Коментари

Александар Џеповски: Македонија мора да победи на овие избори

1Dzepovski1

1Dzepovski1 Александар Џеповски

Неспособни ставаат на одговорни позиции, со купени дипломи стануваат директори, а учените млади луѓе си одат надвор од Македонија, ова за жал е моменталната состојба во Македонија од седумгодишното владеење на ДУИ и нивните измеќари од СДС.

Дилеми нема и не треба да има, овие избори мора да го покажат гласот, револтот и вистинската слика на секој еден поединец и граѓанин на Македонија  а воедно и на сите Македонци низ целиот свет.

Со сила дојдената антимакедонска влада на СДС – ДУИ преку Калето и западните паразити си ги покажаа роговите од самиот почеток и се докажа како инструмент за уништување и бришење на Македонија и Македонецот. Најголем парадокс е фактот што секоја една нација и држава се гордее со своето минато и историја но тоа и  се забранувала и се уште се забранува на Македонија  а се спроведува преку измеќарите од насилната влада и и вршење наредби на дипстејтот.

Доколку има правда овие изроди не само што катастрофално ќе изгубат туку и ќе бидат вечно избришани како партии и на неславни ликови во Македонија кои за пусти евра и ставија и лепенка Северна. Економијата е сведена на најниско ниво а народот нема ни вода во очи, само тешки минуси од кои се диши само на шкрги.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори заедно со народот, ќе се избори за историски најголемата победа во историјата на самостојна Македонија.

Оваа победа нека биде победа за сите нас без разлика на вера и нација.

Оваа победа нека биде победа за подобра иднина на Македонија

Оваа победа нека биде против иселување на младите.

Оваа победа нека биде победа на доброто против злото.

Зато браќа и сестри во Македонија и дијаспората, Ве повикувам масовно да излеземе на гласање и да гласаме за Бр.2 и да ја спасиле Македонија од оваа аздисана влада, која последниве седум години осем корупција и распродажба на националните интереси, ништо корисно не сработија.

Да веруваме на Бога кој мора да најде начин ОВИЕ ИЗБОРИ ДА СЕ ОГЛЕДАЛО И РЕАЛНОСТ НА МАКЕДОНЕЦОТ, И СЕКОЈ ЕДЕН ЖИТЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА.

АМИН!

437570553 405679465745426 5371374894111115392 n

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top