Коментари

ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ЖИВЕЕ СО СВЕТЛИНАТА

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Огледало, огледалце мое, кажи на светот најсветло што е!

Ти си – и светол и свет, народе македонски, земно-небесен. Никогаш не биди плен на вештачките. Црна дупка не си, ни масивен вртеж што голта и угинува и човечност и вечност. Најсветло е светото срце на чело на твоето добро дело. Сјајна милост тоа зрачи низ порталот, со знакот: крај на мракот, за умот да зрее правични закони на разбирање и разумен развој со народите. Од предисторија мудроста зрачи  препород, обновен влез во ѕвездени неба, недопирен за наезди од приземни, загадени, лажно просветлени силувачи. Од предисторија мудроста зрачи препород, обновен влез во ѕвездени неба, недопирен за наезди од приземни, загадени ѕвезди силувачи на доброто. А доброто – најмудро владее тоа овошје на душата за здрава целина меѓу ум и универзум.

Светлината е љубов за живот. Љубовта е светлина.

Без љубов – хаос во енергијата, темнина во тајната да се биде верен на човечноста, да се чува свет интегритет. Светоста не признава раз(д)орни разлики меѓу големи и мали убавини. И материја е разиграна радост, славење на редот меѓу разлики во гравитации. Издржливо, трпеливо, народе мој,  барај, следи светлина. Низ неа – свеста е енергија покрената кон природно озаконето укажување на тие што клукаат со лажен зрак, што плукаат по Бог.

Отвори порти да влезе светлината, господар на вистината! Отвори очи, погледај кој не сака да те’ види тоа што си. Бележи кој те стега во негова смртна спрега. Учи за моќта на мудроста, за верност кон храброста, за самоодбрана – за воздржаноста да не личи на лажна улога на милост. Биди решен, барај решенија, човечни содејствија, тајни откривај. За трајно да не ветуваат вето темнините, празнините,  робството под нескротени нагони за погони на поганите. Тие загадуваат се’ живо и неживо, чинители се на беззаконија, и ринат суштини, гребат, им се чини дека чинат расчинување на космички закони. Но, квантум физиката не признава лаги, ни повисоки ни пониски вредности на димензиите. Секој ентитет и идентитет едновремено звучи и зрачи и општ и сопствен реалитет: историја во себе и вон себе.

Заштитувај сопствена топологија и топонимија, во јазикот – код, во методот – рамнотежа. Не биди неактивен, не давај да си нееднаков. Со тоа нападот однадвор се активира и ремети гравитации, те отфрла од фокус на љубовта меѓу ум и срце, небо и земја. Светлина ти разбива, те експлодира, разнесува. Динамиката на култивирање плодови на духот – од огледало на природни закони се проектира. За заштита на симетријата по патот на светлината, за истрајност на човечноста среде античовечни бури, политички авантури:  брани свои делови во целината, непрекинато зголемувај имунитет, лекувај се, чувај се од гаснење на светлината во тебе. Еднаквоста на мудроста со добрината одржува стабилен ред и мир во зраци на движењето – во човекот, во човештвото, во постоењето посебна, а заедничка убавина, слава на светлината. Биди мудар, добар, здрав и свој, светол свету мој!  

1kurt3

*Сликата Image # 82 (www.kubaiski.com), од познатиот американски сликар од македонско потекло, Александар Кукубајски беше одбрана за хуманитарната изложба на донирани слики  (20 април, хотел Изгрев, Штип), во прилог на изградба отворен рекреативен центар во Штип, за лица со посебни потреби и за корисници од општата популација. 

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top