Коментари

Ламбе Арнаудов: МАКЕДОНИЈО!

lambe-arnaudov

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Со ваков Европски фронт, следна адресата ќе ни биде на надгробен споменик

Осум години дивеете, пустошите, крадете, ја загушувате демократијата, газете безмилосно по судбината и иднината на својот народ, ја разнебитувате татковината, ги осиромашувате граѓаните и сé заедно, Македонија пред меѓународната заедница ја исфрливте, сега, не со свиткана кичма, туку искршена, неподвижна, закована за инвалидска колица, ослепена без компас и бели стапови, дури и без куче водител, да не пренесува преку опасностите што ни се испречуваат на патот што народот го одбра, а вие, слепи водичи, нé заскитавте во беспаќе од кое со вас дебилни кретени, антинационални и антидржавни бесни кучиња навикнати на вкусот сладок да уживате јадејќи го својот народ, го распарчувате македонското ткиво и ги глодате оголените коски, никаде нема да стигнеме.

Залудно се растрчавте по ниско-рангираните “авторитети“ да ви помогнат, оние кои ни со себе не знаат што да прават. Се прпелкате, горе-долу, лево-десно, напред-назад, сокриено-отворено, и по онаа познатата, да ми простат читателите, сé повеќе и подлабоко се насадувате сé додека не ја изгубите паметта ако воопшто некогаш и сте ја имале.

И тогаш, уште еднаш на дело се појавија вашите “генијалци“ пациенти на специјалистичките установи под постојано надгледување на стручни лица, општо признати доктори експерти, кои за жал се немоќни пред дијагнозата што ви ја утврдиле, дека сте неизлечиви.

Наеднаш ви светна сијалицата Европски фронт.

Вие неколкумина “европски граѓани“ кои заедно со ваши родители ортодоксни комунисти, од Европа знаевте само за Варна, крстарење по Волга, Закопане, омиленото Титово одморалиште Игало, ем шетавте, ем се одмаравте, најмногу шверцувавте, ништо не научивте, и сé на сметка на народот.

Европа не е слаткарница или игротека за деца. Таму раководат луѓе со интегритет, посветени патриоти, одговорни пред својот народ, паметни луѓе кои веднаш ќе ја препознаат вашата мимикрија и лицемерие и ќе ве отфрлат како стара износена руба.

Нема да дозволат да ги инфицирате со вашето единствено богатство што го поседувате преполно со заразни бацили од лаги, измами, непостојаност, предавства, понижувања и други гадости што ги применувате врз сопствениот народ.

Тоа се луѓе, искусни со длабоко вградена интуиција да препознаат фалш претставување и лицемерно лигавење. Културно ќе ве откачат. Тие луѓе не се наивни како што вие мислите. Добро знаат дека оној кој не ги сака своите никогаш нема да ги засака туѓинците.

И обратно, туѓинецот никогаш нема да го засака оној кој никогаш не го сакал својот.

За нив важи премисата:

Цел свет да те сака, ако дома не те сакаат ти си најголем олош и бедник. И обратно:

Цел свет да те мрази, ако дома те сакаат ти си најбогат човек и колос од почитување.

Се обидовте. Да ви кажеше некој каква будалаштина правите, нема да верувавте. Вие сте самобендисани накитени контина, безвредна канта за собирање ѓубре. Злото што е наталожено во вас народот многу скоро ќе го избрише, ќе ве направи немоќни.

Но, не се надевајте со запирањето на дејствувањето на злото, ЗЛОСТОРНИЦИТЕ ќе куртулат. Не, вашата реа што ќе ја ширете до крајот на животот што смрди како преслечена змиска кожина е најтешкиот смрдеж што постои на веков и светов, и сите ќе бегаат од вас.

Оваа ваша однапред пропадната авантура ме потсетува на ниско вредниот филм на патот околу светот на Стојанче Мицич од Јагодина.

Дури и сте бледа копија на таа пародија што ги жигосува сите недостатоци на самољубците кои освен себе не почитуваат никого и ништо.

И да знаете, најважното.

Ако сте врзале ѕвонец (вратоврска) околу вратот тоа никако не значи дека сте водачи. Повторно како и секогаш сиот народ ќе тргне по ЛАВОТ, а не по кравата или биволот со ѕвонец околу вратот.

Памет и разум во главата. Тргнете се! Оти колку повеќе претате во живата песок, толку побргу и подлабоко пропаѓате. И, ич не ни е жал за вас, туку се грижиме затоа што со вас го повлекувате народот и татковината.

Законот за акција и реакција во политиката е поважен од колку во физиката. Бегајте што можете порано, народот доаѓа по своето, ударот ќе биде силен и безмилосен.

Слонот кога го спасува своето младенче трча и сé гази. Воопшто не му е гајле колку мрави, влекачи и безкичменици ќе згази.

Народот МАКЕДОНСКИ и сите честољубиви граѓани нема да дозволат да им го земете сонот што илјадници години го сонуваат: МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА!

Надгробниот споменик што ѝ го подготвувате на МАКЕДОНИЈА ќе остане за вас кои ѝ го копавте гробот, секако фигуративно и политички цивилизациски. Сé додека е издржливо, а потоа не знам. Убеден сум дека прогресивните сили собрани околу ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, со љубов и умеење ќе го спречат ова апокалиптично пропаѓање за потоа ја стабилизираат состојбата и брзо ќе ѝ донесат прогрес во сите сфери на живеење.

Најважно е што Европската Унија ќе дознае дека има пријател кој се нуди среќно и доброволно, а не како вас, Европа да ја принудувате да ни биде пријател со вештини, измами, карактеристични за гној политичари.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top