Коментари

НЕВИДЕН ДИЛЕТАНТИЗАМ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Martin Trenevski 1
1martin1
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен мионистер и амбасадор
Последниве неколку недели ја доживуваме можеби најголемата бламажа и национално понижување што ни го приреди ненародната коалиција на власт (СДСМ-ДУИ) – сега небаре со преодна влада, но со очајнички, речиси анимален порив да дограби што пореостана да се дограби и да не омаловажи и дома, но и на меѓународен план.
Сагата со документите со историското име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА истече на 12 фебруари (така Никола Димитров и Коѕијас си се договориле и го парафираа со своите потписи за нашата капитулација во преспанското село Нивице пред пет години). Власта, со име и презиме:  Министерствата за надворешни и внартрешни работи не најдоа за сходно да ги предупредат граѓаните, но и нашинците во дијаспората, дека се обврзни (според капитулантскиот договор од Нивице) да ги сменат пасошите, возачките дозволи, сообраќајните дозволи, личните карти и други документи со новонасаденото име на нашата татковина кое не сакам ни да го споменам. Соочени со можноста да бидат заробени како во кафез во сопствената држава, бевме сведоци на немили сцени како стари луѓе, мајки со бебиња и мали деца се туркаат пред станиците на МВР да се сликаат за да добијат потребни документи и тоа незнаено кога!? Немили сцени што овој чесен и племенит народ не ги заслужува, а што ни го приредија владата, а пред се не/професионалците во македонската полиција. 
   Новиот – технички министер за внатрешни работи Панче Трошановски донекаде го потсреди работите и воведе извесен ред, но останува отворено прашањето со недостатокот на формулари и пасоши што МВР било должно на време да ги обезбеди, а не ги обезбедило!!!
   Проблемите не настанаа само заради неспремноста на власта, во прв план македонското Министерство на внатрешни работи, туку и заради тезата што ја наметна и упорно ја форсираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по професија лекар, а глуми демек голем познавач на меѓународното право и меѓународните односи, дека:  капитулацијата од Нивице (која некои структури ја нарекуваат “договор”), била меѓународен договор што морало (???) да се почитува, а непочитувањето ќе штетело на угкедот на земјата!?
  А бре некадарници од власта (СДСМ-ДУИ), да ве прашам: па што ви е помило, вашите граѓани, или како ќе реагирала Грција (која е втората потписничка на капитулацијата од Нивице) и други? После толкуте зла што и ги нанесовте на сопствемата земја и нејзините граѓани – смената на Уставот и уставното име на земјата, државното знаме, пустошењето и душманското крадење на Буџетот и се што можеше да се присвои, и да не редам понатаму, зарем недостасуваше уште и ова – со документите?
  Па добро бе дилетанти и злосторници кон сопствените граѓани, зарем не гледате што се случува по светоит во којшто владее невиден хаос? Па кој денес почитува меѓународни договори и меѓународно право? Зарем тоа што се случува во војната во Украина, интервенцијата во Газа и на уште неброени фронтови и конфликти е почитување на меѓународното право регулирано со меѓународни договори?
  Бујаре, министре, и Рибентроп потпиша меѓународен договор со Молотов за ненапаѓање на 23 август 1939 година, а само после година-две истиот беше прекршен со операцијата Барбароса и напоадот на Советскиот Сојуз, а во таа војна според некои извори загинаа 27 милиони луѓе. 
 За каков меѓународен договор зборуваш Бујаре Османи?  И повторно да те запрашам докторе-нинистре: Што исполни другата страна (Грција) од тој фамозен и за нас крајно штетен договор? Ништо!!!
  Во една прилика тврдев дека меѓународната заедница сепак ќе има разбирање (да не речам симпатии) за нашата ситуација и проблемите со издавањето на документи со новонакалеменото име на држава. Впрочем, грција не ја испочитува ни пресудата од Меѓународниот суд од Хаг која беше во прилог на Македонија, зарем не!? Тоа и конкретно го докажаа Германија, Швајцарија, Албанија, Косово… кои јавно соопштија дека нашите граѓани кои престојуваат во нивните земји можат слободно да го користат и да функционираат со старите пасоши.
  Не сакам за поверувам, но јанѕа ме јаде дека можеби и овој хаос со доцнењето и не/издавањето кокументи со новоте име е само уште една епизода од сценариото за разнебитување на Македонија и морлот и гордоста на македонците.
  Има ли Господ да ги гледа овие малтретирањеа на кои сме изложене само заради лудириите на една соседна земја и нејзините спонзори и подржувачи во ЕУ, НАТО и на други дестинации, но и нивните поданици во СДСМ и ДУИ и тоа се заради најсветото што го имаме – името Македонија! Но сме издржале многу тешки искушенија во минатото и ке го издржиме и ова премрежје. Доаѓаат избори и нова политичка и национална пролет за нас македонците!!!
———————————————
  Патем. колку за информација, грчката држава му доелила 24 часовно обезбедување на екс-премиерот Ципрас (за да не му извршат атентат некои грчки фанатици и екрстемисти) бидејки се согласил во додавката што ни ја наметнаа во Нивице, де содржи и името МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top