Коментари

ЗА ЗЛАТНИТЕ РУДНИЦИ НА АЛЕКСАНДАР, ЗА СТЕВО, НО И ЗА ПРОФЕСОРКАТА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранеше министер и амбасадор

1. ПиАр тимовите на лицето Стево Пендаровски заподенаа забележливо агресивна предизборна кампања за да го претстават него во што посветло издание како небаре од Бога пратен и даден кандидат претседател каков што нема втор. А тој пак со сето свое его и самобендисаност и во крајно лош манир на брзозборко кој во недостаток на аргументи само мавта со рацете како сообраќаец, како да е веќе во занес дека вториот претседсатлски мандат веќе му е во џебот!? Стево упорно настојува (но се лаже дека некого ќе убеди) да нагласи дека никому не згрешил во минатото, ниту пак има некаква афера за него и членовите на неговиот кабинет.

   На Стево кариерата е тесно врзана за македонската полиција каде од аналитичар беше промовиран во порт-парол (беше миленик на пок. Доста Димовска), а не знам (само можам да претпоставам) по кој основ се најде во кабинетот на пок. Претседател Борис Трајковски!?  За мене е голема енигма како тоа и Стево, но и Зоран Јолевски – кои беа нераздвојни од пок. Трајковски, не тргнаа во негова придружба во летот кон Мостар каде се случи авионскката несреќа во која загинаа и Претседателот и вкупно десет македонски души.

   Сметам дека Стево не е зрел ниту достоен за втор претседателски мандат. Особено после неколкуте глупави изјави и реакции на почетокиот на неговиот прв мандат! Па што да кажеме за изјавата: “Кога би примал 600 евра плата и јас би се иселил од Македонија”, или кога му се обраќа на бугарскиот премиер Бојко Борисов со зборовите:”Бојко љубави”! Но да споменеме и дека по приемот на благодарница на еден настан коментира во стилот: “Јас преферирам кеш (во готово)”. Иако со богато искуство во мас-комуникациите, Стево очигледно не ја научил основната лекција: дека тв камерите и микрофоните се  н е м и л о с р д н и  и “фаќаат” буквално се!!!

2. Деновиве во Гевгелија е отворен инкнлузивен парк за хендикепирани лица, а на тој чин активно учествуваа и неколку странски амбасадори.

   Овој чин повторно ја оживеа во мене една занимлива идеја што ја носам во мислите веќе неколку децении. Имено, се залагам за креирање на парк што гарантирам ќе привлече многу туристи, а би се викал ” Златните рудници на Александар” (Alexandеr’s gold mines). A eве за што се работи.

Од Кожуф планина кон гевгелиското поле од праискона тече Конска река која е  з л а т о н о с н а  река, а Филип II  Александар III таму експлоатирале злато во грумени (nuggets), што тие на лице место го топеле и ковале монети со кои ја плаќале македонската фаланга и администрацијата. Златото го ваделе од лесокот, а од кога ќе го исцрпеле оделе се подлабоко со вадење камења и потрага по песок со злато. Камењата ги ределе на брегот со што се создавале грамади, т.е. купишта од кои некои како мали пирамиди достигнувале и по десетина и повеќе метри. Дури, според некои извори, и денес постојат отвори во горниот тек на Конска река каде се топело златото и се ковале пари. Денес Конска река е запуштена, претворена во депонија за цврст отпад, а локалното население си ги користи камењата за изградба на приватни куќи.

   Но не е во прашање само златото што го експлоатирале античките македонци на Конста река. Во тој регион има еден вид дрва што ја менуваат бојата на лисјата и што е единствен пример во светот, со исклучок мислам дека ги има само и во Сингапур.

   Да резимирам, имаме фантастичен локалитет што вреди да се осмисли и презентира, а за што не треба да се загрижуваме што ќе речат и како ке реагираат јужните соседи! Златните рудници се таму, на Конска река кај Гевгелија и тоа не е “Пропаганда на Скопје”, туку неспорен факт!!!.

3. Некако синхронизирано, во ист ден и ДУИ, и албанската опозиција, но и американската амбасадорка во Мкд, Н.Е. Ангела Агелер, лансираа една теза дека: “Уставните измени можело да се донесат и пред формирањето на новата влада”!? Кандидатот за претседател А. Тарвари дури – замислите – даде рок од шест месеци да се направеле измените!? И двете политички групации на албанците го условуваат своето учество во новата влада со промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите до преамбулата. 

   За ставот на партиите на албанците во Македонија (не  “албански партии”, бидејки такви партии има во Албанија!!!) ми е сосема јасно бидејки тие од секогаш биле продолжена рака на американските интереси, но како треба да се свати изјавата на амбасадорката Н.Е. А. Агелер? Дали сценаристите на длабоката држава постануваат нестрпливи заради очигледната реалност нивното сценарио за разнебитување на Македонија да не се оствари што е очигледно заради цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ и уште некои помали македонски партии дека нема да има промена на Уставот на РМ под бугарски диктат и се додека Бугарија не ги имплементира 16те пресуди од судот во Хаг за почитување на правата на македонците во Пиринска Македонија.

   Дали опозиционите партии на албанците во РМ ќе опстојат на својот став (уцена), или нивните изјави се обичен “политички фолклор”, како што би рекол Христијан Мицкоски, ќе видиме, но очигледно е дека ни престои уште подинамичен период до, но и по, изборите.

4. Eдна кандидатка за претседател на Македонија како еден од столбовите на својата предизборна програма навестува дека – доколку победи ќе покренела постапка за излез на Македонија од НАТО!? Ај да се работи за професорка од Музичката или Ликовната академија и да не и замериме, но кандидаткава да ти била професор по безбедност и општонародна одбрана!!!

   Не знам што споменатата професорка и кандидатка за претседател ги учела струдентите, но за да промовира ваква теза или не ги разбира работите, или свесно ги искривува нештата!. Ало професорке, па зарем не сваќаш колку погрешна, па дури и опасна ти е таа теза што упорно ја повторуваш во јавните настапи. Согласен сум: и за мене е неприфатливо да бидеш приморан да го менуваш Уставот и уставното име на земјата за да постанеш член на Алијансата (и покрај фактот што сите стандарди и предуслови за прием одамна беа исполнети од наша страна), но што мисли таа (професорката) некој ќе и дозволи такво нешто? Заборава ли професорката што се ни приредија со шарените револуции, снимените телефонски разговори и што се не друго за да се сруши патриотската влада на Никола Груевски, а не пак кога сме веќе внатре – таа да ја вадела земјата од членство!? Да видиш, да не веруваш!!!

   Ало професорке, ни титанот од Втората светска војна, генералот Шарл де Гол не успеа сосема да ја повлече Франција од членство во Алијансата по големата кавга со американците за нуклеарното вооружување на Франција (САД беа против Франција да гради сопствена нуклеарна бомба настојувајки да ја убедат дека токму американците ќе ја гарантираан нејзината безбедност со нивното нуклеарно оружје). Франција се повлече од воената компонента на НАТО, но не и од политичката компонента, а претседателот Саркози повторно ја вклучи земјата и во воената димензија на Алијансата!

   Изговорен збор и јавно промовирани ставови повлекуваат адговорност, а изнесеното (од професорката во кампањата) само може да и наштети на нашата земја.

   Се надевам дека нити гласачите, а уште помалку надлежните во Алијансата нема да ја сватат сериозно дотичната професорка.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top