Коментари

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија повторно горда!

2
1uv2 copy
На претседателските и парламентарните избори одржани на 24 април и 8 мај, кои поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, однесе историска победа. Професорката Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО ДПМНЕ е идниот претседател на државата, а коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места.
По тој повод сакам од името на претседателство на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и во мое лично име, за успешниот изборен процес и постигнатите резултати да им честитам на сите граѓани на Македонија, како и на сите Македонци во соседството и дијаспората.
Истовремено сакам да се заблагодарам на секој член на Унија на Ветерани, за вложениот труд и посветеноста во изборите. Исто така, сакам да нагласам дека Ветераните во сите Изборни Единици имаат голема заслуга за оваа победа. Ветераните на ВМРО ДПМНЕ укажуваат дека иднината на македонскиот народ и држава сега е во сигурни раце.
Гордана Силјановска Давкова има богато работно искуство, а Христијан Мицкоски е политичар кој седум години беше меѓу народот и го слушна гласот на народот пред да ја направи најголемата изборна програма од 1198 проекти. Претседателот Христијан Мицкоски на народот му понуди конкретни проекти, реални и остварливи. Програма слушната од устата на народот и за народот.
Со Гордана Силјановска Давкова, како претседател. и со Христијан Мицковски како премиер на државата, Македонија има иднина. Македонија ќе стане повторно горда.
Вечна да е Македонија!
Мане Јаковлески, Претседател на УВ на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top