Коментари

КАКО ЈА ДЕЛЕА МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

Во осумдесетите години од минатиот век во рамките на Здружението на новинари на Македонија постоеше Актив на новинари дописници во кој членуваа соработници на речиси сите поважни медиуми од поранешната федерација. Доајен, т.е. најстар и најискусен меѓу нив беше дописникот на белградска Политика од Македонија Јован Поповски родум од Струга.

   При една средба на членовите на Активот на новинари дописници колегата Јован Поповски ни раскажа едно искуство од неговата пребогата новинарска и животна кариера (забелешка: Јован Поповски е првиот новинар што му jа соопшти на светот веста за катастрофата што го погоди Скопје со катастрофалниот земјотрес на 26ти јули 1963 година), што и денес ми е како ноќна мора во моите сеќавања.

   Еве за што ни соопшти јован Поповски: весникот Политика повремено ги свикувал сите свои дописници во Белград за координација и договарање на идни активности. По работните состаноци – како што бидува, новинарите продолжувале да се дружат во блиската кафана до редакцијата позната како собиралиште на новинарската фела.

   При една таква седенка, раскажуваше Јован Поповски, во негова близина седел еден белоглав човек во многу длабока старост. Старецот го прашал Јован: –  Од каде си, на што стружанецот му одговорил: – Од Македонија.

  Старецот се претставил дека бил личен секретар на српскиот премиер Никола Пашиќ и продолжил во стилот: – Да ти кажам како ја делевме Македонија!?  Според него (како што ни пренесе Јован Поповски), од кога касапите на Македонија на конференцијата во Букурешт ја завршиле за нас трагичната поделба (како што ја замислиле според барањата и апетитите на победниците во Балканските војни – Грција и кралстворто Србија, но сепак  ја “наградиле” и губитничката во војните Бугарија со Пиринска Македонија , а исто така и Албанија со Мала Преспа и Голо Брдо), по вечерата на 9ти спроти 10 август 1913 се повлекле на спиење за утредента тоа што било договорено формално и церемонијално да биде ставено на хартија и де биде потпишан злосторничкиот договор за поделба на етничка Македонија.

   Истата вечер, околу три часот, ни раскажа Јован Поповски, соговорникот му соопштил дека го разбулило силно тропање на вратата од хотелската соба. Тој (белоглавиот старец) отворил и вчудоневиден видел дека пред вратата стоел лично премиерот на Кралството Србија Никола Пашиќ. – Станувај веднаш! Имаме нова ситуациуја. му се обратил Пашиќ.

   – Па каква ситуација, зарем не е се веќе договорено, реагирал секретарот?

  Новата ситуација ја испровоцирала – кој друг ако не грчката делегација која ги убедила претставниците присутни на конференцијата големите сили (Франција Германија, царска Русија…) да се помести веќе договоената линија на разграничување што било предвидено да се простира на 30 километри јужно од Гевгелија!? За возврат, според ноќната интервенција, да се награди кралството Србија со територии на сметка на Бугарија (Пирот, Димитровград…) што бугарите ги нарекуваат “Западните предели”. И така и било: новонастаната ситуација на 10 август е парафирана со злосторничкиот документ познат како “Букурешки мировен договор” .

   Што изгубивме ние македонците со “интервенциите” во ноќта помеѓу 9ти и 10ти август 1913 година? Изгубивме многу! Генерално, со тој договор се распарчи македонското национално ткиво на четири дела и во секој дел поединечно започна невидена асимилација, однародување, погром и раселување на македонското население. А доколку не беше поместена новозацртната линија на поделба помеѓу кралствата Грција и Србија, што ја беа зацртале касапите во Букурешт ноќта помеѓу 9ти и 10ти август 1913), а Пела, Кутлеш со царските гробници на Филип II и голем дел од плодното солунско поле денес ќе беа составен дел од триторијата на Република Македонија.

   За жал, и над овој дел што ни преостана – Републиката, денес е надвиснато невидено зло спонзорирано од некои наши соседи а отворено подржано од  големите сили кои одработуваат за интересите на тие наши соседи. Тие “некои” наши соседи не можат да се помират со фактот дека на планетава земја постои држава што во своето званично име ја содржи именката Македонија и дека постои нација што се нарекува – Македонци. Но, наместо бруталната политика на уцени и условувања што беше манифестирана изминативе децении, сега нивните интереси ги застапува длабоката држава, на пример конкретно со за нас неприфатливи некакви преговарачки рамки, или со упорно инсистирање за промена на Уставот на Република Македонија. За среќа. во земјата постои политичка сила  (ВМРО-ДПМНЕ) што одлучно одбива секакви уцени, и сакам да верувам дека и малите партиички во Македонија во претстојните претседателски и парламентарни избори конечно ќе ја сватат заканата за опстанокот на нацијата, ќе ги надминат своите суети и ке застанат во единствениот фронт за одбрана на татковината!

  Патем, Јован Поповски ја опиша средбата со белоглавиот старец, личниот секретар на Пашиќ, во една од своите книги, а нам денес само ни преостанува да жалиме за тие случувања и да се свестиме дека мора да се обединиме да си го заштитиме барем ова што ни остана – Републиката.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top