Коментари

Јадна Македонија!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

На 28.01.2024 година, во Собранието со 36 гласа „за“ и тројца „против“, беше изгласана техичка влада предводена од Талат Џафери. Главната задача на оваа преодна власт е организирање на фер и демократски парламентарни избори. Но, со оглед дека техничката Влада ја предводи Џафери, на Македонија и престојат тешки моменти.

Јадна е Македонија, кога на чело на Владата се наоѓа поранешен дезертер од АРМ, командант на УЧК и човек кој се борел против македонските безбедносни сили во 2001 година. Тоа е човек кој претходно како претседател на Собранието на Македонија (2017 – 2024), не се држел ни до законите, ни до процедурите, па не се очекува тоа да го прави ни како технички премиер. 

Срамно е тоа што пратениците на СДС гласаа за Талат Џафери да биде премиер на техничката влада, за разлика од ВМРО ДПМНЕ која се воздржа од гласање. Против пак гласаа пратеници на Левица (2) и Демократски сојуз (1). Едноставно преставниците на овие три македонски партии не можеа да гласаат за преставник на ДУИ, чии преставници неодговорно се однесуваат со институциите и се замешани во низа коруптивни скандали.

Иако во своето експозе пред пратениците, Џафери нагласи дека нема да ја менува зацртаната политика на дотогашната Влада и дека нема да дозволи нарушување на изборниот процес, тој со одредени постапки веќе најави дека нема да ги почитува ни законите, ни процедурите.

Веќе првиот ден по изборот како техн. премиер, како што пренесуваат медиумите, го наруши Законот за безбедност во собраќај, паркирајќи со придружбата во центарот на градот

Со оглед дека ДУИ и СДС, освен корупциски скандали, немаат други успеси, се очекува ДУИ да покажува моќ и на општествената сцена да доминираат етничките прашања.  На пример, како што најголем дел од експозето на Џафери беше на албански, а само во еден дел на македонски јазик, така се очекува тој да продолжи да ја иритира македонската јавност, да не почитува ни ред ни поредок. Впрочем тој е познат по своето несоодветно однесување во Собранието и наместо слога ќе доведе до зголемување на јазот меѓу заедниците.

На техничкиот премиер „со коефициент поголем од Ајнштајн“, како што велат неговите, воопшто не му е гајле за државата, туку му е до дурдеџиите (разбојниците) од ДУИ, како и на нивните привезоци од СДС, да останат уште еден ден подолго на власт за да можат да ја рекетираат и уништуваат државата.   Истовремено, тие сега директно од Владата ќе продолжат да ја користат секоја прилика да ја понижуваат државата на македонскиот народ.

Јадна е онаа земја која има луѓе како оние од раководството на СДС кои му дозволија на ДУИ да ја киднапираат земјата. Јадна е онаа земја која нејзините синови ја продаваат државата за пари и ја претвораат во безбедно нестабилна земја која може лесно некој да ја запали како Газа.

Македонците и сите други заедници во претходните седум години имаа можност на своја кожа да го осетат владеењето на ДУИ и СДС.

Сега со техничката влада на чело со Џафери ќе имаат дополнителна можност да го почуствуваат башибузукот од нивното владеење. Но затоа пак наскоро имаат можност да помогнат државата да се доведе на нормален колосек.

На парламентарните избори на пролет, народот може со еден потег на пенкалото да ги острани овие разбојници инсталирани во власта и да игласа доверба на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.  

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top