Коментари

Ламбе Арнаудов: Одата на меѓу војничкото помирување “ЛИЛИ МАРЛЕН“

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Пред повеќе од триесет години како единствен претставник во Паневропското движење присуствував на јубилејниот мега состанок на Паневропејците. Швајцарското монденско туристичко чудо Г‘штат беше домаќин на тој извонредно високо оценет самит на кој присуствуваа, повеќе десетици, актуелни и поранешни премиери, претседатели, уметници и древната европска аристократија предводена од принцот Карл вон Хабсбург (Karl von Habsburg), комплетно сета авангарда на паневропската политичка филозофска мисла и движење.

Заради симболиката што го одбележи овој настан, помалку сензационалистички, што беше вграден во завршната церемонија, ќе почнам од крајот.

Имено, Самитот беше затворен со гала претстава во која учествува безвремениот Маестро Јехуди Менјухин (Yehudi Menuhin) со неговите никогаш достигнати изведби, настапот на црвенокосата светска дива МИЛВА (Milva) со својот помалку очекуван перформанс.

Во прекрасниот сценски амбиент, неповторлива кореографија што ги симболизираше маките-страдањата, злосторствата и сé друго што носи војната.

Се рушеа згради, гореа куќи, бомби одекнуваа на секаде, пискоти, фијуци на куршуми, грмежи од авиони бомбардери, тенкови што рушат и газат сé пред себе најмногу војнички и цивилни жртви.

Од сиот тој грозоморен метеж МИЛВА симболично воскреснува од мртовечкиот одар и брилијантно , вдахновено до небеса, ја испеа песната што стана ОДА НА МЕЃУВОЈНИЧКОТО ПОМИРУВАЊЕ – ЛИЛИ МАРЛЕН.

Песна што со радост, верба и искрена надеж за ставање крај на човечкото безумие и брутален разврат на не разумот на болни умови и организирани безмилосни луди елити.

Песна што беше прифатена, од сите завојувани страни, особено од војниците, млади залудени жртви, што заедно во гнев и тивок протест против војната што ги содржи заедно во едно цело четирите јавачи на апокалипсата.

Толку за симболиката.

Сега за стварноста.

Во работниот дел имав своја презентација во која исклучително остро ја нападнав и се обидов да ја разобличам: “ТЕОРИЈАТА НА ОГРАНИЧЕН СУВЕРЕНИТЕТ НА ДРЖАВИТЕ“ на некогашниот лидер, генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Леонид Брежнев.

Од претседавачот на самиот добив само еден збор-коментар AMAZING, чудесно, потоа следуваше ракоплескање и избор текстот за во едицијата (книга) од настанот.

Овде, нагласувам дека, немам никаква намера да се самопрезентирам, туку во понатамошниот текст, драги читатели да ви го доловам сето лицемерие отворено видливо, без срам и перде во натамошниот период од политичките елити на Европа, секако, апсолутно, тука ги амнестирам ПАНЕВРОПЕЈЦИТЕ заради нивната антологиска доследност на принципите, критериумите, начелата кои во ниту еден момент не ги скрнават или напуштаат. За нив големо БЛАГОДАРАМ.

Триесет години подоцна. Леонид Брежнев одамна се успокои, за жал меѓу нас повеќе не се ни ведетите Јехуди Менјухин и МИЛВА, Советскиот Сојуз не постои, Берлинскиот ѕид се сруши исто за еден ден за колку и беше направен, железната завеса се замени со проѕирно исткаено персиско перде од најблагородни нити, се растурија граничните барикади, само постои, сé уште живее и се надградува “Теоријата за ограничен суверенитет на Леонид Брежнев“.

Чувството на блажено релаксирање што го имав во почетокот и симболиката наеднаш исчезнаа. Се отрезнав и мојата силна верба, надеж во светла иднина, беа заменети со јад, чемер и гнев, од тоа што соседите ѝ го прават на мојот народ македонски и татковината Македонија.

Наместо разнобојни цвеќиња со пријатен мирис, повторно и по кој знае пат почна да се одгледуваат отровни брзорастечки арпаџици на плодната ЦРНИЦА ЕВРОПСКА.

Само на 200 километри источно од нашиот главен град Скопје со кој искрено се гордеам, има една земја, која не припаѓа на државите што имаат ограничен суверенитет, туку напротив беше позната дека конкретниот суверенитет целосно ѝ го пренесе на Москва.

За жал денес, тие кои ништо не научиле од нивната апсолутна подреденост како државен субјект, брутално без никакви права и оправдување за нивниот поход, јуришаат на нашата државност, нација, интегритет и суверенитет.

Господа Европјани и вие Паневропјани на кои уште безгранично верувам ве молам: Вразумете го, бледата копија, малиот црвен Кремљ што незаслужено се наоѓа во ваше друштво, а гази по НАС.

Изгаснете го огнот што источниот ветер (охридски-СТОЧАН) може да го прошири и зафати целиот БАЛКАН.

Оти општо познато е дека источниот ветер кога дува секнува млекото на мајките доилки и сите млечно давни животни.

Не сме слепи, здрави сме и силни ќе се браниме и одбраниме.

Вашите темни наочари со црни стакла, бели стапови, и куче водич дресирано од вас, знаеме каде ќе нé однесе. НИКАДЕ!

Прво вразумете се вие, а потоа малиот Кремљ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top