Коментари

МАКЕДОНСКИОТ МАХАТМА ГАНДИ – МИЦКОСКИ, НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНШТИНАТА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

Пред осумдесетина години во една африканска земја на политичката сцена се појави еден скромен човек, со нежно здравје, но како вулкан силна волја за ослободување на земјата на неговите предци од коонијалното робство. Името му беше Махатма Ганди, а земјата на неговите предци – Индија.

Токму тој човек со нежно здравје борбата за независост на Индија одлучи да ја води со своите следбеници токму таму, во Индија. Долгогодишната работа со народот, но и честите малтретирања, затвори и севозможни пречки од британската колонијална власт, сепак вродија со  плод. Милиони следбеници и подржувачи на Гандиевото дело ја примораа најмоќната сила во тој миг во светот – Британската империја, конечно во 1949 година да прогласи независност на Индија што дотогаш ја сметаа за скапоцен кламен во Британската круна!

Господ конечно ни се смилува и на нас македонците и не надари со млад лидер – модерна /македонска/ верзија на Махатма Ганди, кој недвосмислено се потврди како гаранција на браникот за опстанокот на македонската нација пред разгоропадената аждаја на длабоката држава од обете страни на Атлантикот, настрвена да не проголта (читај – да не асимилира) и на тој начин да го елиминира – еднаш за секогаш ,,македонското прашање”!?

Името на македонскиот Махатма Ганди е Христијан Мицкоски кој со својата челична одлучност да не прифаќа странски диктат за промена на Уставот  на Република Македонија јасно стави до знаење дека национал-фашизоидните концепции и притисоци од разни центри на моќ,  манифестирани преку неброени емисари, дипломати, “добронамерни” советници и какви се не потрчковци од белиот свет, дека   н е м а   да поминат нивните сценарија за ништење на македонската нација!!! Работите во нашата сопствена земја се наша и исклучиво работа на народот нѐ Македонија и сценарија и концепции од страна   н е м а   да поминат!!!

Ваквите непоколебливи ставови на Христијан Мицкоски се кристално јасни на многуилјадното членство, на народот македонски, а верувам ќе станат уште појасни и на неопределените, но и на определените од други политички партијии бидејки и нивни чланови, деца и семејства  патат од немаштијата што ни ја наметна владејачката пљачкашка номенклатура, коруптивна во секоја област и на секој план до безобразие; партизираното судство и какви се уште не бескруполозности. Злото го чувствуваме сите ние, без разлика на пол, вера, етницитет; нашите но и нивните деца се иселуваат, а аздислукот и безаконијата на коалициониот партнер ДУИ во голема мерка придонесоа за хаосот  што го создадоа заедно со  нивниот помал партнер (!) во Владата ЕсДеЕсМ.

Многу работа го чека македонскит Махатма Ганди по победничките избори, но и сите нас што го подржуваме. Пред се, мислам дека мораме да ја хомогенизираме водечката опозициона партија, претендент за превземање на власта ВМРО-ДПМНЕ и да се сконцентрираме на санирање а штетите што ги направија овие – според мене  в е ќ е претходни властодршци, и да работи на развојот на земјата, а не да се исцрпуваме со некакви глупави ,,фракции,, (читај: УДБАшки или на други служби инпланти во здравото партиско тело) и сопки што треба да се очекуваат од режимот на заминување.  

Било – неповратило се!!!

Затоа народе македонски, да се обединиме околу македонскиот Ганди, Христијан Мицкоски и да им кажеме одлучно НЕ на нашите непријатели (некои ни се претставуваат како наводни стратегиски партнери а други се занесуваат од позиции на колонијална сила од XIX век и наметнуваат неприфатливи “преговарачки рамки”). Мој апел до помалите партии: Разликите во погледи и ставови по некои прашања ќе ги делкаме и усогласуваме во од, но битно е со заеднички сили да се отарасиме – еднаш засекогаш од ова зло кое се нарекува коалиција СДСМ-ДУИ и да ја сочуваме МАКЕДОНИЈА. Ова  м о р а  да го сватат посебно лидерите на разните партиички, а особено неопределените, бидејки секој глас за малите партии, или неизлегувањето да се гласа, практично значи глас за ненародната коалиција СДСМ-ДУИ, а тоа пак дефинитивно практично ќе значи глас за бришење на македонците како нација!

Граѓани и граѓанки на Македонија, сватете дека два наши соседа не можат да се помират дека на планетава земја постои нација која се нарекува  М А К Е Д О Н Ц И, и сега улогата на ништење на таа нација (економско, културно, духовно…) ја превзеде длабоката држава од двете страни на Атлантикот, т.е. стратегискиот партнер и непријателите во Брисел!

Токму затоа треба да се обединиме околу нашиот, македонскиот Махатма Ганди – Христијан Мицкоски и следните избори да се претставиме како непремостив ѕид со што длабоката држава ќе мора да се соочи и да го прифати.

МАКЕДОНИЈА НАД СЕ! Како што би рекол македонскиот Махатма Ганди, Христијан Мицкоски.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top