Коментари

KOJ И ЗОШТО ГО ИЗВРШИ УБИСТВОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ И СИТЕ ПАТНИЦИ ВО КИНГЕРОТ

Martin Trenevski 1

1martin1

М.р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

На 26 фебруари годинава се навршија 20 лета од убиството на вториот претседател на Република Македонија од осамостојувањето, Борис Трајковски. Достојна почит кон ликот и делото на Борис Трајковски беше оддадена медиумски со потсетување особено на неговата лична заслуга за постигнување мир по конфликтот што балистите на ОНА го испровоцираа во земјата, но и со други пригодни манифестации и активности.

  Но и денес, по две децении од неговото загинување во авионската – наводна “несреќа” близу Мостар, останува непознаницата: кој го тоа направи (како што би рекол сега покојниот Ѕинго), а ниту  м о т и в о т:  ЗОШТО  некој би се осмелил да изврши такво нешто!? Кому му пречеше Борис Трајковски, кој по природа беше мирољубив човек, осем тоа и протестаснтски свештеник кој самиот проповедаше мир и љубов меѓу куѓето!? Зошто???

  Званичните, полузваничните и неформалните изјави на поединци или групи главно се сведуваа дека Кингерот /авиончето/ со којшто леташе сега покојниот Борис на меѓународна конференција во Мостар, наводно паднал по грешка на пилотите, и на тоа се остана. Но чувме дека авионот го летаа многу искусни пилоти што одлично го познаваа теренот околу Мостар, што ја доведува во прашање валидноста на оваа теза! Да не ќе да е нешто друго во прашање!? Да не ќе да е вината, на пример, кај контролорите на летење на аеродромот во Мостар – и  двајца воени контролори од францускиот контингент што го контролираше аеродромот во Мостар??? И зошто званичен Париз  в е д н а ш  ги повлече тие контролори на летање дома и до денес се крие нивниот идентитет!? Единствено тие – контролорите,  останаа несослушани, а секако се најверодостојни познавачи што се случи и како дојде претседателовиот авион да лета многу пониско од вообичаената маршрута за да удри во планината? Дали Франција можеме да ја оптужиме и за убиство на нашиот претседател и неговата придружба? Претседател на држава не е само личност – човек или жена, туку е и институција – шеф на државата и татко на нацијата. Со еден збор станува збор за многу сериозен инцидент и би сакал да верувам дека некој ден сепак ќе ја дознаеме вистината.

  Дека сепак станува збор за однапред смислено и професионално егзекутирано убиство на шефот на нашата држава немам апсолутно никаков сомнеж! Ама баш  н и к а к о в! Во моментот кога се случи “несреќата” бев на позиција амбасадор на РМ во Шведска. Тој ден околу 9 часот работев на некој извештај кога заѕвони телефонот, а еден наш сонародник по потекло од Преспа, од другата страна на линијата, од Малме, вознемирен заѕвони и ни соопшти дека слушал вести на турски ТВ канали кои известиле дека “исчезнал” авионот на претседателот!? Околу 10 часот истото утро курир од амбасадата на Франција во Стокхолм ми донесе рачно напишано писменце да ми изрази “сочуство по повод смртта на Претседателот Трајковски” (во дипломатската пракса изрази на голема тага или радост често пати се пишуваат на рака). Па нели 24 часа (повторно “наводно”) не можеа да ги најдат остатоците од авионот (да не ќе да им требаше време да ги скријат трагите и доказите за злосторот? Има извори што тврдат дека некој од патниците биле живи и им функционирале мобилните телефони, а за нивна елиминација биле употребени и фрлачи на огон???). Патем, веројатно францускиот колега амбасадор се избрзал со пораката што ја оставив на мојата работна маса, но која мистериосно ми исчезна!!!

   Истиот ден ми телефонираше еден член на Парламентот на Норвешка, близок пријател на Борис, за да ми изрази сочуство прашувајки се и самиот за нелогичностите што пристигнуваа по агенциите за настанот. Но најцврст аргумент дека нешто матно се случува ми дојде по разговорот со тогашната амбасадорка на Словенија Д.К. дека дента кога се случи инцидентот била во Хелсинки во придружба на тогашниот претседател Јанез Дрновшек кој престојувал во официјална посета на Финска. “Двете делегации беа седнати во салата за разговори и пред да почнат разговорите влезе еден ординанс (офицер за придружба на претседателот) кој и шепна на уво нешто на финстката претседателка Тарја Халонен. Таа се вомјази и со тага  изусти: Мораме да ја прекиниме средбата. Туку што ми соопштија дека утрово загинал нашиот пријател, Претседателот на Македонија Борис Трајковски”. Е па како дознале и финците нецели два часа по настанот, за смртта на претседателот ако не можеле да го најдат паднатиот авион?

  Има уште многу контроверзи што потврдуваат дека станува збор за однапред смислено убиство. Тука не треба да имаме никаков сомнеж! Но дали овој трагичен настан не предупредува дека една земја како Франција, со која сме небаре сојузници во НАТО, е спремна дури и на ваков злостор – убиство на претседател на држава, со цел да одработува за  туѓи интереси!?. Франција очигледно ја презведе таа улога и тоа го докажува од самиот почеток на независноста преку Португалски декларации, па до “француски поредлози” и којзнае што се уште не!

  Франција можеби ја изживува својата лебедова песна како голема колонијална сила, но веќе ја избркаа од повеќе нејзини бивши колонии од Африка и таа ќе мора да се соочи со тој факт и не смее повеќе да подготвува  авионски “несреќи” и слични дејанија. Македонија не е Буркина Фасо или Централноафриканската Унија и со право треба да очекуваме дека кога и да е ќе го дознаеме нејзиниот удел и во убиството на Претседателот Борис Трајковски и сите патници во авионката несреќа кај Мостар пред 20 години.

  Но истовремено се поставува прашањето:  како тоа некои од најблиските соработници на Претседателот кои редовно го придружуваа при неговите посети во странство, вклучувајки го и сегашниот претседател на држава кој му беше советник на Борис, не беа во составот на  делегацијата во таа прилика? Да не ќе да е некој да им дошепнал некои работи што може, или што ќе се деси и како ќе заврши тој лет до Мостар!?

   Логично се поставува клучното прашање: што би можел да биде мотивот, односно причината за ваква страотна завера за убиство на претседател на држава, во случајов нашата држава Република Македонија!? Една од теориите е категоричното одбивање на пок. Борис Трајковски да не го потпише законот за локална самоуправо, со кој закон некои општини со мнозинско македонско нареселие, на пример Струга, Кичево, Чаир им се додадоа населени местоа со доминантно албанско население со што се промени етничката ситуација на теренот. “Ваков закон ни мртов нема да потпишам”, има изјавено во една прилика Борис! 

  За жал, се чини дека таа изјава му беше негова смртна пресуда. 

  Но времето ке покаже дали е така или не! 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top