Коментари

Седум кандидати, еден избор за спас на Македонија!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Во трката за претседателски избори во Македонија досега седумина кандидати собраа најмалку по 10.000 гласа. Според досегашните бројки, не се очекува уште некој друг од пријавените кандидати до 8 март да ги собере потребните гласови за да се најде на гласачкото ливче.

Од пријавените кандидати за избор за претседател, потребната подршка од 10.000 граѓани (или од 30 пратеници) досега ја имаат добиено Гордана Силјановска – Давкова (ВМРО – ДПМНЕ), Стево Пендаровски (СДСМ), Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција Вреди), Максим Димитриевски (ЗНАМ), Билјана Ванковска (Левица) и Стевчо Димитриевски (Гром).

Од седумте кандидати само професорката Гордана Силјановска – Давкова кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски кандидат на СДСМ, покрај партиската поддршка, успееја во еден ден да ги соберат потребните 10.000 граѓански потписи.

Во еден ден, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ доби подршка на повеќе од 27.000 граѓани, додека кандидатот на СДСМ помалку, што преставува показател какво е расположението на народот. Имено народот сака промени, бара крај на сиромаштијата, понижувањата и враќање на достоинството.

На граѓаните на Македонија им е доста од владеењето на СДСМ и ДУИ, кои за седум години владеење ја опустошија и обезличија земјата, и кои мнозинството граѓани ги внесоа во сиромаштија. Ним им е доста и од претседател кој не знаеше да се спротивстави на таквото владеење, кое доведе до зголемувањето на криминалот и корупцијата во земјата.  

Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, бара втор мандат, иако како досегашен претседател на државата, наместо да ги штити националните интереси, тој потпиша низа штетни закони за државата. Наместо правда, тој со своето досегашно претседателствување внесе немир во земјата.

Народот е свесен дека секое гласање за него преставува продлабочување на кризата, а единствен излез од неа се гледа во промена на досегашните преставници во власта.

Од страна на албанските партии и нивните кандидати не се симнува нивната националистичка реторика дека тие се автохтони и „кога ќе се отвори уставот би требало да се острани ограничувачкиот термин за Албанците 20 проценти, бидејќи биле државотфрци. Исто така,  според нив време било со нивното име да бидат во уставот и  претседателот требало да биде изгласан во Собранието, за да може да се избере претседател Албанвец.

Нив очигледно не ги интересира никој друг кој вреди да биде на позиција освен Албанец. Таквата иритантна реторика ги мобилизира Македонците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Евреите, голем дел од Албанците кои си ја сакаат Македонија и другите етнички заедниви, кои покрај незрелото и прислужничко владеење на досегашниот претседател, единствена светла точка за претседател на државата гледаат во професорката Гордана Силјановска–Давкова кандидат на ВМРО ДПМНЕ. 

Големата поддршка која што професорката ја доби од граѓаните, преставува „знак на пркос кон актиелната власт и надеж на граѓаните за промени и подобра иднина.  

Време е народот да ја симне од власт коалицијата СДС и ДУИ и да дојде на власт колицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, власт која не само што ветува туку и ги исполнува своите ветувања. Тоа ќе биде власт која знае да ги заштити своите национални интереси и да ги спроведе зацртаните проекти.

Мнозинството граѓани веќе одлучија, но вие останатите што сте неодлучни не чекајте. Не правете ја истата грешка. Сега имате седум кандидати, но еден избор за спас на Македонија!  Само, Гордана Силјановска – Давкова, може она што го зборува и да го исполни, да ги заштити националните интереси и правата на граѓаните.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top