Коментари

ДАНАЈСКИ ПОДАРОК ОД ЕУ ЗА УКРАИН

Martin Trenevski 1

1martin1

Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1.  Минатата недела се случи состанокот на ниво на шефови на држави или влади членки на Европската Унија. Кои се моите впечатоци за овој чин, гледајки од страна? Во прв план сметам дојде до полн израз политикантството на ЕУ, непочитувњето на сопствените “Копенхагенски критериуми”, игнорантството кон земјите од регионот на Западниот Балkан кои со години се закочени во напредокот кон членство често пати со исмислени пречки, и некритичкиот однос кон други земји. Во Брисел беше донесена   п о л и т и ч к а   одлука, а не merit based, t.e. според заслуги – одлука, што е вообичаена пракса, но што и овој пат не се почитуваше (примерот со приемот на Кипар во членство е потполно идентичен!!!).

   Секако за нас е најважно што таа фамозна ЕУ заклучи за РМ, а тоа се познатите (но сепак реални и вистинити) стари флоскули за корупцијата и назадувањето во судството и во речиси сите свери од општествениот живот до што не доведе актуелната некадарна и корумпирана власт на СДСМ и ДУИ!? Сакам да верувам дека новата влада што со сигурност ќе ја превземе судбината на Македонија во свои раце по изборите на пролет, ќе работи на елиминирање на сите зла што ни ги остава во наследство сегашниов режим!!!

   Но се додека во ЕУ се практикува методот на донесување одлуки со оној глупав и непрактичен   к о н с е н з у с, немам надеж дека ќе постанеме членка во догледна иднина, макар и да ги исправиме и корегираме сите забелешки од Брисел!!!

  На пријателска Украина ЕУ и понуди (на несомнено изненадување на многумина) почеток на дирекни преговори за членство! Гест за поздравување во секој случај! Но и овој пат дојде до израз лицемерието и дволичноста на ЕУ како и нивното политиканство: без преговарачка рамка; без исполнување на Копенхагенските критериуми; земјата е во војна; земјата што ја сметаат меѓу најкорумпираните во Европа и со окупирана (и анектирана) една третина од територијата; дирекно да почне преговори за членство!? Да се разбереме: интимно жалам што се случува на укаинскиот народ особено за енормните човечки жртви и страдања; повеќето милиони бегалци и раселени лица и помеѓу 400 и 500 илјади загинати војници; земја каде е во тек мобилизација на машки лица (но и жени) на возраст од 16 до 70 години (!?). Колку за информирање: Во некои неформални, ама и формални, кругови на западот не кријат дека ќе инсистираат претседателот Зеленски (украинска верзија на лицето Зоран Заев) да биде сменет, а Украина да се откаже од териториите што ги загуби по интервенцијата на Русија, како предуслов за постигнување на мир. За жал, Тоа е цехот што го  зацртале планерите на Западот, а најверојатно ќе треба да го плати Украина.

  Понудата за почеток на предговоти на Украина за членство во ЕУ не е ништо друго туку Данајски подарок и подметнување на кукавичко јајце за судбината за иднината на оваа земја!!!

  Еве зошто, пораката од Брисел за Украина може да се толкува во стилот: Вие продолжете ја војната, а ние ќе преговараме со вас за членстрво што кој знае кога и дали воопшто ќе се случи!? Но продолжувањето на војната (на што инсистира украинскиот Заев, т.е. претсаедателот Зеленски) не значи ништо друго до нови разрушувања и нови големи човечки жртви од страна на Украина! Меѓутоа, голема е неизвесноста за исходот од таа војна што сепак може да се предвиди! При тоа, мораме да предупредиме дека кај главните спонзори на финансиски средства и оружје на Украина – САД и повеќето членки на ЕУ, веќе се чувствува замор и очигледна неспремност да продолжи во недоглед финансирањето на земјата која е жртва на Руската инвазија! Се плашам и да помислам што ќе се случи ако некој во Киев, Вашингтон или Брисел протежира тотална војна со Русија – нуклеарна сила која располага со над 6.000 атомски бомби, а портпаролот на Кремаљ Песков и Претседателот Путин повеќе пати најавија можност и за нивна употреба. Русија веќе си ги присвои окупираните територии во својот устав, што значи офанзивата за ослободување на окупираните територии од страна на Украина, русите ќе го сметаат како напад на самата Русија што ќе значи тотален хаос со непрегледливи последици!?

  Прекин на воените дејствија и постигнувае на мир сега, веднаш, е нешто што им треба на нашите пријатели украинците. И пак ќе повторам: Почетокот на преговори за членство во ЕУ е само трик на западњаците и нивен Данајски подарок за да се залажува народот во Украина, но и меѓународната јавност, како и познатиот западњачки прагматизам. Значи станува збор за трик , а не за добри намери!

 Што подолго трае војната последиците ќе бидат се потрагични (?).

2. Продолжува економското и етничко уништување на Македонија и македонците! Сега вриштат и корнат коси тутунарите и производителите на ориз бидејки откупувачите не им го откупуваат трудот сработен со пот и ги уценуваат со лански или преклански цени за откуп.

   До кога бре ненародна и антимакедонска владо на СДСМ и ДУИ? До кога??? Имате ли барем малку чувство на одговорност кон овие маченици, замјоделците, кон сопствениот народ, да им го наградите нивниот труд или само ќе се раководите исклучиво за профитите? Заради ваквиот однос неранимајковци откуповачки, земјоделието страда, производството се преполовува, а младите ги напуштаат нивите и заминуваат со билет во еден правец. Откупете барем дел од годинешната реколта ориз за државните резерви, валоризирајте го и наградете го квалитетот на тутунот за да се обезбеди пристоен живот на тутунопроизводителите. Само така и никако поинаку ќе можеме да ги задржиме младите да не ни се иселуваат во странство!

   Но, доаѓаат избори и верувам дека еднаш засекогаш со гласачкото ливче во рака ќе се отарасиме од ова зло што ни го подметна длабоката држава отаде и одовде Атлантикот!

3. Kако ретко кога, во неделата (17. декември) се почувстував Европеец на светата македонска земја! Со сопругата присуствувавме на концертот во Македонската филхармонија посветен на нашиот неповторлив естраден уметник, композитор, со еден збор сестран културен деец Зафир Хаџиманов.

   А еве зошто: таткото и синот Васил и Зафир Хаџиманови завземаат посебно значајно место во македонската музичка и општа култура. Стариот Васил Хаџиманов, како собирач на мекедонски песни, син му Зафир како продолжувач на неговото дело, но и како пејач, композитор и афирматор на македонската народна песна.

   Зошто Европеец на светата македонска земја? Па еве зошто! Концертот се одржа во прекрасниот објект на Македонската филхармонија со извонредни услови за перформанс и одлична акустика. Салата беше исполнета буквално до последно место (публиката од цела Македонија), а посетителите дисциплинирани, – на време ги завзедоа седиштата и реагираа со почит на се што се случуваше на сцената. Програмата посветена на нашиот Зафир и сопругата Сенка и нивните и песни, ги исполнија наговиот син Васил со неговата група музичари, неговата ќерка Марта Хаџиманов, солистка во Берлинската опера, Бисера Велетанлиќ, како и нашата дива Каљопи, Сашо Гиш, но се претстави и другарот од детство на Зафир, актерот Коле Ангеловски. Со еден збор, редок музички настан за паметење!

   Но европското чувство ме следеше и по завршувањето на концетрот. Бројната публика во пристоен ред, стрпливо и без турканици ја напушташе салата и подземниот паркинг преполн со коли, уредно и без свирежи и неред. Со еден зѐбор, како што би рекле словенците: Европа (во Македонија) здај, т.е. Европа сега!!!

   Не сум музички критичар, но сите пофалби и честитки и на музичката продукција Авалон што ни го приреди овој редок музички настан за паметење.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top