каде со пцовки и навреди не ретко се однесуваше кон вработените; често го злоупотребуваше “европското знаменце” (носење закони по кратка постапка и без собраниска расправа) и многубројни други примери на злопупотреби.

  Во најавата од портпаролот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи дека тие го утврдиле Талат Џафери 100 дена да е премиер на владата што треба да ги подготви изборите напролет (според коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ по изборите пред четири години), уледи уште еден шок за јавноста во Македонија – дека нивна следна цел како партија е да пикираат и на местото претседател на државата, и со тоа да докажат дека Македонија не е национална држава на македонците, туку нешто друго, според гледиштата на албанците!?

  Ако смеам да го изнесам мојот впечаток и мислење: сето ова го гледан како уште еден oпасен дел од сценариото за разнебитување на Македонија и се што е македонско, што ни ги скрои длабоката држава од двете страни на Атлантикот!!!

2. Maкедонија се вооружува! Министерката за одбрана Славјанка Петровска минатата недела најави дека во текот на 2024 година Македонија ќе набави нови оклопни возила од САД. Таа, во придружба со американската амбасадорка Ангела Агелер присуствуваа на демонстрација на американски такви оклопни возила на полигонот Криволак, но не кажа за колку пари ќе ги купиме тие возила!?

   Моето мислење за ова прашање, морам да признам е измешано!. Добро е да ја опремиме и обучиме нашата професионална армија. Впрочем, сите земји во регионов набавуваат огромни количества воена опрема и техника и истото – без сомнеж, треба да го правиме и ние. Но се прашувам: по која цена и дали сегашната длабока економска криза до којашто не доведе коалицијата СДСМ-ДУИ, дозволува нови задолжувања за купување воена опрема??? Од друга страна прашувам: дали интензивните купувања на воена опрема случајно не се можност за институционален извор на корупција? Ќе наведам еден пример: во текот на минатата година (2022) Македонија купи од САД оклопни возина за 210 (двеста и десет) милиони долари. Колку што знам, за купување оружје се дава провизија од 20% од набавната цена, што значи дека некој (!?) од македонска страна се офајдил за цели 22 милиони долари!!! Кој? Дали можеби мистериозното лице кое – според пишувањето на некои портали, купило три куќи и стан од над 300 квадрати на ул. Орце Николов во елитното скопско Дебар маало? Не знам, но сакам да верувам дека еден ден и тоа ќе се обзнани!

  Од друга страна, прашувам зошто нашите стратегиски партнери од НАТО, каде сме членка, не ни одстапат од нивните резерви оружје (белким не испратија се во Украина?) за да не мораме да даваме сретства од Буџетот на РМ што би можеле да ги вложиме во економскиот развој на земјата? 

   Можете да си претпоставите колку само оружје остана во Авганистан по завршувањето на мисијата ИСАФ!? Првите проценки при планирањето на повлекувањето беа дека ќе треба помеѓу 12.000 и 13.000 големи контејнери за повлекување на лесна опрема и оружје. А замислете колку беа повлечени тенкови, воздухоплови исл. кои по репарирањето повторно се распродаваа на меѓународниот пазар! А колку остана како комплетна опрема на 360.000 безбеднонсни сили на Авганистан (полиција и војска) што ги опреми и обучи НАТО!?  Денес талибанците кои се на власт во Авганистан се меѓу поголемите извозници на американска воена опрема и оружје!!!

  Да резимирам: опремување на армијата на РМ – ДА, но не со коруптивни зделки на поединци од власта!!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top