Коментари

Новата 2024 година македонските граѓани повторно ќе ја дочекат со голем број неисполнети ветувања

1DOOM

                                                      1DOOM9 

                                                                 Македонска нација

Нема почеток на преговори со ЕУ, нема реформи, нема борба со криминалот, нема правда, нема чесно владеење и одговорна власт. Секојдневни афери и изневерени ветувања го пратат владеењето на коалицијата СДС и ДУИ, кога дојдоа на власт во 2017 година. Ветуваа многу, но не правија ништо, освен зголемена корупција, криминал и уништени институции. 

Македонија никогаш до сега немала послаба влада. Власта ја задржа праксата да се влијае врз судството и обвинителството, со што ја зголемија високата корупција и криминалот. Земјата ја обезличија, но не извршија реформи во судството, во јавната администрација и т.н.

Не извршените реформи и промената на името (висока цена за влез во НАТО), создаде недоверба во системот, амбиент поради кој работоспосбни млади лица ја напуштаат земјата.

По промената на името, поради спорот со Грција, оваа власт се обиде повторно да го понижи македонскиот народ. Таа го прифати таканаречениот Француски предлог за решавање на спорот со Бугарија, со кој се доведува во прашање идентитетот, јазикот, историјата и културата на Македонецот. Таква сервилност и распродажба на националните интереси може да се очекува само од земја во која владее висока корупција и криминал.

Под раководство на оваа власт, македонското тло го тресеа голем број афери во секој дел од општеството. Тоа беа афери со набавки на вакцини, заштитни маски и медицинска опрема, Онкологија, потоа набавка на софтвер од поранешен генерален секретар на Владата, рекетот и СЈО, издавање пасоши на криминалци, па до аферата „Бехтел и Енка“ за која денес малку се зборува.

Во текот на владеењето, власта речиси ништо не направи за изградба на нови енергетски капацитети.  Вардарската долина е запоставена, а денес кога во светот се водат војни за вода и енергија, таа сака да му го даде проектот Чебрен на Грците.

Исто така, таа ништо не направи за изградба на патната мрежа. По повеќе од триесет години, Битола и Охрид сеуште немаат квалитетно поврзување со главниот град на државата. Од друга страна железничкиот превоз е посебна приказна, исто така седум години на власт СДС и ДУИ не успеаја да го довршат ниту автопатот од Кичево до Охрид. Иако постои проект од поранешна Југославија, изградбата на пругата кон Бугарија која почна да се промовира во деведесетите години за време на Бранко Црвенковски сеуште трае. Околу 90 км пруга кон Бугарија до денес никако да се изгради иако постојано беше проектиран буџет за неа. И наместо развој на железничкиот сообраќај, неспособната власт годинава укина редовни линии во внатрешниот железнички сообраќај, а меѓународни патнички сообраќај и нема.

Покрај пругата кон Бугарија, не е изграден ни паневропскиот коридор 8, за кој власта вели дека ќе биде во 2024 година.

Иако ветуваше, власта предводена од СДС и ДУИ, ништо не направи ни со изградбата на клинички центар во Скопје. Таа го стопира стариот проект и објави дека ќе го гради на периферијата на градот, кај селото Бардовци. Досега пациентите требаше да се лекуваат во нов клинички центар. Но наместо тоа, јавноста доби само нови афери, како онаа на Онкологија.

Вакви пропусти у неисполнети ветувања на актуелната власт се многу. Но останува надежта дека во Новата 2024 година, на престојните парламентарни и претседателски избори, народот ќе им пресуди на СДС и ДУИ, и дека новата власт на чело со ВМРО ДПМНЕ ќе ги заврши незавршените проекти, дека ќе направи амбиент кој ќе им донесе благосостојба на народот.

1Nova5 Среќна Нова 2024 година

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top