Коментари

Францускиот предлог не бил напишан ниту во Париз, ниту во Софија, туку во Мала Речица ?

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Канцерот СДС и ДУИ  мора да се отстрани!

Неодамна пратеникот Павле Трајанов, изјави дека според онформациите до кои дошол, Францускиот предлог не бил напишан ниту во Париз, ниту во Софија, туку во Мала Речица. Тој бил подготвен од страна на преставници на ДУИ и бугарски дипломати. Односно автори на овој предлог не се ниту Димитар Ковачевски, Кирил Петков или Емануел Макрон, туку Али Ахмети и негови сопартијци и луѓе од Софија.

Всушност, Францускиот предлог не ги брани интересите на македонскиот народ, туку туѓи интереси, води кон поделби и не одалечува од ЕУ. Начинот на кој е договорен  потсетува на едно друго време – време на Втората светска војна. Тоа е време кога Македонија беше поделена на бугарска и италијанска окупациона зона, со која управува Кралството Албанија.

Имено, на состанокот одржан од 20-29 април 1941 година, во Виена, меѓу министерот за надворешни работи на фашистичката влада на Италија, грофот Ќано, и министер за надворешни работи на Третиот Рајх, фон Рибентроп, била склучена спогодба за поделба на Кралството Југославија. Во текот на разговорите кои се воделе во хотелот „Империјал“, била определена и демаркационата линија помеѓу бугарските и италијанските окупациони сили во Македонија. Според оваа спогодба, поголем дел од Македонија, дел од Србија (Поморавјето областите по текот на реките Нишава и Тимок) и еден дел од Косово и се доделуваат на Бугарија. Исто така, Бугарија  добива територии од Егејска Македонија и Тракија кои и припаѓале на Грција. Западна Македонија, со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, потоа Костурско и поголем дел од преспанските села и се доделени формално на Албанија, а фактички на Италија.

По Втората светска војна, ставови за поделба на Македонија се појавуваат дури во 2001 година, за време на конфликтот со вооружените терористи на ОНА, денес членови на ДУИ. Додека сите структури на ВМРО од неговото создавање се бореле за обединета Македонија, тогашното раководство предводена од Љупчо Георгиевски, размислувало за поделба на земјата, промена на границите, размена на територии и население. Оваа идеја за разграничување меѓу Македонците и Албанците тогаш беше изнесена од неколку академици.

Човекот кој беше одговорен за идејата за размена на население и територии, кој има бугарски државјанство и кој декларира дека Македонците се етнички Бугари, наместо да одговара за велепредаство и за неосновано богатење, подоцна формира своја партија и денес е дел од власта, привезок на ДУИ и СДС, одговорни за низа процеси кои водат до албанизација и бугаризација на земјата.  

Дека на преставниците на ДУИ воопшто не им е гајле за државата се гледа од фактот што техничкиот премиер  Талат Џафери, не ја предводеше владината делегација во црквата „Св. Спас“ за да му одаде почит по повод 152 години од роденденот на Гоце Делчев. Исто така, ретки се преставнци од ДУИ, кои ги почитуваат законите.

 Македонскиот народ мора многу да внимава, зошто сегашното раководство на ДУИ во власта, креира хаос насекаде во институциите кои ги владеат. Можеби е се со цел за да се каже повеќе вака не може, повеќе не можеме заедно.

Ваквиот канцер мора да се отстрани, за да не ни се случи она што се случува на Блискиот Исток. На 8 мај имаме само една задача, масовно да излеземе и легално да ги остраниме СДС и ДУИ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top