Коментари

Александар Џеповски: АПЕЛ ДО ДИЈАСПОРАТА: ДА ПОМОГНЕМЕ НА СЛЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

1Dzepovski1

1Dzepovski1 

Александар Џеповски

Света должност е да се чува аманетот на нашите претци! И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАЈКА МАКЕДОНИЈА!

Денес на нашата Македонија и е потребна иста таква поддршка од својата дијаспора каква што ја доби во деведесеттите години кога Македонија се осамостои и кога ги правеше првите чекори како самостојна и независна држава на меѓународната сцена.

Ова е време кога македонската Дијаспора треба да тргне по стапките на своите претци. Токму сега е вистинскиот момент кога нашите браќа и сестри треба да го дадат својот допринос за Македонија.

Затоа, мои МАКЕДОНЦИ, сите Вие драги браќа и сестри со вера во Бога, кои деведесетите години ги полневте плоштадите во Австралија, Америка, Канада, Европа и Македонија, за подршка на Македонија, ве повикувам да не ги заборавиме делата на оние пред нас!

Како може дијаспората да помогне за овие и сите избори и гласања понатаму?

Многу просто и едноставно, да врши притисок секој на своите најблиски, пријатели, другари,… во Македомија  да излезат на гласање и да гласаат за правата опција што и одговара на Македонија а тоа е: ВМРО ДПМНЕ.

Затоа браќа Македонци и сите од дијаспората ВЕ ПОВИКУВАМ ВО ИМЕ НА БОГА ДА СИ ПОДАДЕМЕ РАКА И ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ ДА ГИ ИСПРАТИМЕ ВО ИСТОРИЈАТА СДС И ДУИ КОИ НАПРАВИЈА ПОВЕЌЕ ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА ОД БИЛО КОЈ ДО СЕГА.

Дојде време кога ни е потребен пресврт, кога треба да се ослободиме од баластот кој не сопнува, кога поразот треба да го претвориме во победа. Но тоа мораме заеднички да го направиме заеднички, сите, како во Македонија така и во Дијасората, да дадеме се од себе за да го сочуваме идентитетот, да ја чуваме, негуваме и градиме Македонија, бидејќи само таа мајка Македонија може да нè сака и да не чува од секакво зло.

ДА ГИ ПОВИКАМЕ НАШЃИТЕ РОДНИНИ, ПРИЈАТЕЛИ, ДА ИЗЛЕЗАТ НА ГЛАСАЊЕ НА НАРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРИ ИЗБОРИ И ДА ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА И ЗА ВМЕО-ДПМНЕ!

Бог да ја чува Македонија.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top