Коментари

КАДЕ ЗАВРШИЈА НАД 30 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НАРОДНИ ПАРИ???

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

1.  Власта во заминување позната по грабежот на државниот буџет се чини ги надмина и во светски рамки познатите дикратори и институционални криминалци (крадење од институциите и буџетот) од калиброт на еден Фердинанд Маркос од Филипините, царопт Хајле Селасие од Етиопија и многу други слични ликови, а ги има и меѓу актуелните властодршци.

   Не се наситија од грабање буквално во секоја прилика што им се пружаше преку наместени тендери, зделки во четири очи и многу други “инвентивни”, a за пошироката јавност невидливи начини и форми на корупција и ајдуклок. Впрчем, како да се објасни фактот дека за седум години колку се на власт се потрошени над  30 милијарди (billions) долари, а осем некои крпеници на патиштата и завршетоци на проекти што ги започна претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, не видовме ама баш ништо.

   Толку да се мрази сопствената татковина и душмански економски и на секој друг начин да се уништува, тешко е дури и да се замисли. Но дали е тоа случајно и дали е во прашање само ненаситна алчност за богатење? Јас сум еден од оние кои не веруваат во случајности и отворено прашувам: да не ќе да е во прашање спроведување во дело на сценариото што ни го подготви одамна длабоката држава за севкупно исцрпување на Македонија и провоцирање на невозможна ситуација за нормален живот заради што е во тек масовното иселување на младите, празнење на државата, а со тоа и конечно разрешување и елиминирање на “Македонското прашање”???

  Еве еден конкретен пример како се молзи од Буџетот. Македонија на пријателска Украина и донираше 12 тенкови Т72, 12 хеликоптери од советско производство и четири борбени авиони од типот Сухој кои, патем, ги купивме во готово од истата таа Украина во конфликтот со балистите во 2001 година. Владата во меѓувреме купи оклопни возила од САД за 210 милиони долари; системи за противвоздушна одбрана од Франција за 66 милиони доалари, хеликоптери  од Италија за 250 милиони долари, а најавена е нова набавка на оклопни возила од САД за 250 милиони долари. Неслужбено се знае дека за набавка на воена опрема следи провизија (читај: рушвет) од 20%, што значи некои од владата во заминување се офајдиле за преку 150 милиони долари  н а р о д н и  пари!

  Во чии џебови завршиле тие пари? Се знае, во оние што се во власта на заминување!!!

2. Се навршија 12 години од сеуште неразјасненото убиство (12.04.2012) на пет млади луѓе кај Смилското езеро во близината на Скопје, познато како случај Монструм. Но, за неверување е дека и ден денес не е познат мотивот ЗОШТО е извршен тој злостор!?

  Во повеќе наврати имам пишувано кое е моето гледиште за овој случај што сметам дека треба да се гледа – како што би рекле инсторичарите – од временска дистанца и историски контекст. Многу теории се лансираа во јавноста   за поводот за петкратното убиство на петтемина млади чија вина била што во погрешно време се нашле на погрешно место, но ниту една од теориите не е потврдена со факти и докази! Неколкумина од учесниците во злосторот се осудени на долгогодишен затвор, но главните двајца егзекутори уживаат на слобода во соседно Косово, а нашите званичници изјавуваат дека со Косово “сме немале отворени прашања”!?

  Теоријата што ја застапувам во повеќе наврати, што се разбира не мора да е точна (!), е следната: таканаречениот Запад, или подобро речено длабоката држава  с е к о г а ш  кога саkа да го спречи напредокот на Македонија игра на албанската карта со провоцирање на инциденти, па дури и воени конфликти како оној 2001 година, “Кумановско насеље” 2014 година и сл. Убиството кај Смилското езеро се случи во април 2012 годиона, т.е. еден месец пред Самитот на НАТО  во Чикаго. Главна мантра на Алијанмсата беше  п р о ш и р у в а њ е т о, а најподготвена кандидатка за прием беше токму Македонија. На некои структури (не исклучувам влијание и од соседството) не им беше по волја токму Македонија да постане полноправна членка (надевајки се дека во меѓувреме ке можат да изнудат уште некоја концесија од македонската влада што се случи и со капитулацијата од Нивице/Преспа) и  можност да се спречи приемот видоа: да се прикаже Македонија како етнички нестабилна и проблематична земја!?

  Би сакал еден ден некој да ме демантира во ова што го презентирам, но искрено не верувам дека такво нешто ќе се случи. Впрочем, токму за тоа и не ни ги испорачуваат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово – за да не пропеат и да не се дознае вистината.

3. Во предизборните кампањи на седумте кандидати за претседател на државата беше и темата за  професионализација на македонската дипломатија. Осем што како во хор, унисоно, скоро сите проповедаат професионална дипломатија, лично мислам дека ретко кој од кандидатите е свесен што во пракса значи тоа. За мене, професионален дипломат не е секој што се води на платен список во Министерството за надворешни работи! Во изминативе триесетина години од осамостојувањето кој се од МНР не замина на мандат, т.е. на девизни јасли во странство!? За мене, профеионалноста пред се треба да се гледа во односот кон работата, посветеноста и свеста за фактот: КОЈ ВЕ ПРАЌА И КОЈ ВЕ ПЛАЌА кога сте на мандат. Со други зборови, дипломатијата е скапа работа и кога се работи за слаба економија како нашата, тогај се очекува дипломатот да даде максимум од себе за што поуспешно да ја претставува свопјата земја.

   Во мојата пракса имав прилика да работам со прекрасни луѓе токму по теркот што погоре го споменувам. Но, за жал, имав и лоши искуства што не би смеело да се помисли, а не пак да се случуваат, како на пример местенки на амбасадорот и сл. Но секако најкриминален пример беше од престојот во Виена каде во иста зграда се сместени билатералната амбасада на РМ со Австрија и нашата  амбасада на Мисијата во ОБСЕ. Таму, во Мисијата, се погоди амбасадор кој просефионалната кариера ја започнал во Министерството за внатрешни работи;  кој во една прилика се претставуваше како амбасадор на Азербејџан, кој наместо да си ја врши работата за која бил пратен и платен се распшашувал по амбасадори од нашите соседи: со кого се дружи амбасадорката од билатерала, а врв на безобразието секако е што во системот за врски во МНР бил приклучен на приватниот телефон на амбасадорката за да ја прислушкува!? Замислете???

  Хаосот во МНР е очигледен особено последниве години со актуелниот МНР Бујар Османи кој не само што ја етницира дипломатијата и надвор и дома, во министерството, туку во континуитет работи за една соседна земја, а драстично ги влоши нашите односи со друг наш сосед и важен економски партнер.

  Не можам да одолеам а да не споменам и еден многу позитивен пример. Еден од првите амбасадори на РМ во Париз, познат писател, даматург и што ти не друго од областа на културата (значи според стандардите на МНР  н е п р о ф е с и о н а л е ц(!?)/ за четири години организираше над 120 културни настани во француската метропола, а него го наследи “професионалец” од редовите на МНР кој еднаш во три месеци, наводно (според извоири од МНР) водел сметка за личната хигиена!?

  Е па судете сами кој се професионални дипломати, а кои не се професионалци!?

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top